Македонија
Локвенец: Информациите за кумановскиот инцидент службите ги доставиле до државниот врв

Сите собрани информации Агенцијата за разузнавање ги доставила до врвот и раководството на државата, изјави Претседателот на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање од редовите на СДСМ, Хари Локвенец кој ја посети Агенцијата за разузнавање.
Тој се интересирал за сомнежите кои веќе се појавија во јавноста околу вмешаноста на функционери од Агенцијата за разузнавање во случајот на Дива населба во Куманово, но не откри детали.„Најважниот дел по ова прашање е начинот на функционирање на Агенцијата и нејзино доставување на сите потребни и сите колектирани собрани информации до надлежните институции, до врвот на државата. Останатите активности се поврзани со врвот на државата и тоа е нешто кое не би коментирал во овој момент. Исто така, не би ги коментирал ни деталите околу активностите на Агенцијата за разузнавање. Во секој случај потврдено беше и уверени бевме дека сите собрани информации од нивна страна биле пренесени до врвот и раководството на државата“, изјави Локвенец.Оценувајќи ги безбедносните ризици Локвенец рече дека во глобални рамки, безбедносни ризици секогаш постојат. Средбата е остварена на покана на директорот на Агенцијата за разузнавање и со цел информирање на членовите на парламентарната Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавaње, за безбедносните закани и ризици со коишто се соочува Република Македонија.„Со оглед на чувствителноста на темата, секако дека не би соопштувал детали, но можам да кажам дека од моја страна и од страна на моите колеги беа отворени прашања што во изминатиов период предизвикуваат сериозна загриженост кај граѓаните, токму од аспект на безбедноста. Од страна на службите на Агенцијата за разузнавање информирани сме дека тие редовно и навремено ги спроведуваат до надлежните сите информации со кои располагаат. Само да биде јасно, целта на посетата беше одговор на покана на тема “безбедносни ризици“, не беше да се изврши надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка, следење на комуникациите. Тоа е во надлежност на другата собраниска комисија“, појасни Локвенец./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.