Економија
Унгарија: Врховниот суд ги ослободи банките од вина поради зголемените трошоци од курсни разлики
Банките не се виновни за поголемите трошоци на имателите на девизни кредити поврзани со осцилациите на валутните курсеви, но мораат да ги известат клиентите за можните промени на курсовите, утврди во понеделникот Врховниот суд на Унгарија.
Со оваа одлука одложено е мислењето за банкарските еднострани промени на договорите до прелиминарната пресуда на европскиот суд.Договорите за девизни кредити им овозможија на корисниците на кредити да ги искористат предностите на поволните камати од оние искажани во унгарските форинти. Оттука мораат да ги сносат и ризиците поврзани со осцилациите на валутните курсеви, заклучи судот.Правното мислење на судот би требало да дефинира единствен правен третман а ваквите кредити пред пониските судови.Договорите за кредити не можат да бидат поништени исклучиво врз основа на ризиците поврзани со курсните разлики, предупредува судот, нагласувајќи сепак дека финансиските институции се должи да ги известуваат клиентите а мините промени на валутните курсеви и нивното влијание на месечните рати.Во случај на поништување на договорот за кредит, судовите мораат да пронајдат начин да го дополнат договорот и да осигураат негова валидност, а останатите негови аспекти остануваат на сила. Што се однесува пак до банките и нивните еднострани измени на договорите за кредити, унгарскиот врховен суд ја одложи пресудата за овој аспект на проблемот до објавата на прелиминарната пресуда на Европскиот суд на правдата во соодветниот спор.Сега се очекува наредниот потег на владата на премиерот Виктор Орбан, која порача дека е одлучна во намерата да им помогне на имателите на девизни кредити. Оттука се уште не е исклучена можноста владата да им наметне на банките програма за помош при отплатата на спорните кредити.Владата сеуште не реагираше на мислењето на врховниот суд иако одделни функционери рекоа дека би можело да бидат побарани насоки и од Уставниот суд.Месечните рати на имателите на девизни кредити во Унгарија нагло скокнаа поради осетниот пад на вредноста на унгарската форинта, поради што многу граѓани побараа заштита пред судовите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

