Економија
Кинеското производство дополнително ослабна во март

Производните активности во Кина паднаа во март паднаа на најниско ниво за осум месеци, покажаа податоците објавени во понеделникот, кои се надоврза на низата слаби показатели, кои во последно време пристигнуваат од втората по големина светска економија.
Прелиминарниот индекс на менаџери на набавка (PMI), што го изработува британската банка HSBC а ги следи производните активности во кинеските фабрики, падна во март на 48,1, од 48,5 поени, колку што изнесуваше во февруари. Тоа е негова најниска вредност од јули минатата година, кога изнесуваше 47,7 поени.Вредноста над 50 поени сигнализира раст, а онаа под таа граница пад на фабричките активности.Најновата вредност на индексот „сугерира дека кинескиот раст повторно забави“ во март, констатираше економистот на HSBC, Кју Хонгбин.„Слабоста е широка распоредена, со натамошно слабеење на домашната побарувачка“, додаде аналитичарот.Од HSBC очекуваат дека кинеските власти ќе преземат политички мерки за да ја стабилизираат економијата, вклучително и дополнително намалување на пречите за приватните инвестиции, јавните инвестиции во градската железница, изградба на станови, борба против загадувањето и намалување на каматните стапки.Одвоено кинескиот завод за статистика овој месец објави дека официјалниот PMI во февруари паднал на најниско ниво за осум месеци, на 50,2 поени. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Битиќи: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светската банка

Светската банка ја ревидираше својата проекција за растот на македонската економија за 2025 година од 3,0% на 2,6%. Надолната ревизија продолжува и за 2026 година, со очекуван раст на БДП од 2,7%, наместо претходно проектираните 3,2%. Станува збор за сигнал кој произлегува од реалните економски текови, не од желби и политички маркетинг. Светската банка не се занимава со реторика, туку со економска логика според која и во 2027 година се очекува раст од 2,8% – и тоа треба да го земеме сериозно, изјави Фатмир Битиќи од СДСМ.
Ако ја погледнеме и регионалната перспектива, додаде тој, Северна Македонија се соочува со уште еден неповолен факт – нашата земја има најниска проекција за раст во регионот на Западен Балкан за 2025 година и под регионалниот просек од 3,2%.
„Истовремено Светска Банка забележува дека земјата се соочува со проширен фискален дефицит, слабеење на трговската позиција, номинално забавување на инфлацијата, но притоа идентификувајќи домашни ценовни притисоци кои сигнализираат дополнителни ризици за стабилноста на куповната моќ. Сето ова упатува дека просторот кој Светска Банка го детектира за брзо економско закрепнување е многу потесен отколку што се претставува во јавноста од страна на Владата“, вели Битиќи.
Според него, со оваа надолна ревизија на проекциите, Светската банка укажува дека македонската економија во моментов не покажува динамика која би можела да поддржи стапка на раст над 3%. Во таков контекст, вели Битиќи, проекциите за 3,7% или дури 4% што ги слушаме од одредени владини претставници, се повеќе личат на претпоставки, отколку на факти произлезени од економска анализа.
„Најдобра потврда за тоа се тековните макроекономски индикатори. Индустриското производство, како чувствителен барометар на реалната економија, покажува длабоко нестабилна слика. Од септември до декември 2024 година бележеше континуиран пад, со минимален позитивен раст во јануари од 1,4%, за потоа повторно да се врати во негативна зона од -0,8% во февруари. Овие флуктуации упатуваат на отсутност на предвидливост и стимулативна економска политика“, рече Битиќи.
Истовремено, додаде тој, имаме нарушувања во ликвидноста кај компаниите – поради доцнење на повратот на ДДВ и на исплатата на договорните обврски од страна на државата – што дополнително ја згаснуваат економската активност.
Што се однесува до средства од унгарскиот кредит – 250 милиони евра за приватниот сектор и 250 милиони за општините, според Битиќи, сè уште не се рефлектираат во агрегатните податоци.
„Доколку тие беа ефективно инкорпорирани во економијата, се очекуваше барем иницијален сигнал за инвестициска активност. Но, таков сигнал не постои“, тврди Битиќи.
Дополнително, додаде тој, реализацијата на капиталните расходи на централно ниво изнесува само 13,55% до крајот на април, а кај општините просекот е околу 3%, со екстремни случаи и под 1%. Според него, под вакви услови, очекувањата за раст од над 3% на БДП се економски неосновани. Ниту една економија не може да генерира раст без продуктивни инвестиции – било да се јавни или приватни.
„Затоа, не станува збор за тоа дали бројките на Светската банка се точни. Станува збор за тоа дали сме подготвени да се соочиме со фактите. А фактите велат: тековната економска политика на Владата не создава простор за здрав и одржлив раст на БДП над 3%. А од друга страна имаме владин модел во кој очекувањата се повисоки од капацитетите“, рече Битиќи.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 п.п., при што во март таа изнесува 2,18%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,35 п.п. и изнесува 5,15%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.
Одлуката е донесена на вонреден состанок на министерката Божиновска со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.
„Овие два дена во Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, разговаравме со колегите од регионот и се координиравме околу мерките што сите земји мора да ги преземат за стабилен систем. Како веќе информиравме, со координација меѓу сите клучни енергетски чинители и по насока на ENTSO-E, МЕПСО веќе примени дел од тие мерки за велигденските празници и успеавме да го неутрализираме ризикот од блек-аут – граѓаните имаа непречено снабдување со електрична енергија. Проценките се дека ваквата состојба ќе продолжи и за престојните првомајски празници и затоа е неопходно овие мерки повторно да се активираат,“ изјави министерката Божиновска.
Оваа мерка, која за првпат беше применета за време на велигденските празници, подразбира привремено исклучување на фотоволтаични електрани со цел да се растерети електроенергетската мрежа и да се овозможи сигурно управување со системот во услови на зголемени флуктуации и оптоварување.
Мерките предвидуваат примена на корективни диспечерски интервенции, односно привремено и наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните електрани поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе има целосна можност да го раководи системот и да ја обезбеди неговата стабилност, велат од Министерството за енергетика.