Контакт

Култура

„Отвори го градот“ во НВО Колектив

Објавено пред

Во сабота (12-ти март), во 18 – 21 часот во поранешен Културен центар „ЦК” (булевар Илинден 38), сегашно седиште на НВО Креактив, во организација на press to exit project space ќе се случи настанот „Отвори го градот“ (Open (the) city)

dobivaj vesti na viber

Станува збор за настан кој е дел од интернационалниот проект „Архипелаго балкани“, куриран од Клаудија Занфи (директорка на aMAZElab од Милано) кој се стреми да го идентификува градот како „отворен простор, место на размена и средба, на слобода и правичност, крстопат на култури во кој индивидуата може да стане граѓанин“.Во овој проект press to exit project space е еден од партнерите заедно со Музејот на современа уметност од Сараево и  Институтот за современа уметност од Тирана. Вечерта ќе започне со промоција на публикацијата „Најнекомплетна архива” од архитектонското здружение Прва Архи Бригада  која е најновото публицистичко издание на press to exit во рамките на програмата „Нови проектни продукции од македонски автори”. Публикацијата ќе ја претстави Јане Чаловски заедно со членовите на Прва Архи Бригада. Во контекст на промоцијата ќе биде организирана и неформална трибина на која поканети гости, како и публиката, ќе имаат можност за отворен разговор во кој акцент ќе биде ставен на градот како простор за критичко делување. Во дискусијата ќе земат учество поединци и организации од независната културна сцена во Скопје a обраќање ќе има и Клаудија  Занфи која на публиката ќе и го претстави концептот на проектот „Архипелаго балкани“.Вечерта ќе биде заокруженаи со отворање на изложбата постери создадени од 40 уметници и теоретичари од Балканот и од други делови на светот. Првпат изложени во Модена (9 октомври 2010 г.), постерите се дела на уметниците Марина Абрамовиќ, Томас Хиршхорн, Раша Тодосијевиќ – Маринела Кожељ,  Тадеј Погачар, Адријан Пачи, Срџан Јовановиќ – Вајс, Павел Браила, Билјана Ѓурѓевиќ, Жанета Вангели, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Оливер Мусовиќ, Билјана Стефановска, групата „Елементи“ (Билјана Исијанин и Љупчо Исијанин) и други. По изложбата во Скопје, постерите ќе бидат претставени во Сараево (Музеј на современа уметност), Тирана (Институтот за современа уметност) и во Прага и Берлин (ТИНА Б и Интернационален уметнички фестивал „Exchange Radical Moments“).„Градот Скопје во последно време стана предмет на континуирана дискусија која во најголем дел е спроведена од македонските интелектуалци фасцинирани од неразбирливиот план за урбана ревитализација на Скопје, наречен „Скопје 2014“. Овој план, создаден во најголем дел да ја задоволи политичката агенда и амбициите на актуелната македонска влада, создаде особен контекст за дискутирање на улогата на архитектурата во општеството како и за улогата на современите културни активисти во искажувањето на мислење и  дефинирањето на критички дискурс. Политичката важност на оваа идеолошка конфронтација е исто така важна бидејќи таа произведе нова политичка енергија и гласови, но исто така ја покажа и, на многу очигледен и болен начин, поделбата која постои меѓу независниот културен сектор и државата“, вели Јане Чаловски во текстот „ Open (the) City: the reason for alternative possibilities”.„Најнекомплетнa Архива“ е публикација која функционира како читанка за работата на Прва Архи Бригада, основана во 2009 г. Нивната активност е водена од потребата да искажат проактивна улога во креирањето на рецентната архитектонска реалност.Како генерација на идни архитекти во Македонија, тие станаа едни од најпрецизните критичари на новиот урбанистички план „Скопје 2014“ кој има за цел да го редизајнира градскиот плоштад со неокласични архитектонски елементи кои се наоѓаат во спротивност со славниот план на Кензо Танге, креиран во шеесетите години на минатиот век.Содржината претставена во оваа публикација укажува на историскиот  но и сегашниот општествен контекст кој овозможува активностите на Прва Архи Бригада да се гледаат како критички, без да бидат попречени од нивните емоции или носталгија.Публикацијата е уредена од press to exit project space – платформа за кураторски и уметнички истражувачки практики и е продуцирана во рамките на проектот „Архипелаго балкани“, инициран од Клаудија Занфи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Изведбата на моќното ремек-дело „Набуко“ од Џузепе Верди во рамките на 53. издание на Мајските оперски вечери

Објавено пред

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20.00 часот во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров.

dobivaj vesti na viber

Насловната улога (Набуко) ќе ја толкува, Луис Кансино од Шпанија, во улогата на Абигаиле ќе настапи Ханјинг Цо од Кина, Николина Јаневска ќе ја толкува улогата на Фенена, Уго Тарквини (Италија) ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Џовани Пароди (Италија), во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Ана Ројдева, Дејан Стоев, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull’ali dorate“ („Летај на златести крилја”).

Прикажи повеќе...

