Економија
Украина му должи на 'Газпром' 11,4 млрд долари
Украина на рускиот енергетски гигант „Газпром” треба да му плати 11,4 милијарди американски долари, што одговара на вкупното намалување на цената на гасот што Москва му го одобри на Киев изминативе четири години, изјави во четвртокот челникот на компанијата Алексеј Милер, а Киев сака да оди на арбитражен суд.
Намалувањето на цената на рускиот природен гас од 100 долари за Украина беше предвидено со договорот од 2010 година, како дополнителен бонус што Москва покрај 100-те милиони долари годишно ги исплатуваше на својот сосед за користењето на воената поморска база на својата Црноморска флота кај Севастопол на полуостровот Крим до крајот на 2017 година, по што ќе следуваше друг анекс на договорот. Меѓутоа, претежно руското и рускојазично население на овој регион, по промените на власта во Киев, на референдум кон средината на март изгласа присоединување кон Русија.
„Русија всушност плаќаше за да ка задржи својата морнарица во Украина”, изјави Алексеј Милер. Претходно Москва објави дека договорот се раскинува, поради тоа што сега Крим е во составот на Руската Федерација.
Во петокот Русија објави дека го повлекува намалувањето на цената на својот гас за Украина постигнат во договор со сега соборениот украински претседател Виктор Јанукович, ланскиот декември. Според тој договор, цената беше намалена за повеќе од третина и се симна на 268 долари за 1.000 кубни метри гас. Така сега со укинувањето на сите договори и попусти, цената на рускиот гас за украинските потрошувачи се зголемува на 485 долари за илјада кубни метри.
Привремениот украински премиер Арсениј Јаценјук во саботата изјави дека Киев не се согласува со новата цена на рускиот гас. На седницата на украинската влада Јаценјук изјави дека станува збор за „неприфатлив политички притисок” што Русија го врши врз Украина и дека Киев нема да се согласи на новата цена на гасот.
Украина ќе ја изведе Русија пред арбитражен суд, доколку не успеат преговорите за намалување на цената за гасот, изјави, исто така, во сабота, привремениот украински министер за енергетика, Јуриј Продан.
Конфронтацијата меѓу Киев и Москва откако на власт во Киев дојдоа прозападните сили, ј ја принуди новата украинска влада да води итни преговори со своите соседи за да обезбеди снабдување со гас преку нив, но мора и да преговара со Русија затоа што таа сé уште задоволува огромен дел од потребите на Украина од овој енергент.
„Доколку не постигнеме договор (со Русија), тогаш постои процедура предвидена во договорот за излегување пред арбитражниот суд во Стокхолм. Ние не се обидуваме да го раскинеме договорот, туку да воспоставиме праведна цена каква што е во Европа”, изјави Продан пред започнувањето на владината седница.
Продан, исто така, изјави дека Украина нема да го пренасочува рускиот гас наменет за пазарот во Европа, кој во транзит минува преку украинските гасоводи.
Русија во минатото повеќепати ја обвинуваше Украина дека го краде рускиот гас наменет за европските потрошувачи, во текот на споровите околу цените на гасот во 2006 и во 2009 година, што предизвикуваше недостиг од гас во Европа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

