Култура
Фестивал на француски филм во Охрид

Четвртото издание на Фестивалот на францускиот филм ќе се одржи од 2 до 5 јули во Охрид. На фестивалот годинава ќе се прикажат седум играни и шест краткометражни филмови.
Четвртото издание на Фестивалот на францускиот филм ќе се одржи од 2 до 5 јули во Охрид. На фестивалот годинава ќе се прикажат седум играни и шест краткометражни филмови.На денешната прес-конференција во просториите на Министерството за култура беа објавени програмата на фестивалот и гостите кои ќе бидат присутни во Охрид.„Несомнено е дека фестивалот стана вистинска ревија на најдобрите француски остварувања кои на француската кинематографија и’ го обезбедија епитетот – мајка на филмот, во неговата естетска и драматуршка димензија“, изјави Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на РМ.„Во изминатите три години, низ изданијата на фестивалот продефилираа педесетина француски синеасти со врвно реноме, поголем број европски и светски продуценти, како и филмски наслови коишто ги освоија светските киносали носејќи ја референцата – прикажан или награден на Фестивалот на францускиот филм во Охрид. Ги слушнавме зборовите на оскаровецот Клод Лелуш, кој забележа дека ’Охрид е спектакуларна филмска сценографија на Балканот’, и зборовите на легендата на светската музика и филм, Шарл Азнавур, кој за Македонија рече дека е филмска и музичка сцена“, нагласи министерката за култура.На фестивалот во Охрид годинава ќе присуствуваат десет гости, актери, режисери, продуценти. Значајно ќе биде присуството на Жан Клод Кариер, кој во својата блескава кариера ги бележи најголемите датуми во светската филмска историја со неговите сценарија за Луиз Буњуел, Милош Форман и долгогодишната соработка со театарскиот режисер Питер Брук.„Секоја година го прикажуваме најдоброто од француската филмска продукција благодарение на селекцијата на францускиот критичар Ив Алјон. Исто така, досега организиравме повеќе дебати со режисери и актери кои беа присутни на фестивалот. Директната комуникација на македонската публика и личности кои учествувале во снимањето и продуцирањето на филмовите е главната специфика на фестивалот на францускиот филм во Охрид“, нагласи Жан-Клод Шлумберже, амбасадор на Франција во Македонија.Отворањето на четвртото издание на фестивалот, на 2 јули во Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи со проекцијата на „Анонимни емотивци“, во режија на Жан-Пјер Америс, кој ќе биде присутен во Охрид.Претходно, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје, ректорот Јордан Плевнеш и амбасадорот на Франција, Жан-Клод Шлумберже, ќе присуствуваат на прогласувањето за Doctor Honoris Causa на Жан Клод Кариер, легендата на европскиот и светскиот филм.Покрај Францускиот културен центар, во реализацијата на Фестивалот партиципираат Министерството за култура, Филмскиот фонд, Градот Охрид, регионот Долна Нормандија, Универзитетот ЕСРА, како и повеќе француски компании кои се присутни во Македонија./крај/макфакс/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.