Контакт

Култура

Лувр најпосетен музеј на светот

Објавено пред

Парискиот музеј Лувр минатата 2011 година бил најпосетениот музеј во светот, покажа истражувањето на музејот Art Review.

dobivaj vesti na viber

Музејот Лувр ланската година го посетиле речиси 8,9милиони луѓе, што претставува пет отсто повеќе отколку претходната 2010 година. Оваа бројка, исто така, е рекордна досега.

Во периодот од 2008 до 2010 година Лувр годишно имал околу 8,5 милиони посетители. Најмногу се регистрирани туристи од САД , Бразил, Италија, Австрија и Кина.

Вкупниот број посетители на музеите во Франција бил 27 милиони луѓе или пет проценти повеќе од 2010 година.

На второ место според посетеноста е њујоршкиот музеј Метрополитен со 6 милиони посетители, Од третото до петтото место рангирани се британските музеи – Британскиот музеј (British Museum) со 5,85 милиони посетители, Националната галерија со 5,25 и Тејт Модерн (Tate Modern) со 4,8 милиони посетители.

Лувр се наоѓа на првото место меѓу најпосетените музеи во светот од 2007 година, од кога Art Review почна да го прави ваквото рангирање. Коментирајќи ја листата, заменикот главен уредник на весникот, Хавиер Пес, вели дека воопшто не претставува тајна зошто славниот француски музеј е најпосетениот секоја година. „Меѓу другите уметнички богатствата, тој е домот на Мона Лиза“, вели Пес.

Меѓу првите според посетеноста музеи во светот се наоѓаат и Националната уметничка галерија во Вашингтон, Националниот музеј во Тајпеј, Центарот Помпиду во Париз, Националниот корејски музеј во Сеул и парискиот Музеј Доресеј.

Бројот посетители во светските музеи општо е зголемен минатата година, се потенцира во написот на Art Review./крај/афп/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

Објавено пред

Ленче Делова – актерката со која пораснаа генерации гледачи и која остави длабока трага во македонскиот театар и телевизија, почина вчера на 15.02.

dobivaj vesti na viber

Родена на 15 јуни 1948 година во Скопје, Делова својата актерска кариера ја започнала на само 16 години во Драмскиот младинско-детски театар, денешен Драмски театар – Скопје. Од 1970 година станува редовна членка на ансамблот, останувајќи му верна на театарот сè до пензионирањето во 2013 година.

Во текот на својата богата кариера освои бројни признанија, меѓу кои и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ во 2006 година, како и престижната награда „13 Октомври“ за улогата на Офелија во претставата „Хамлет“ во 1978 година.

Нејзиниот сценски опус е обемен и разновиден. Публиката ќе ја памети по улогите во претставите „Дундо Марое“, „Ништо“, „Егор Буличов и другите“, „Хамлет“, „Рибарски караници“, „Солунски патрдии“, „Виктор или деца на власт“, „Ивона, кнегиња бургундска“, „Игранка во времето на Лунаса“ и „Ни ќар, ни зијан“.

Но за многумина, Ленче Делова беше најпрво – ликот од детските телевизиски серии со кои растеа цели генерации. „Ајде да се дружиме“, „Чук-чук, Стојанче“, „Во светот на бајките“, „Македонски народни приказни,  како и ТВ-драмите „Илинка“, „Илинден“ и „Од денес за утре“, се само дел од остварувањата што ја направија блиска и сакана во домовите низ Македонија.

Со својот специфичен и автентичен сценски сензибилитет, Делова остави траен белег и во ТВ-драмите, радио драмите, сериите. Нејзиниот лик останува дел од колективната меморија – како топол глас, како мајчинска фигура, како присуство што нè учеше на емпатија и игра.

Илустрација: Горан Марковски (Фб страна: Ѓорѓи Колозов)

Прикажи повеќе...

Култура

Љубов, серенади и поезија во срцето на Дебар Маало

Објавено пред

Општина Центар и годинава е домаќин и покровител на традиционалната манифестација „Дебармаалски средби и серенади“, која се одржува по повод празникот на виното и љубовта, во организација на здружението „Гороцвет“ и Здружението на пензионерите од Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, каде што градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со познатиот уметник Живко Поповски-Цветин и присутните граѓани, симболично закрои лозово гранче и испрати порака за љубов и мир.

„Центар ќе продолжи да ја поддржува оваа прекрасна традиција, која нè враќа во старите убави времиња на серенади, поезија и романтика. Дебар Маало и денес е место каде што се негуваат дружењата, уметноста и културата. Наша обврска е да ги чуваме овие вредности и да ги пренесуваме на идните генерации“, рече Герасимовски.

Програмата продолжи со поетски рецитал, староградска музика и прошетка низ дебармаалските улички и ресторани. Со поддршката на ваквите културни настани, Општина Центар ја потврдува својата посветеност на зачувување на традицијата, културното наследство и автентичниот боемски дух на Дебар Маало.

Прикажи повеќе...

Култура

Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

Објавено пред

Кога уметноста и хуманоста ќе се спојат, резултатот е вистинско ремек-дело.

dobivaj vesti na viber

Полна сала, насмевки и громогласен аплауз во Театар Комедија го одбележаа изведувањето на претставата „Олд Сејбрук“, првата за која компанијата Mozzart им делеше бесплатни билети на граѓаните.

Со оваа фантастична комедија започна проектот „Театарот на хуманоста“, кој има двојна цел – да им овозможи на љубителите на театарот да уживаат во претстави без да купуваат карти, а истовремено да поттикне хуманост преку донации за Банката за храна на Македонија.

Посетителите добиваа флаери со број за донации, а секоја испратена порака значеше бесплатен оброк за оние кои не можат да си го дозволат.

„Прекрасно е што секој има можност да дојде и да ја погледне претставата, а истовремено да направи добро дело,“ порача актерката Маја Љутков, која ја толкува една од главните улоги во претставата.

Од компанијата Mozzart велат дека ова е само почеток: „Успешно ја започнавме реализацијата на проектот ‘Театарот на хуманоста’. Целта е љубителите на театарот да уживаат во културни содржини, а истовремено да донираат за хуманитарни цели. Првата претстава помина одлично, а веќе се подготвуваме за следната,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Фактот дека картите беа поделени за само половина час зборува за огромната љубов на граѓаните кон театарската уметност. Токму затоа Mozzart најавува уште неколку бесплатни претстави, продолжувајќи да ја поддржува културата и хуманоста.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Култура6 минути

Која беше Ленче Делова – актерката од „Чук-чук, Стојанче“ и „Во светот на бајките“ со која растеа генерации

Ленче Делова – актерката со која пораснаа генерации гледачи и која остави длабока трага во македонскиот театар и телевизија, почина...

Европа14 минути

(Видео) Чесите протестираат поради претседателот во повеќе од 400 градови и општини

Илјадници луѓе се собраа вчера во повеќе од 400 градови и општини низ Чешка во поддршка на либералниот претседател Петр...

Свет54 минути

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа60 минути

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа2 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет2 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија11 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија14 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија17 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија19 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија19 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија21 час

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет1 ден

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија2 дена

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија2 дена

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија2 дена

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија2 дена

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија3 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...