Компании
Промовиран новиот Audi Q2
Младешкиот и провокативен нов модел Q2 од Audi, дополнет со комплетната високотехнолошка опрема вградена во контролната табла на возилото, беше претставен пред публиката на автомобилскиот саем во Женева.
Без разлика дали се користи за офроуд авантури или за секојдневно возење низ град, дефинитивно Audi Q2 е мултифункционален тип на возило. Уште на прв поглед, со широчината и аголниот стил, Q2 зрачи со енергија и доверба. Линијата на покривот и ниските стакла на спортскиот автомобил му даваат купе-изглед, возилото е насочено кон патот и доминира со него. Особено впечатливи се закосените светла, високата позиција на маската, како и великодушната големина на решетката за воздух.
Задниот дел има динамична појава со долг спојлер и дифузер со заштита на подножјето. Под задната врата се наоѓа голем багажник со многу простор за спортска опрема или за сместување на купените работи после добар шопинг. Отворањето и затворањето на задната врата со копче е достапно како опција. Практичната функција на карго-преминот преку задната клупа во голема мера го олеснува транспортот на скии или на полици.
Формата ја следи функционалноста и во внатрешниот дел на возилото. Позицијата на возачкото седиште е спортска и ниска како кај Audi седан, но целата прегледност е многу добра како кај секој SUV модел. Во поглед на поврзаноста, Q2 нуди технологии од највисока класа. Возачот може да користи опционален екран осетлив на допир за да се движи низ јасно структурираното мени, додека патниците може да сурфаат користејќи паметни телефони, таблети и други мобилни уреди преку бежичниот интернет.
Брзинометарот и вртежометарот блескаат во целосно дигитализираната контролна табла на Audi Q2, чијшто 12,3 – инчен екран емитува брилијантна и многу детална графика. Горниот екран ги прикажува клучните податоци за возилото, вклучувајќи ги и инструкциите за навигација и брзината на движење, кои се прикажуваат во директна линија на видното поле на возачот. Доколку возачот сака, Audi онлајн сервисот може на екранот да прикаже и дополнителни информации, како на пример слободни паркинг места, цени на горивата или најновите вести. На истиот начин избраните содржини од паметните телефони можат да се прикажат на екранот во возилото. Сето ова е можно благодарение на сим картичката која што трајно е инсталирана во Q2. Бесплатна апликација овозможува да се преземат податоци од интернет и на корисниците им овозможува да ги пренесат од паметниот телефон на екранот во автомобилот. Ако паметниот телефон има iOS оперативен систем, корисниците имаат опција да ја префрлат адресата на омилениот ресторан или хотел директно во системот за навигација на Q2.
Системот кој автоматски го сопира возилото, во кризни ситуации во градски услови доаѓа стандардно. Згора на тоа, ако се внесат соодветните ознаки, автомобилот со помош на адаптивниот темпомат ќе го одржува наведеното растојание од возилото напред, ќе ги надгледува мртвите агли, ќе ги препознава сообраќајните знаци и ќе ја одржува брзината на 60 километри на час. 4,19 метарскиот SUV автоматски паркира, без разлика во која насока е свртен и може сам да излезе од паркинг просторот. Возачот единствено треба да ги внесе податоците за брзината, забрзувањето и сопирањето.
Растојанието од подлогата изнесува 20 сантиметри, па новиот Q2 се приспособува условите и се движи низ падините без никаков напор. Популарниот Quattro погон на сите тркала ја пренесува моќта од моќните мотори и ја обезбедува потребната потпора и влечна сила, без разлика дали во Q2 е вграден дизелски или бензински агрегат. Моторите се во одлична координација со новоразвиениот седумбрзински автоматски менувач. Со молскавична бризина, двојната спојка ги менува степените на пренос за потполно задоволство при возењето. Audi го испраќа Q2 на неговата премиера со шест мотори, три TFSI и три TDI мотори со излезна моќност од 85 kW (116 КС) до 140 kW (190 КС).
Компактниот SUV Audi Q2 пристигнува во салоните на Audi оваа есен. После тоа, не постои ништо што може да ги спречи забавните тест возења. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

