Надворешна политика
Јолевски-Доскоцил: Интензивна координација за решавање на предизвикот со мигрантската криза
Билатералната соработка во одбраната, начините за нејзино унапредување, предизвиците од мигрантската криза, особено за земјите на ткн Балканска рута, како и потребата за одржување високо ниво на координација и размена на информации, беа темите на кои во четвртокот во Министерството за одбрана во Скопје разговараа министерот Зоран Јолевски и неговиот австриски колега, Ханс Петер Доскоцил, кој престојува во еднодневна посета на Македонија.
Билатералната соработка во одбраната, начините за нејзино унапредување, предизвиците од мигрантската криза, особено за земјите на ткн Балканска рута, како и потребата за одржување високо ниво на координација и размена на информации, беа темите на кои во четвртокот во Министерството за одбрана во Скопје разговараа министерот Зоран Јолевски и неговиот австриски колега, Ханс Петер Доскоцил, кој престојува во еднодневна посета на Македонија.
Министерот Јолевски посочи дека во рамките на разговорите, уште еднаш беше потврдена стратегиската цел за членство на Македонија во Европската унија и НАТО. Воедно, стана збор и за предизвиците од мигрантската криза, особено за земјите на т.н. балканска рута, при што министерот изрази задоволство од досегашната координација и изрази уверување дека таа ќе продолжи и во иднина. Јолевски додаде дека Република Македонија внимателно ја следи состојбата со мигрантската криза и дека има стратегија за справување со истата. Оваа стратегија, посочи министерот, е координирана и со партнерите од Европската Унија.
Во тој контекст, министерот рече дека како резултат на состанокот во Виена и посетите на австрискиот министер на Македонија и на Грција, ќе биде подготвен заеднички документ кој ќе биде претставен на Советот на министри за одбрана следната недела. „Имајќи го тоа предвид, Македонија уште еднаш се докажа како партнер на кого Европската Унија може да смета кога се соочува со безбедносни предизвици“, истакна министерот Јолевски.
На прашањето дали се очекува ескалација на состојбата на границата ако Грција го затвори кампот Идомени, министерот Јолевски одговори дека мигрантската криза придонесе за зајакнување на контактите и соработката со Грција. „Добро е мигрантите кои се во Идомени да се префрлат во камп каде што има подобри услови за нивен престој и сигурен сум дека грчките власти тоа соодветно ќе го направат“, рече министерот и додаде дека кризата се која се соочуваме е толку голема што упатува на соработка и ниту една земја која е на ткн Балканска рута, не може самата да ја реши.
„Македонија има водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на Балканската рута за мигрантската криза, туку и во врска со Австрија и со Германија”, нагласи австрискиот министер за одбрана и спорт Ханс Петер Доскоцил.
Министерот Доскоцил порача дека не треба да ги затвораме очите пред можните терористички закани и повика на поинтензивна соработка на билалтерално и на мултилатерално ниво, како и на институционална соработка за справување со ова прашање. „Се согласивме дека во рамки на поширокиот Балкански регион постојат тенденции за радикализација и треба поинтензивно да работиме во врска со таа тема, не само на ниво на соработка на институциите, туку и со размена на информации во рамки на тие институции. Јас тука јасно препознавам подготвеност за соработка и во таа смисла сакам да изразам голема благодарност“, рече Доскоцил.
На средбата беше презентиран и еден од 15-те визири за ноќно набљудување, кои Австрија ќе и ги донира на АРМ. Во рамки на посетата на Република Македонија, министерот Доскоцил го посети и Полкот за специјални операции во скопската касарна „Илинден“ каде беше извршена и показна вежба, како и тактичко-технички збор./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.