Забава
Черчил дал наредба за убиство на Мусолини
Британскиот премиер од Втората светска војна наводно издал наредба за убиство на италијанскиот фашистички лидер, за да ја прикрие тајната преписка што ја воделе во текот на војната, открива француски историчар
Седумдесет иосум-годишниот Пјер Милза, кој инаку има италијанско потекло, во неговата најнова историска книга „Последните денови на Мусолини“ Les Derniers Jours de Mussolini, се навраќа на веќе познатата историска шпекулација дека британскиот премиер Винстон Черчил сакал италијанскиот фашистички водач Бенедето Мусолини да биде ликвидиран пред да биде изведен на суд, за да не прозборе за врските меѓу Италија и Британија во текот на Втората светска војна во која двете земји беа на спротиставените страни.Претходно, на Јалта, лидерите на тогашните суперсили Британија, САД и СССР, Черчил, американскиот претседаел Теодор Рузвелт и советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин во февруари се договориле дека на Мусолини како и на германскиот фашистички фирер Адолф Хитлер и на нивните помошници ќе им биде судено. Меѓутоа, италијанските партизани го фатиле Мусолини во Донг на 27-ти април и следниот ден го стрелале. Како што според истражувањата на Милза рекол генералот Кадорна, кој ја пренел наредбата за стрелање, постоел страв кај Черчил за откривање на тајната преписка меѓу двајцата. Исто така, постоело и страхување дека судењето на Мусолини би можело да се претвори и во судење на целиот италијански народ.Чантата со тајните документи што Мусолини ја имал кај себе во моментот на апсењето никогаш не е пронајдена, а од порано се изнесени претпоставки дека во нив биле материјалите од тајна преписка со Черчил, па така за оваа претпоставка нема докази.Милза инаку во книгата потсетува дека Черчил бил одушевен со фашизмот кон крајот од 1920-те и смета дека сакал да се забошоти тој податок. Во јуни годинава беше објавено дека наводно овие материјали биле закопани во актен-чанта северно од езерото Комо над Милано, во близина на местото каде бил уапсен фашистичкиот дуче и неговата љубовница.Меѓутоа, натаму во својата книга Милза ги разработува и теориите зошто Чирчил во август 1951 г. одбрал да летува токму во Италија. „Можеби навистина тој отиде таму само за да слика. Тоа е веродостојно, сепак, тој беше таму и од друга причина. Како што се знае, во езерото беа фрлени сандаци со голем број документи и предмети и најверојатно тој се интересирал за нив. Не можеме целосно да ја исклучиме оваа теорија“, пишува Милза.Овие тврдења за отворените восхитувања на Черчил од политичкото дејствување на Мусолини и наводното барање од 1940 г. па и подоцна, да склучи пакт со Италија, се добро познати и тие се наведени и во две претходни книги на Чарлс Вајтинг и Глен Б. Инфилд за Ото Скорцени, командант на врвните командоси на Хитлер, познатиот спасител на Мусолини од Алпите, кој токму во 1951 г. во Италија се сретнал со Черчил, а на своите СС соборци во затворот им се исповедал за некакви тајни писма. Но писмата кои ги публикува Чарлс Вејтинг во својата книга одамна се прогласени за неверодостојни, бидјеќи, што е основно – Черчил во 1940 г. не бил британски премиер и на писмата нема негов своерачен потпис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

