Забава
Каталонија ја забрани коридата
Каталонскиот парламент во сред го узвои законот за забрана на коридата која стапува на сила од 1-ви јануари 2012 г., јави AFP
Каталонија е вториот шпански регион кој ја забрани коридата, откако тоа го сторија Канарските острови уште во 1991 г. Забраната во парламентот на Каталонија е донесена со 68 гласови „за“, 55 „против“ и девет воздржани.Регионалните пратеници ја усвоија иницијативата со која беше побарана забрана на овие „варварски“ претстави, акко што стоело во предлогот, а петицијата за забрана на коридата која е дел од шпанскат традиција ја потпишале 180 илјади лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Објавен портретот на принцезата Кејт, фановите ужасени: „Дали е ова шега?“
Кралот Чарлс објави нов портрет, а сега портретот на Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на магазинот „Татлер“ за да „ѝ оддаде почит на нејзината храброст“, и тоа два месеца откако принцезата од Велс во видео објави дека има рак.
Портретот го насликал британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела разни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.
Сепак, обожавателите на кралското семејство не беа воодушевени од портретот на нивната омилена принцеза. „Ова изгледа како дете да го нацртало“, „Кога стана Азијка?“, „Каков страшен портрет на толку убава жена“, „Дали ова е шега?“, се само дел од коментарите.
Инаку, и кога Чарлс го откри својот портрет, на социјалните мрежи бргу почнаа со исмејување.
Забава
(Видео) Деми Мур целосно се соблече за новиот филм: „Тоа беше многу ранливо искуство“
По години одбивање улоги, Деми Мур глуми во филмот „Супстанција“. Филмот ја имаше својата премиера во Кан, а актерката проговори за новото искуство во снимањето.
„Тоа беше многу ранливо искуство и бараше многу чувствителност и многу разговор за она што се обидувавме да го постигнеме“, коментира Деми Мур, која во филмот игра позната дама во пад.
Улогата на зависник, кој користи дрога на црниот пазар, е приказна за самоприфаќањето. Во филмот Мур користи репликатор на клетки за да создаде помлада и подобра верзија од себе, но мора да помине половина од своето време во мирување за да може помладата верзија да напредува.
Споредувајќи го своето тело со новата верзија на себе, Мур открила дека снимањето е емотивно искуство, кое не би било толку добро доколку не се поврзела толку добро со актерката Маргарет Квали.
„Имав некој што беше одличен партнер и со кој се чувствував многу безбедно. Очигледно бевме прилично блиски и голи, а исто така многу се разбравме во тие моменти за тоа колку се апсурдни овие одредени ситуации. На крајот на краиштата, се работи само за навистина канализирање на вашата комуникација и меѓусебна доверба“, рече Мур.
Забава
Заборавете на Ричард Гир, сега неговиот син мами воздишки во целиот свет
Згодниот син на Ричард Гир го залуде светот откога се појави во јавноста. Познатиот актер на Канскиот филмски фестивал пристигна со својот најстар син, 24-годишниот Хомер, и со сопругата, публицистот Алехандра Силва.
Таткото и синот носеа речиси идентични смокинг-костум, а помладиот Гир ги привлече сите погледи со својот изглед. Ричард го доби Хомер во 2000 година со поранешната сопруга Кери Лоуел. Двојката се венча во 2002 година по неколку години врска и се разведе во 2016 година.
Ѕвездата на филмот „Згодна жена“ со Алехандра има уште два сина, Александар (5) и тригодишно момче, чие име сѐ уште не е јавно објавено. Силва го има и синот Алберт Фридланд, кој го доби со поранешниот сопруг Говинда Фридланд.