Скопје
Виноскоп на нова локација на „Плоштад Мајка Тереза“
Организаторите на „Виноскоп“ се извинуваат поради промената на локацијата, откако веќе објавија дека ќе биде на плоштад „Македонија“, сега објавуваат дека новата локација на 100 метри од плоштадот, до Обвинителството.
Вино Скоп се поместува на нова локација- „Плоштад Мајка Тереза“ или платото пред МОБ, а почнува во среда, 28 септември. Поради технички причини, фестивалот е поместен на платото пред Македонска опера и балет, односно плоштадот „Мајка Тереза“, одлична нова локација веднаш до реката Вардар. Вино Скоп ќе биде отворен за посетители од 12, а ќе трае се до доцните вечерни часови. „Вино Скоп“ оваа година одбележува јубилеј- Десет години најомилена скопска есенска приказна.Пет фестивалски денови, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарии, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Покрај виното,ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи. Музичката програма е шаренолика: џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери.Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние кои што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите кои што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси. Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен. „Дојдете да украдеме по некој миг, да вкусиме добро вино, да ја продолжиме традицијата. Да го доживееме модерното со дамки од богатата историја, сплотено во автентичниот свет на виното. Одберете го вашето омилено вино и кренете ги чашите да наздравиме, еднаш за нас, еднаш за Скопје“, порачуваат организаторите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

