Забава
Тригодишната реставрација на лондонскиот хотел „Savoy“ чинеше 250 млн. евра
Новиот лустер од кристал мурано од типот „шампањ бар“ украсен со орнаменти во облик на златни ливчиња и „кралскиот апартман“ во кој ноќевањето чини 11.500 евра, се дел од легендарниот лондонски хотел „Savoy“, кој беше отворен во неделата по тригодишното обновување кои чинело 250 милиони евра
Првиот гостин во обновениот „Savoy“ беше британскиот актер Стивен Фриј, кој до хотелот се довезол со луксузен „Rolls Royce“. Управата на хотелот го дочекала во големото предворје во кое се зачувани арт-деко ентериерските карактеристики и покрај повеќегодишната реставрација. „Не сакавме да го измениме Савој, туку само да го реставрираме, настојувајќи да ја зачуваме британската оставнина“, изјавил директорот за продажба Сајмон Гилкес.Во аголот во кој во текот на Втората светска војна свирел Џорџ Гершвин, поставен е шампањ-бар, украсен со орнаменти во облик на златни ливчиња кој чини 40 илјади евра. Во хотелот се доградени 38 апартмани, меѓу кои и „кралскиот апартман“ кого британските медиуми го опишуваат како „мала палата“ со големина од 325 квадратни метри, во кој ноќевањето чини 11.500 евра. Ентериерот во сите 268 хотелски го задржал старинскиот дух типичен за англиската патина. „Savoy“ е инаку првиот лондонски ходел од делукс категорија. Отворен е во 1889 г. во самиот центар на градот и е првиот хотел кој бил снабдуван со електрична енергија и го имал првиот лифт. Неговото значење за Лондон, Англичаните го изедначуваат со значењето што екстравагантниот „Ritz“ го има за Париз. Се разбира, не треба ниту да се споменува дека уште од самото отворање „Savoy“ го посетиле најславните светски личност на своите епохи, од државници до славни актери, рокери и уметници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,