Култура

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Објавено пред

Од

Во издание на „Бата прес“ објавен е првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик, на кој автори и редактори се осум универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниот Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот на издавачот, во вторник, во 11.30 часот. Речникот ќе го претстават рецензентката проф. д-р Весна Костовска и авторката редактор проф. д-р Елизабета Бандиловска.

Во првиот том се поместени зборовите од буквата А до буквата Ж, а авторите (универзитетските професори) и соработниците постојано работаат, така што во наредните изданија ќе бидат обработени зборовите до буквата Ш, и правописно-нормативниот речник како плод на повеќегодишен труд ќе биде комплетиран.

Овој капитален лексикографски зафат се надоврзува на повеќето изданија од овој вид, почнувајќи првиот македонски правописен прирачник Македонски правопис со правописен речник од Блаже Конески и Крум Тошев (1950) до Правопис на македонскиот јазик во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и издавачката куќа „Култура“ (2015 и 2017 година).

Автори и редактори на изданието се: Лидија Аризанковска, Елизабета Бандиловска, Снежана Велковска, Виолета Јанушева, Елена Јованова-Грујовска, Искра Пановска-Димкова, Симон Саздов, Људмил Спасов.

Соработници на проектот се Марија Антевска, Филип Белчев и Македонка Додевска.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ во Загреб

Објавено пред

Од

Во македонскиот КИЦ во Загреб во рамките на програмата по повод 145-годишнината од постоењето на Музејот на уметности и занаети – Загреб, на 13-ти мај ќе биде отворена изложбата ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ на една од најзначајните македонски графичарки, Менча Спировска. На изложбата ќе бидат претставени речиси непознати дела за хрватската јавност создадени во 1950-тите години во Загреб.

dobivaj vesti na viber

Изложбата се реализира како заеднички проект на загребскиот Музеј на уметностите и занаетите и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб по повод 145-годишнината од основањето на загребскиот Музеј за уметности и занаети. Директорката на македонскиот Културно-информативен во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, ги потврди заложбите на директорот на Музејот за уметности и занаети, Сањин Михелиќ дека со оваа изложба се промовираат вредностите на меѓународната соработка и културните врски меѓу Хрватска и Македонија, кој потенцираше дека во годината кога ја одбележуваат 145-годишнината од постоењето на Музејот ќе следи уште една исклучителна изложба на фотографии од студиото на семејството Арсовски во соработка со македонскиот Културно-информативен центар во Загреб и Музејот на Град Скопје.

Изложбата насловена ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ за првпат го претставува комплетниот уметнички опус на Менче Спировска создаден за време на нејзиното студирање во Загреб, кој што се чува во фондовите на Музејот на уметности и занаети. Централно место на изложбата е нејзиното до сега неизложено дело од областа на графичкиот дизајн, „Концептуален дизајн за рекламна туристичка брошура на Загреб“, кое сега за првпат ќе биде изложено во целост, создадено за време на нејзините студии на поранешната истакната Академија за применети уметности во Загреб, којашто оставила значаен траг во развојот на уметноста, дизајнот и визуелната култура во Хрватска.

Изложбата го прикажува и придонесот на македонските студенти на загрепската уметничка сцена во 1950-тите, а Менче Спировска зазема посебно место како посредник на културните и естетските вредности на двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Во оваа фарса убијците добиваат милост, 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин: семејството на Фросина повика на протест

„Ги повикуваме утре на протест против гнилиот судски систем сите наши пријатели, роднини и сите родители чии деца секојдневно минат...

Македонија7 часа

На Јаневска ѝ е рано да размислува за ресорот здравство: Имам толку многу да доработам во Образование во овој мандат, премиерот ќе одлучи

Премиерот и преговарачкиот тим во коалицијата ќе одлучат кој ќе биде нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари,...

Македонија7 часа

Фрчкоски реагира: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Љубомир Фрчкоски, поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, реагира по кривичната пријава за злоупотреби во...

Македонија8 часа

(Видео) Манасиевски: Таравари се интересира само за бизниси и за Груби и за Заев, досега не се разговарало за размена на ресори

Вечерва партијата ќе има редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара за обвинувањата на Таравари за...

Македонија8 часа

Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казана затвор за вакво дело, но го задржуваме правото да бараме поголема, рече обвинителот

Обвинителот Александар Марковски го задржа правото да бара поголема затворска казна од 12 години колку што денес му пропиша Основниот...

Македонија8 часа

Таткото на Фросина: Судот ги скри клучните сведоци, кои биле во возилото со Васил, едниот снимал, па ја избришал снимката

Дванаесет години казна е награда за ова најбрутално убиство во сообраќајот, изјави таткото на усмртената Фросина, Тодор Кулаков. Тој повика...

Македонија10 часа

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Во...

Македонија11 часа

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг-линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатира зачестена појава на таканаречени...

Европа12 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија12 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет13 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија14 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет14 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откога Хамас го ослободи

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел откога помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа14 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија23 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет1 ден

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет1 ден

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија1 ден

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 ден

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...