Забава
Брижит Бардо ќе се кандидира за претседател на Франција?
Никола Саркози е драмата на мојот живот, изјави француската кинолегенда Брижит Бардо за телевизијата ЕрТеЕл и предупреди дека никогаш повеќе нема да гласа за него.
Никола Саркози е драмата на мојот живот, изјави француската кинолегенда Брижит Бардо за телевизијата ЕрТеЕл и предупреди дека никогаш повеќе нема да гласа за него.
Во август, актерката изјави дека „и е дојдено преку глава” и дека е разочарана и лута од однесувањето на францускиот претседател.
„Бидејќи вие го правите спротивното на тоа што велите и вашите министри ја кријат вистината од Французите (за тоа што не е усвоен Закон за успивање на животните пред колење), јас размислувам да го прифатам предлогот на Еколошката алијанса да бидам нивен кандидат на претседателските избори во 2012 година. Неопходно е да го кренеме гласот во заштита на животните, бидејќи сите, како од левицата така и од десницата , не прават ништо , изјави Бардо.
Членот на Еколошката алијанса Антоан Уаштер смета дека таа е најдобар човек кој може да ги претставува.
Во последно време 76-годишната Бардо, која беше секс симбол во 60-тите години на минатиот век, е поактивна од било кога. /крај/ бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дали имате спуштени очни капаци: со еден трик, нема да имате проблем со нанесување шминка
Многу девојки со спуштени очни капаци честопати не сакаат да носат шминка, мислејќи дека нема да биде забележлива на нив.
Сепак, тоа не мора да биде случај, а триковите за шминкање можат да ви помогнат.
Ако ја нанесете шминката на очите на правилен начин, ќе ги истакнете уште повеќе, а никој нема да може да му одолее на вашиот поглед.
Сè што ви треба за да создадете „заводлив“ изглед на шминка е памукче. Да, добро прочитавте.
Превиткајте го памукчето на половина, потоа ставете ја „полукружната“ страна веднаш над очниот капак и нанесете потемна нијанса веднаш над работ. Иако нијансата е потемна, обидете се малку да ја изблендирате, а потоа повлечете потенка линија во продолжението.
Потоа, ставете ја другата, рамна страна од памукчето на аголот на окото, која ќе служи како линијар, така да се каже, и користете ја истата нијанса за да создадете линија што ќе ја поврзете со онаа нацртана погоре.
Наполнете ја внатрешноста со нешто смело, како светкава сенка за очи, додадете маскара и/или вештачки трепки и сте подготвени.
Знаеме дека во вакви ситуации, сликите зборуваат погласно од зборовите, затоа погледнете го видеото за да го видите целиот процес:
Забава
(Видео) Колку капути има кралицата Летиција: еден и е омилен и го носи секоја година
Кралицата Летиција од Шпанија нема конкуренција кога станува збор за стил и елеганција, па затоа е една од најдобро облечените жени во Европа. Секое нејзино ново појавување е приказна сама по себе и таа секогаш воодушевува со некое модно парче.
Сега таа воодушеви во Мадрид за време на официјалната посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер кога блесна во црна наметка по 14-ти пат.
Под наметката што беше „рециклирана“, кралицата Летиција имаше асиметричен црвен фустан и салонки со ниска потпетица во малку потемна нијанса од фустанот. Се чини дека Летиција дефинитивно го претпочита овој модел на обувки пред сите други.
Сепак, пелерината го украде целото внимание, а фактот дека ја носеше во февруари оваа година, како и во претходните години, покажува дека ова парче е задолжително за секоја жена во текот на зимата.
Кралицата го комбинираше и со подолги и со пократки фустани, а наметките совршено одат со фармерки.
Забава
(Видео) Дамското издание на Кејт Мидлтон е за секоја пофалба
За време на посетата на добротворната организација за ментално здравје на децата „Ана Фројд“ во Северен Лондон, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, одлучи да облече креација која е украсена со минимализам.
Станува збор за фустан од британската дизајнерка Емилија Викстед кој комбинира класична елеганција со пепито дезен. Самиот фустан ја нагласува витката фигура на Кејт, а еден детаљ – висока јака – му дава доза на елеганција.
Треба да се напомене дека таа веќе го носела овој дел од облеката за време на самостојната посета на Универзитетот Харвард во 2022 година.
Стајлингот го комплетираше со сиви чевли, дискретни додатоци и брановидна фризура. Забележлива беше и блескавата насмевка што го комплетираше изданието на омилената кралица на светот.

