Забава
Куче го изело палецот на газдата и му го спасило животот

Еден 48-годишен Американец му е бескрајно благодарен на своето куче затоа што тоа му го изело палецот на ногата додека спиел пијан, бидејќи најверојатно му го спасило животот, пишува Associated pres
Џери Дутет, музичар од сојузната држава Мичиген, вели дека со тоа што му го изело палецот, кучето помогнало да се открие недијагностициран дијабетес и да отпочне со лечење кое му го спасило животот.Дутет веќе подолго време знаел дека нешто не е во ред со неговото стапало, но одбивал да оди на лекар, се додека конечно не попуштил под притисокот на сопругата, која работи како болничарка. Пред да оди на лекар, тој излегол да не се напие и се вратил дома мртов пијан, по што веднаш заспал. Кога се разбудил, покрај него во креветот лежело неговото куче – териер, а на местото каде што некогаш му бил палецот, имало само многу крв. Неговата сопруга веднаш го одвела во болницата во градот Рокфорд, каде што докторите откриле инфекција на коската и веднаш му го ампутирале и остатокот од прстот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Џорџо Армани никогаш не зборуваше за љубовта, но ги помина последните моменти со него

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 91-годишна возраст, а неговиот животен партнер, Лео Дел’Орко, беше покрај него до самиот крај.
Веста за смртта на Џорџо Армани ја потврди неговата компанија, наведувајќи во објава на социјалните мрежи дека Армани „починал мирно, опкружен со своите најблиски“.
Тој цело време бил придружуван од неговиот партнер Лео Дел’Орко.
Како започна приказната со Лео?
Армани и Дел’Орко се запознале случајно во еден парк во Милано во 1970-тите. Дел’Орко го шетал кучето на пријател, кое си играло со кучето на Армани. Во тоа време, Дел’Орко, тогаш 24-годишен, работел како извршен директор за рекламирање, но набрзо започнал кариера како индустриски дизајнер, а потоа и како модел за компании со кои Армани соработувал.
Десна рака и клучна поддршка по загубата
Дел’Орко се приклучил на компанијата на Армани во 1977 година, само две години по нејзиното основање. Тој станал клучна фигура, особено откако Серхио Галеоти, партнер и соработник на Армани во тоа време, бил дијагностициран со СИДА во 1984 година. По смртта на Галеоти една година подоцна, Дел’Орко станал најголем поддржувач на Армани, и лично и професионално.
„По смртта на Серхио, тој беше најблиската личност до мене“, изјави Армани за CNN во 2022 година. „Тој ми даде неверојатна психолошка, практична и деловна поддршка. Прво Серхио, потоа Лео.“
Со текот на годините, Дел’Орко беше опишан како „десна рака“ на Армани, а денес тој ја води канцеларијата за машки стил и ги надгледува машките колекции за сите брендови на куќата, вклучувајќи ги Giorgio Armani, Emporio Armani и Armani Exchange.
Тој ја покажа својата лојалност и во јуни оваа година, кога Армани ја пропушти ревијата за машка облека за прв пат по 50 години поради болест. Дел’Орко го замени и им увери на новинарите по ревијата дека дизајнерот го гледал емитувањето и дека му се „допаднала“.
Партнерство за цел живот
Иако деталите од нивната романса најчесто ги чувале за себе, Дел’Орко ја опишал нивната врска како „доживотно партнерство“. Самиот Армани потврди во интервју за „Кориере дела Сера“ во 2024 година колку многу му значел Лео. Во таа прилика, тој покажал дијамантски прстен на левата рака, подарок од Дел’Орко.
Кога го прашале за љубовта, дизајнерот признал дека генерално бил рамнодушен кон неа, но ги нагласил силните чувства што ги имал кон Дел’Орко, за кој рекол дека живеел со него со години и дека му била најблиската личност.
Иднината на брендот Армани
Пред неговата смрт, Армани често зборувал за плановите за наследување, иако никогаш јавно не именувал наследник. Заедно со Дел’Орко, кој раководи со машката мода, внуката на Армани, Силвана Армани, која е задолжена за женската колекција, е исто така клучна фигура во компанијата.
„Ја подготвувам мојата иднина со луѓето околу мене“, изјави тој за Асошиејтед Прес во 2021 година. Во едно од неговите последни интервјуа, објавено во Фајненшл Тајмс кон крајот на август, тој беше уште поконкретен.
„Моите планови за наследување се состојат од постепено префрлање на одговорностите што отсекогаш сум ги извршувал на оние што се најблиски до мене, како што се Лео Дел’Орко, членовите на моето семејство и целиот работен тим.“
Тој заклучи велејќи: „Би сакал наследувањето да биде органско, а не момент на прекин.“
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Се нижат критики за новиот имиџ на Кејт Мидлтон: „Изгледа оштетено, многу лошо“

Кејт Мидлтон се врати на кралските должности и веднаш ги изненади сите со драстична промена на својот имиџ.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја покажа својата летна трансформација за време на посетата на Природонаучниот музеј во Лондон.
Придружувана беше од принцот Вилијам, а ова беше и нивното прво појавување по летниот одмор.
Иако сме навикнати Кејт секогаш да привлекува внимание со својот изглед и внимателно одбрани комбинации, овој пат токму нејзината коса направи сè за неа.
Принцезата драстично го промени својот имиџ и се појави со златни прамени и многу посветла нијанса на коса.
Ако им се верува на најлојалните обожаватели на кралското семејство, ова е нејзината најсветла коса досега, но и најдолга. Сепак, не им се допадна на сите.
„Никогаш немала толку грда коса“, „Изгледа оштетена“, „Ова дефинитивно е перика“, „Кејт, навистина лоши екстензии“, беа некои од коментарите.
Сепак, тешко е да се поверува дека принцеза би се одлучила за толку лоша перика.
фото: принтскрин
Забава
Згодниот актер Џејсон Момоа и со лакирани нокти и розови папучи повторно ги освои жените

Самиот крај на Филмскиот фестивал во Венеција донесе вистинско изненадување, Џејсон Момоа во необично издание.
Холивудскиот актер се појави на осмиот ден од Филмскиот фестивал во Венеција и целосно ги изненади сите.
Тој ги шокираше сите со својот изглед, токму кога мислевме дека веќе сме виделе сè на овој Фестивал.
Имено, тој прошета во специјално „барби издание“. Џејсон избра розов костум кој го комбинираше со бела кошула, традиционално раскопчана кога е тој во прашање и сандали во иста боја.
Сепак, деталите се она што го издвојува секој стајлинг, без разлика дали е за мажи или жени, а овој пат Џејсон ги имаше налакирано ноктите.
Џејсон Момоа одамна е познат како актер кој нема предрасуди кога станува збор за облекување, па затоа појавувањето во розова боја воопшто не е шок за него, а не е ни прв пат. Уште во 2019 година, тој привлече внимание кога прошета во розов смокинг од Фенди на доделувањето на Оскарите.
Фото: ЕПА