Македонија
Хан: Слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост
Состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост која бара итно внимание, останува точка на особена загриженост за Европската комисија, особено прашањето на владиното мешање и закани против независноста на јавните радиодифузни сервиси, изјави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
„Се соочуваме со важни предизвици кои мора итно да бидат адресирани“, рече Хан во своето видео обраќање на регионалната конференција за медиуми на БИРН во Сараево.„Покрај владиното мешање, повеќе напори мора да се посветат и на политичката и финансиска независност на регулаторните тела, како и на поефективно функционирање на саморегулацијата“, рече Хан.Европскиот комесар рече дека ќе продолжи да ги притиска владите во регионот да остваруваат прогрес.„Постои потреба да се справиме и со неформалниот економски притисок врз медиумите. Ова вклучува транспарентност на сопствеништвото врз медиумите и спречување на прекумерната медиумска концентрација. Не помалку важна е и транспарентноста при владиното рекламирање“, рече Хан.Еврокомесарот потсети дека слободата на изразување и слободата на медиумите се во центарот на евроинтеграцискиот процес.„Слободата на говорот, како и информирани и професионални медиуми се неопходни за едно демократско општество. Тие се неопходни за граѓаните да можат да одлучуваат за иднината на земјата“, рече Хан.„Без нив, јавноста не може да ги процени различните опции, ниту да донесе заклучоци за лидерите. Без нив, се остава простор за растење на опасни предрасуди и погрешни перцепциии кои можат да ги поткопаат шансите за мир и стабилност“, рече тој.Регионалната медиумска конференција со наслов „Предизвици за медиумската слобода“, се одржува како дел од прославата на десетгодишнината на БИРН.Раководниот тим на БИРН, како и медиумски експерти, се собраа во босанскиот главен град за да дискутираат за клучните предизвици кои се однесуваат на овој сектор.На конференцијата беше усвоена и листа со препораки до владите на Балканот чија цел е унапредување на положбата на медиумите во регионот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра
Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме. Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, обвини СДСМ.
„Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? Станува збор за парите на граѓаните, речиси 9 милиони евра. Нека не се надева власта дека молкот може да ги спаси, одговорност за криминалот ќе има. Тоа што ДПМНЕ одговара во име на институциите е дополнителна потврда дека криминалните шеми се направени во Белата палата. Затоа ги знаат сите детали за тендерите. Ова што се случува во Македонија е организиран грабеж за испумпување на парите на граѓаните преку наместени тендери во едни исти фирми. Тоа е истата криминална шема на Никола Груевски кој испупмпа 2 милијарди евра а денеска е бегалец од правдата. Ученикот Мицкоски само го прави она што научил од неговиот ментор и учител“, велат од партијата.
СДСМ најави дека ќе продолжи со факти, со докази, со аргументи и документи да го разобличува криминалот на владата на Мицкоски.
„Јавното обвинителство, ДКСК, сите институции треба да се вклучат, да направат независна истрага и да делуваат. Работата сè уште не е завршена“, велат од СДСМ.
Македонија
Без струја делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 15 – Припор. ( општина Кисела Вода )“, информира РЦУК.
Македонија
Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи.
Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица.
Тие се приведени поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје.

