Македонија
Хелсиншки: Предлогот Чавков да биде нов министер за внатрешни е противуставен
Хелсиншкиот комитет предупредува дека евентуалното прифаќање на предлогот на премиерот од страна на мнозинството пратеници, актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност и контраразузнавање да биде нов министер за внатрешни работи, би претставувало „јасно, свесно и недвосмислено“ прекршување на Уставот на Македонија.
Хелсиншкиот комитет образложува дека тоа не го дозволува членот 97 од Уставот, според којшто безбедносните органи мора да ги раковдат лица кои најмалку три години биле цивили.„Согласно Член 97 од Уставот на РМ, со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години. Орган на државната управа во областа на полицијата е МВР, а раководното лице е министерот за внатрешни работи. Според тоа, за да биде избран за министер, Чавков морал да биде цивилно лице најрано од април 2012 година. Имајќи предвид дека сè до мај 2013 година тој бил полициски началник, произлегува дека Чавков не го исполнува условот предвиден во Член 97 од Уставот на РМ“. се вели во соопштението на организацијата.Чавков е актуелни директор на Бирото за јавна безбедност при МВР, а од април 2012 година до мај 2013 година работел на работното место „началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР“. Комитетот потсетува дека во 2004 година, пред Уставниот суд на РМ, го оспори изборот на Силјан Аврамовски како министер за внатрешни работи. Причината за оспорувањето беше работниот ангажман на Аврамовски најпрвин како помошник директор, а подоцна (во рокот од три години пред назначувањето) и директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. „За жал, со Решение У.Бр. 127/2004, Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по ова прашање посочувајќи дека е право на Собранието да ги избира министрите во Владата и дека одлуката за избор по својот карактер и содржина претставува поединечен акт, со кој не се уредуваат односи помеѓу неопределен број на субјекти на општ начин и истиот не е пропис“, велат од Комитетот.Изборот на Чавков следува откако во вторникот вечета министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска си поднесе оставка од функцијата./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

