Контакт

Култура

Отворена изложбата со дела од Личеноски

Објавено пред

По повод јубилејот 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски, синоќа во Даутпашиниот амам при Националната галерија на Македонија беше отворена изложба со негови дела

dobivaj vesti na viber

Изложените дела се дел од донацијата од 160 слики кои семејството на основоположникот на македонската ликовна уметност ги отстапи на Република Македонија.„Донацијата која по својот импозантен број и издржан квалитет е реткост во национални рамки и пошироко, семејството на авторот ја подари во трајно владеење на Република Македонија и конкретно по лична желба на авторот во трајно наследство на Националната галерија на Македонија“ – истакна Маја Крстевска, директорка на Националната галерија на Македонија.„За нас во Националната галерија на Македонија беше вистински предизвик достојно да го одбележиме јубилејот 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски, творецот кој во сите пори на своето битие го чувствуваше родното македонско поднебје и во сите потези на неговата четка го славеше секој миг од животот“.„Ликовниот и естетскиот квалитет во неговото творештво е неспорен и многупати е оценет од стручната критика како најавтентичен ликовен автор од основоположничката генерација македонски уметници со највисоки оценки за неговото потенцирано чувство за боја, експресивен гест и генијална поставеност на сликата“ – нагласи Крстевска.Исклучителната донација е редок настан по големина и квалитет во Република Македонија. Таа е несебичен акт на наследниците на Личеноски кон Република Македонија, а по желба на авторот. Лазар Личеноски заедно со Никола Мартиноски, Димитар Пандилов Аврамовски и скулпторот Димо Тодоровски се основоположници на македонската модерна ликовна уметност.За личноста и творештвото на Лазар Личеноски беседа одржа Владимир Георгиевски, сликар, универзитетски професор и член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.„Делата што се пред нас се неодминлив дел од темелните вредности на македонската современа ликовна уметност. Под нивниот знак се слави слободата на човечката личност. Таа го покажува духовното ослободување од светот и од неговите нужности. Мојот учител Лазар Личеноски ме учеше дека секој ученик, па со тоа и секој човек, има пиле вгнездено на левата страна во неговите гради. И тоа мора постојано да пее. И само низ таа песна, не учеше тој, се создава сликата за ослободувањето на духот од прангите на земното вистинито“.„Од другата негова страна, на ова земно вистинито, е убавината во долината на солзите. Ете зошто вистинскиот пат на творецот води кон космосот, а не кон површината на светот“.„Откривајќи ја својата духовна вертикала, со сите нејзини етички и естетски функции, Лазар Личеноски го вгради своето сликарско дело во македонската култура како белег на нејзината самобитност и на нејзината неповторливост. Таквиот творечки чин е доживување на внатрешна сила низ која привидот што не опкружува е пресоздаден во вистина за непобитното постоење на убавината“.„Кај мојот учител Лазар Личеноски учев дека во тоа што се учи и во тоа што се живее и што се слика, ако нема вистина, тогаш е залуден сиот труд. Во делата изложени во Националната галерија, сликарските елементи, меѓу кои особено значење има бојата, не се внатрешна декорација на делото, туку тие се неговата вистина. Тоа е победа врз минливоста. Така се создава стилот. Дарбата, зборуваше тој, е само еден отсто, а останатото е жестока работа“.„Која уметност не почива на силното внатрешно преиспитување на сите вредности. На тој пат за Лазар Личеноски традицијата ќе биде постојано осознавање. Низ неа тој ја дефинира сопствената слобода, сопствената мерка, сопствената разумност и независност“.„Творецот сам ги воспоставува законите на кои им служи и тогаш кога на нив ништо не го обврзува. Тогаш облиците во сликата сами се сложуваат, како според некаква нужност, подеднакво неприкосновена како онаа според која се движат ѕвездите, или растат дрвјата. Мојот учител ме учеше дека сè што постои на овој свет е поврзано меѓусебе. Кога ја насетив таа вистина разбрав дека токму од таа поврзаност живописецот создава совршенство и жива убавина“.„Со одбележувањето на јубилејот на големиот Лазар Личеноски, го одбележуваме и отрајувањето на неговата уметност, а низ неа и отрајувањето на нашата култура“.„Творечкиот пат е подвижнички и страдалнички, но тој секогаш е ослободување од секоја потиштеност, пишуваше Николај Берѓаев. Среќен сум и горд што бев ученик на Лазар Личеноски“ – рече Владимир Георгиевски.Изложбата за отворена ја прогласи министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.„Кога сликам во живо ги исклучувам ефектите на сонцето и ја нагласувам изразноста и  обликовните можности на бојата. Сигурна сум дека многумина го паметат ова славно искажување на големиот поет на македонскиот пејзаж. Најавтохтониот и најавтентичниот ликовен творец од постарата генерација, авторот кој во своите слики, монументални мозаици, фрескоживопис и таписерии оствари основоположничка улога – големиот Лазар Личеноски“.„Првпат пред македонската јавност со изложбата откриваме нови дела на Личеноски и повторно ја осознаваме неговата уметничка големина, неговиот индивидуален стил кој ја збогати македонската културна ризница“.„Збирката која семејството на Личеноски ја донираше на македонската држава е вечно сведоштво за интензивните внатрешни чувства, духовноста и немирот на големиот Македонец, кој нашата земја на целиот свет му ја претстави во безброј фасцинантни бои и впечатливи пејзажи“.„Творештвото на Лазар Личеноски, првиот и ненадминат уметник, што ја откриваше живата и мртвата природа на својот роден крај, претставува врвен репрезент на македонската културна традиција. Со своето дело и со својата исклучителна личност Личеноски ја внесе Македонија во културната и ликовната мапа на Европа, а неговите достигнувања прераснаа во идентификација за вистинските вредности во македонското културно живеење“ – нагласи Елизабета Канческа – Милевска.Изложбата со делата од донацијата на семејството на Лазар Личеноски е поставена во објектот Даут Пашин амам при Националната галерија на Македонија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Патувања“ – изложба на колажи изработени на работилниците за одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Објавено пред

