Забава
Забрзано се опремуваат подземните засолништа на светската елита
Деновиве во јавноста и во медиумите повторно се актуелни приказните за подземните засолништа на светската елита која се крие зад најмоќните финансиски институции.
Подземните засолништа предвидени за случај на големи природни катастрофи, како и нуклеарни напади и слично, не се некаква тајна, но подземните засолништа што забрзано се опремуваат, и во кои некои од тие моќници веќе, наводно се преместуваат, и даваат на целата приказна поинаква димензија.
„масло на огнот“ на оваа тема додаде и познатиот теоретичар на заговори Џим Марс во интервјуто дадено пред две години, а од тогаш на таа тема често говори на своите предавања и во пишуваните текстови. Тој изнесува некои нови тврдења и детали поврзани за подземните бункери на светските моќници.
Марс наведува дека има информација за тоа дека „елитата“, во прв ред онаа банкарската, забрзано ги опремува своите подземни резиденции и со тоа го отвори прашањето што ја преокупира светската јавност: Што се подготвува нешто толку големо што ги натерало моќниците да побрзаат со опремувањето на своите подземни засолништа?
Следното прашање што се наметнува само по себе гласи: Што тие знаат, а за што јавноста нема никакви сознанија? Дали се заканува некаква природна катастрофа или нешто поинакво, но доволно „големо“ за да ги загрози животите на луѓето?
Тие прашања сè уште се без одговор. И додека јавноста тапка без одговор, теоретичарите на заговори изнесуваат нови информации. Дозата на резерва со која тие информации се прифаќаат е задолжителна, но некои факти се вознемирувачки.
Поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност на САД неодамна во јавноста изнесе информации за тоа дека челните луѓе на оваа агенција се селат во „подземната безбедносна зона“, која всушност е комплекс составен од неколку помали населби што содржи доволно резерви на вода и храна за неколку години. Подземниот комплекс, според неговите зборови, опремен е со оружје и алтернативни средства за комуникација.
Поранешниот службеник наведе и тоа дека „масакрот“ од големи размери ќе биде резултат на маневрите што ќе ги преземе администрацијата на Обама.
Тој додава и дека пензионираните челници на Американската сојузна агенција за управување со итни случаи исто така се преместуваат во резиденцијата, сместена во делот на Ролинг Хилс, во Северна Каролина, која е опремена со резерви на воздух, вода, храна и оружје.
Џим Марс во повеќе наврати јавно дискутираше за оваа тематика, но клучните прашања останаа на ниво на претпоставки. Неговите публикации на тема околу теориите на заговор со години веќе се бестселери, а токму неговата книга за заговорот околу атентатот на Џ.Ф. Кенеди послужи како извор за филмот на Оливер Стоун, ’Џ.Ф.К.’
Марс во своите публицистички дела, освен со ’владејачката класа’ и ’моќниците од сенка’, се занимава и со вонземјани, телепатија, тајни друштва и нападот на кулите Близначки на 11 септември. /крај/ин/ст
Се вчитува прикажувачот на видео…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

