Забава
Француските хомосексуалци со пониски плати од хетеросексуалците

Француските хомосексуалци заработуваат просечно 6,5 проценти помалку во приватниот сектор од нивните хетеросексуални колеги, кои работат на исти позиции и имаат слични квалификации.
Француските хомосексуалци заработуваат просечно 6,5 проценти помалку во приватниот сектор од нивните хетеросексуални колеги, кои работат на исти позиции и имаат слични квалификации. Во државниот сектор платите се разликуваат за околу 5,5 отсто, во корист на хетеросексуалците – објави францускиот весник „Либерацион“ (Liberation).
Еден од двајцата автори на истражувањето, Тиери Лорент, кажал дека се работи за отстапување утврдено само за лицата што се декларирале како хомосексуалци. Тој и неговиот колега Ферат Михубиј, заклучоците ги темелат на истражување спроведено меѓу 904 испитаници, кои живеат со лице од истиот пол, меѓу кои 788 се вработени.
За разлика од хомосексуалците, лезбејките добиваат нешто повисока плата (+2 проценти). Податоците од истражувањето што првпат се реализира во Франција се слични со студиите изработени на оваа тема и во други земји.
Во јавниот сектор, хомосексуалците помлади од 35 години не се дискриминирани со пониски плати, но над 45 забележана е поголема разлика во примањата, отколку во приватниот сектор, дури (- 13 отсто) – пренесува Хина.
Францускиот закон за работни односи, предвидува дека ниту еден работник не смее да биде казнет, отпуштен или изложен на дискриминација, поради неговата сексуална ориентација./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Најжешката „пензионерка“ сè уште е без конкуренција: дали покажа премногу?

Познатата модна ревија на „Викторија сикрет“ повторно ги собра сите најпознати имиња во светот на манекенството. Меѓу нив е и Адријана Лима, која повторно докажа дека заслужува да носи крилја до крајот на животот, но тука е и уште една позната Бразилка, Алесандра Амбросио (44).
ALESSANDRA AMBRÓSIO A MULHER QUE VOCÊ É #VSFashionShow pic.twitter.com/EFcuBeBcaO
— bia🍸 (@dayaprker) October 15, 2025
Зачудувачката Алесандра знае како да привлече внимание дури и кога е на некои „помалку важни“ настани, но овој пат ги остави сите без здив.
Многумина ја нарекуваат и „најсекси пензионерка“, а по овие фотографии е јасно зошто.
Прво, таа прошета во смела долна облека во боја на кожа која едвај ги покрива нејзините интимни делови, а долната облека и градникот беа поврзани со испреплетен цирконски ланец.
Крилата во златна боја го надополнија сè, додека Алесандра испрати бакнежи до сите од модната писта.
Потоа ја покажа својата друга, „темна“ страна и избра црна чипкана долна облека на која додаде гламурозни крилја кои неодоливо личат на пеперутка.
alessandra ambrosio e adriana lima na sequência, a REALEZA da Victoria's Secrets bem aqui pic.twitter.com/nZW9hVUZEo
— emily, the corpse bride (@selsdorothea) October 16, 2025
Двете изданија беа совршени, а Алесандра повторно покажа дека е без конкуренција кога станува збор за изгледот.
Покрај провокативниот стајлинг, нејзините извајани мускули исто така привлекоа големо внимание и направија сè да биде спектакуларно и ефектно во режија на оваа секси Бразилка.
фото: принтскрин
Забава
Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.
Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.
ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.
Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.
Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.
Забава
Привлекуваат љубов само кога ќе ѝ го свртат грбот: дали си и ти меѓу нив

Некои хороскопски знаци мора да научат на тешкиот начин дека љубовта ќе дојде само кога ќе престанат да трчаат по неа. Само кога ќе се опуштат и ќе престанат да бараат потврда однадвор, вистинската љубов го наоѓа својот пат до нив.
Вага
Вагата често бара рамнотежа преку другите. Кога конечно ќе најдат мир во себе, се појавува некој што ги гледа такви какви што се. Љубовта им доаѓа само кога ќе престанат да им угодуваат на сите и ќе научат да се сакаат себеси.
Риби
Рибите имаат идеализирана слика за љубовта и често страдаат за погрешни луѓе. Но, кога ќе престанат да бараат „сродна душа“ и ќе почнат да ја ценат едноставноста и искреноста, тие привлекуваат љубов што е стабилна и вистинска.
Девица
Девицата често се сомнева, анализира и бара совршенство. Но, кога ќе престанат да размислуваат премногу и ќе си дозволат да чувствуваат, тогаш личноста што е токму она што им треба доаѓа во нивниот живот, без планирање или пресметка.
Вистинската љубов не доаѓа кога најмногу ја сакаме, туку кога сме подготвени за неа.
фото: принтскрин