Од

Во објектот Мала станица, на 12 декември, во 12:30 часот, ќе биде отворена изложба на колажи изработени низ работилниците организирани по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Оваа година се работеше на тема – патување. Изложбата ќе биде поставена во наредните десетина дена.

dobivaj vesti na viber

„„Патувања“

Креативен инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Децата размислуваат и сонуваат за патување низ времето како нешто што нема да биде строго поврзано со законите на физиката, туку како нешто магично, како премин од еден во друг портал. Низ нивните креации тие раскажуваат визуелно-емоционални приказни, често во вид на времеплов, низ кои ги истражуваат сите аспекти од времето – минато, сегашно и идно. На овој начин, нивната уметност, не само што нуди приказна за нивното лично доживување на светот, туку и ги поврзува сите луѓе во колективна свест, во едно заедничко универзално искуство. Тие креираат визии за иднината, истражувајќи не само технолошки можности, туку и социјални и морални дилеми. Ја користат својата уметност за да ги предвидат можните резултати на одредени општествени или еколошки трендови.

Учениците работеа во колаж-техника, со интервенција на боја, и на апстрактен или конкретен начин ни го пренесуваат длабокото разбирање на последиците што може да произлезат од одлуките што ги носиме денес.

Проектот „Патувања“ е инклузивен проект во кој заеднички твореа учениците од гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз-Тито“ – паралелка, меѓународна матура, ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – училиште за деца со оштетен слух и говор. Ментори на учениците беа студентите од Факултетот за ликовни уметности – Скопје, водени од доц. м-р Велимир Жерновски и студенти од Универзитетот Фонтис од Холандија.

Преку уметноста, тие учеа за сите оние безвременски вредности како што се љубовта, прифаќањето, смислата на постоењето, нешта што не се зависни од времето, а сепак се толку универзални. Можеби тоа се и најважните лекции што секој од нас ќе треба да ги има на своето патување наречено живот“, пишува во најавата за изложбата од Националната галерија.

