Контакт

Култура

Симпозиум: Хрватско – македонски културни врски

Објавено пред

Во Риека почна со работа тридневниот меѓународен симпозиум за хрватско-македонските културни, книжевни и јазични врски на кој учествуваат македонски и хрватски лингвисти и поети.

Во Риека почна со работа тридневниот меѓународен симпозиум за хрватско-македонските културни, книжевни и јазични врски на кој учествуваат македонски и хрватски лингвисти и поети.„Не се собравме тука, по кој знае кој пат да ги цитираме нашите учители и професори, и покрај тоа што и јас сега сум во таа генерација, туку да ги изнесеме сопствените гледишта и да ги споделиме едни со други“, изјави Горан Калоѓера, еден од организаторите  и почесен македонски конзул во Хрватска.Најголемиот хрватско-македонски славистички собир го поздравија хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, кој е и покровител на настанот, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и првиот македонски претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кои до учесниците на собирот упатија поздравни пораки. Според Јосиповиќ, секогаш низ културата, науката и уметноста, како и низ соработката на универзитетите и останатите културни институции можат да се зацврстуваат и развиваат пријателските односи меѓу земјите, особено оние во регионот. Македонскиот претседател Ѓоре Иванов верува дека со оглед на тоа дека се работи за најголем симпозиум од ваков вид, собирот ќе донесе извонредни трудови, дискусии и секако ќе ги зајакне традиционално блиските врски меѓу Република Македонија и Република Хрватска.крај/макфакс/мг



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.

Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, следниот понеделник.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Прикажи повеќе...

Култура

Велешкиот театар ќе настапи на интернационалниот фестивал „Сараевска зима“

Објавено пред

Театарот ,,Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, со претставата „Кралските копилиња“, на 15 март 2021 година ќе настапи на 47. издание на фестивалот „Сараевска зима“.

Поради пандемијата, фестивалската програма во најголем дел ќе биде прикажана онлајн, односно претставите ќе се одржуваат на матичните сцени, а сараевската публика ќе ги проследи преку видеостриминг.

Претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работена според посттројанскиот митски циклус, сместен во кралската куќа Арг.
„Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето, која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја и зборува за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.

Автор на тесктот, режисер и автор на аудиовизуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видеодизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и на плакатот е Адам Мартинакис.

Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Маја Љутков како Касандра, Фаик Мефаилоски како Егист и Марија Стефановска како Ифигенија.

Прикажи повеќе...

Култура

Онлајн-дискусија со Вангел Ноневски за семантичките аспекти во потеклото на хип-хоп ремиксот

Објавено пред

КСП Центар – Јадро најавува онлајн-дискусија со Вангел Ноневски за семантичките аспекти во потеклото на хип-хоп ремиксот, која ќе се одржи денес со почеток од 18 часот.

Од појавата на дадаизмот повеќето современи уметности се проткаени со духот на директна и/или индиректна медијација. Имено, уметничките дела денес претставуваат колажи или рециклирани производи на постојни дела. Во овој поглед пронаоѓањето на грамофонот има клучна и незаменлива улога во однос на хип-хоп/ремикс-културата. Кредото на ремикс-културата – да се создаде нешто ново од постојното – стана парадигма на денешната музичка сцена. Сепак, поминаа неколку децении откако глобалната култура ја загуби вербата во потрагата по новото, без оглед дали тоа се бараше во уметноста, забавната индустрија или музиката. Воопшто не треба да жалиме по загубата на таа вера. Верата во новото е вера во суверениот автор бог и во концептот на комплетно и завршено уметничко дело. Суверениот автор, кој во предмодерниот период беше идентификуван како носител на неспорното семантичко значење на уметничкото дело, е изгубен во процесот на ремиксувањето. Штом некое дело е подложно на репродукција, тоа значи дека е лишено од неговиот автор како единствен деноминирачки фактор на семантичка резонанција. И тука настапува DJ-от, кој миксува и манипулира со композиции, со што тој го заменува авторот како семантички атрибут-фактор, а тој однос уште повеќе се демократизира и либерализира кога забележуваме дека DJ-ите миксуваат музика според реакциите на посетителите на забавите во дискотеките. Според тоа, семантичкото значење на современото музичко (хип-хоп) дело станува проширено и подложно на потенцијално бесконечна (ре)контекстуализација.

Вангел Ноневски е роден 1977 година во Белград. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. За време на студиите повеќе од една година работел како водител во македонското радио „Канал 103“. Досега има издадено три авторски книги: „Музички бриколаж“ (2003 година, „Магор“), „Грамофонот како метаинструмент: од механичка репродукција до ремикс-култура“ (2014 година, „Аксиома“) и „Киборшка естетика: ремикс-апропријација на уметноста“ (2018 година, „Аксиома“); и приредено еден зборник: „Грамофонот како метаинструмент“ (2014 година, „Аксиома“). Неговите интереси и активности се од областите на културата и студиите на ремиксот (од Марсел Дишан,= преку Grandmaster Flash до дигитално-вмреженото село); естетиката и интердисциплинарните студии на интерактивните уметности (од конструираното искуство до еманципацијата и назад); модерната и современата уметност и нејзиниот однос кон семиологијата (од Бенјамин до Дерида и отаде); културните студии (истражувања засновани на филозофијата, современата популарна култура и медиологијата); теоријата на модерната архитектура и јавниот простор; и сè она што влегува во пукнатините меѓу нив… што и да е тоа. Од 2012 до 2018 година бил професор на Универзитетот „Евробалкан“ во Скопје, а од 2015 до 2018 година визитинг-професор на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Од 2018 година работи како вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што предава естетика, филозофија на културата и филозофска антропологија. На Архитектонскиот факултет во Скопје е визитинг-професор на предметот естетика.

Дискусијата ќе ја модерира Ѓорги Пулевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 минута

Словенија ги отвора кафулињата, рестораните и средните училишта во пробен период од седум дена

Од денес, кафулињата и рестораните во два региона, во Посавје и на југоисток од Словенија, ќе можат да работат нормално...

Свет29 минути

Италијански министер за „Спутник“: Ако е вакцината ефикасна, не ме интересира националноста на научниците

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, изјави дека е отворен за руската вакцина против коронавирус „Спутник В“, и е подготвен...

Европа1 час

ЕУ очекува двојно повеќе вакцини од април

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Унијата очекува двојно да се зголеми снабдувањето со вакцини од...

Македонија2 часа

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет14 часа

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет17 часа

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија18 часа

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија18 часа

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија18 часа

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа19 часа

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет19 часа

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија20 часа

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија20 часа

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија21 час

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа21 час

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Македонија23 часа

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од...

Свет24 часа

Папата пристигна во Мосул

Папата Франциско денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, кои беа уништени од терористичката...

Македонија1 ден

Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од...

Свет1 ден

Откриен нов „застрашувачки“ сој: високозаразен и ја намалува ефикасноста на вакцините

Научниците во американската држава Орегон открија нов многу заразен вид на ковид, кој првпат се појави во Велика Британија. Сепак,...

Свет2 дена

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Досие