Компании
Француските власти бараат од Google да плати данок во висина од 1,6 милијарди евра
Француските власти му наложија на американскиот технолошки гигант Google да исплати 1,6 милијарди евра на име неплатени даноци во контекст на засилениот фокус на спорните даночни аранжмани на мултинационалните компании во одделни земји.
Тој износ е значително повисок од 130 милиони фунти колку што светскиот пребарувач во договорот со властите се согласи да плати на име даночен долг во Британија. Притоа француската новинска агенција AFP информираше дека можеби и француските власти ќе се согласат на преговори и дека Google на крајот можеби и нема да мора да го плати целосниот износ на даночниот долг.Францускиот министер за финансии Мишел Сапин неодамна ја исклучи можноста за преговори со американскиот технолошки гигант.Од Google не сака да го коментираат извештајот за даночните барања, а француските власти велат дека целата работа е од доверлива природа.Даночните аранжмани на меѓународните компании во последно време се најдоа под лупа и неколку од нив се обвинети дека ги користат можностите што им ги нудат различни даночни режими, за да можат што повеќе да ги намалат даночните сметки.Па така, ирската даночна структура му дозволува на Google да плаќа даноци во таа земја дури и кога приходите ги остварува во Велика Британија. Во јануари Google постигна договор со британските даночни власти според кој е должен да плати дополнителни 130 милиони фунти за периодот од 2005 година. Договорот во меѓувреме предизвика бран од жестоки критики, пренесува Reuters.Така во среда комисијата за буџет на британскиот парламент заклучи дека договорениот износ од 130 милиони фунти „изгледа несразмерно мал“ во споредба со обемот на работење на оваа американска компанија во Британија.Европскиот регулатор за заштита на пазарната конкуренција покрена повеќе истраги врз основа на сомнеж дека одделни договори на мултинационалните компании со даночните власти во некои земји на Европската унија можеби претставуваат незаконска државна помош.Од тие причини, на Старбакс и Фијат Крајслер им беше наложено да вратат 30 милиони евра на име даночни обврски, откако беше утврдена незаконитост во даночните олеснувања што им ги одобриле одделни земји во ЕУ. Компаниите не се согласија со таквата одлука, па од Старбакс најавија жалба. Во тек се уште неколку истраги за слични даночни аранжмани, вклучувајќи ги оние што се однесуваат на Амазон и Епл. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)