Едукатор на проектот е Маја Димитрова.

Прикажи повеќе...

Култура

Со „Оче наш“ и доделувањето награди завршува годинешниот „Синедејс“

Објавено пред

Со доделувањето на наградите во Официјалната и СЕЕ селекција се затемнува платното на овогодинешниот Cinedays. По седум интензивни филмски денови публиката имаше можност да погледне повеќе од 50 филмови, но за наградите на фестивалот се натпреваруваат осум во официјална конкуренција и шест во СЕЕ селекцијата.

dobivaj vesti na viber

„Имавме прекрасен фестивал и буквално „Се гледаме од другата страна“ со сите предизвици кои ни следеа во подготвителниот период. Филмската магија не покори и нас како организатори и гостите кои беа бројни и на ова издание. Сега сме во очекување на имињата на добитниците на наградите кои вечер ќе ги соопштат жири комициите во двете конкуренции“ – вели Маргарита Арсова програмски координатор на фестивалот.

По завршувањето на церемонијата на доделување на награди вечерва на репертоар е филмот „Оче наш“ на Горан Станковиќ, во кој македонски копродуценти се Огнен Антов и Стојан Вујичиќ од Dream factory.

„Филмот се бави со едно многу специфично место, место во кое во име на верата и духовноста, насилството се користи како оправдување за помош. Прва работа која ме наведе да размислувам за идеја на овој филм беше снимка од претепување во манастир во Црна Река. Таа снимка се појави во 2009 година, а контрадикторноста на сцената на сурово тепање на човек, со удирање на глава од икона на ѕид сосема ме збуни и вознемири. Од таму тргнав. Се разбира не би сакал да се генерализира на сите заедници кои пружаат духовна поддршка“ – вели режисерот Станковиќ.

Македонската страна на продукцијата во самиот филм ја претставуваат екипата сниматели на звук: Игор Поповски – Нивеа, Дејан Михајловски, Дарко Бошковски, Александар Ристевски и Горан Стаменков и брилијантниот Тони Михајловски:

„Тони е блескав актер со исклучително богата кариера и многу ми беше инспиративно да работам со него“ – дополнува режисерот Станковиќ.

Покрај Михајловски, во филмот играат: Вучиќ Перовиќ, Горан Марковиќ, Дадо Ќосиќ, Лазар Тасиќ, Јасна Жалица, Тони Михајловски, Ненад Хераковиќ …

Филмот ја имаше својата премиера на 50 јубилејно издание на престижниот филсмки фестивал во Торонто, а со него се завтора и вечерашниот Cinedays. По проекцијата, следи диџеј сет на Кунгфулиш, односно Ненад Стефановски од музичкиот состав Фулишгрин.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот филм „Неми филмови“ меѓу најдобрите анимирани кратки дела за 2025 според „Animation Magazine“

Објавено пред

Kраткометражен анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски е вклучен во изборот на Animation Magazine за најистакнати анимирани кратки филмови во 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Во текстот „Избор на познавачот: Субјективен критички преглед на најдобрите кратки анимирани филмови за 2025 година“, авторот Крис Робинсон – долгогодишен уметнички директор на Меѓународниот фестивал за анимиран филм во Отава – го наведува филмот како едно од најзначајните остварувања во годишниот преглед.

Робинсон го оценува „Неми Филмови“ како дело што се издвојува по визуелниот јазик, атмосферата и авторскиот пристап, особено преку неговата stop-motion естетика и внимателно развиена визуелна нарација. Како влијателна фигура во светот на независната анимација, неговата препорака се смета за важен сигнал за квалитет и релевантност на филмот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија2 часа

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде и еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче однатре и однадвор да...

Македонија4 часа

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ги злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О. С. (49) од Куманово...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ6 часа

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија6 часа

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...

Македонија7 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ-уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет8 часа

„Европа го подготвува својот крај“: турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки процени од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа8 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 отсто до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион9 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа9 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет9 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија23 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија24 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија24 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија1 ден

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија1 ден

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет1 ден

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...