Економија
Standard&Poor' ги снижи изгледите за кредитниот рејтинг на Финска
Агенцијата за кредитен рејтинг Standard&Poor’ ги снижи изгледите за кредитен рејтинг на Финска од стабилни во негативни, задавајќи нов удар на имиџот на државата, која е меѓу ретките со врвен ААА рејтинг.
„Изменетата прогноза го одразува нашиот став во поглед на продолжената стагнација на финската економија, со оглед дека просечниот раст на БДП по жител во изминатата деценија е по стапка од близу нула отсто“, стои во денешното соопштението на S&P.Претходно изгледите за кредитниот рејтинг на Финска ги намали и агенцијата Fitch.Пред ова финска беше единствената држава од еврозоната која можеше да се пофали со трикратен А рејтинг и стабилни изгледи кај сите три водечки бонитетни агенции S&P, Fitch и Moody’s. Во образложението на одлуката на S&P се наведува дека сега проценуваат дека финската економија во минатата година се намалила за 1,4 отсто. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Замрзнувањето на цените дава позитивни ефекти, потрошувачката кошничка пониска за над 2.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владината мерка за замрзнување на цените и ограничување на маржите на основните прехранбени производи има позитивни ефекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според анализите на ССМ, во месец февруари 2025 година, трошокот за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство изнесувал 23.427 денари. Во март истиот трошок се намалил на 21.838 денари, што претставува намалување од околу 3%. Во април, трошокот дополнително опаднал на 21.280 денари, што претставува вкупно намалување од 2.147 денари или речиси 9% во споредба со февруари“, се наведува во соопштението.
Покрај намалувањето на трошоците, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во март е регистрирано и намалување на инфлацијата, која падна на 2.7%, што е за 1.3% помалку во однос на февруари.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе две одлуки за ограничување на бруто профитните маржи, кои овој пат беа скалесто поставени на 5%, 10% и 15% во зависност од производите, а според ДЗС ефектот е позитивен од двете владини одлуки. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изработува нова потрошувачка кошничка, а цените ќе се пресметуваат како просек од неколку маркети, и кошничката ќе биде јавно достапна. Во рамки на спроведувањето на мерките, досега се извршени над 600 инспекциски контроли во трговијата на големо и мало, затворени се осум објекти поради прекршување на мерките, а контролите ќе продолжат до 30 април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – координирана акција на клучните институции

На денешниот состанок на ресорската група за енергетика, што се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, беа разгледани моменталните состојби со снабдувањето со електрична енергија и тековните активности на главните актери во системот. Групата, која ја сочинуваат сите релевантни институции и компании – АД ЕСМ, МЕМО, МЕПСО, Регулаторната комисија и други партнери од секторот, е формирана по иницијатива на министерката Сања Божиновска и има задача да обезбедува постојана координација и брза реакција при какви било ризици во снабдувањето.
Главна тема на состанокот беше анализата на потрошувачката за време на претходните празници и подготвеноста на системот за следниот викенд за време на првомајските празници. Заклучено е дека мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок, без поголеми нарушувања, а сите капацитети остануваат мобилизирани и за претстојниот период.
Од страна на АД ЕСМ беше посочено дека водостојот, кој на крајот на минатата година беше на критични 11%, сега е стабилизиран над 30%, благодарение на внимателното и штедливо управување со ресурсите. Се работи, како што истакнаа од компанијата, со „домаќински и одговорен пристап“ кој веќе дава резултати.
Се разговараше и за напредокот на тековните енергетски проекти, фазите во кои се наоѓаат и предизвиците со кои се соочуваат. Дел од нив се одвиваат според динамиката, додека за некои се иницирани интерни постапки за надминување на забавувањата. Во фокусот беа и идните планови за инвестиции со кои би се зголемила сигурноста и отпорноста на електроенергетската мрежа.
Според министерката Божиновска, ваквата редовна координација е суштинска:
„Секоја проценка, секоја анализа и секој чекор што го правиме има една цел – стабилно и безбедно снабдување за граѓаните и стопанството. Континуираниот дијалог меѓу институциите е гаранција дека навреме ќе ги адресираме сите можни ризици.“
Ресорската група ќе продолжи со редовни состаноци и известувања до јавноста, со акцент на транспарентност и професионален пристап во управувањето со националниот енергетски систем.
Економија
Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот

Претмиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека цените на храната се намалени дури и по потрошувачката кошничка која ја прави еден од синдикатите и посочи дека таа кошничката која ја спрема владата кога ќе биде готова ќе биде дадена на увид, но ќе ги содржи сезонските производи и просечните цени од повеќе маркети, а не само од скапите.
„Околу потрошувачката минимална кошница која ја објавуваше еден од синдикатите, а минатиот месец отсуствуваше објавата, зошто тие треба да дадат одговор, па овој месец двете ги залепија една со друга, но и тоа покажува дека потрошувачката кошница во делот за прехранбени производи е намалена за 2147 денари, нешто помалку од 9% во месец април споредено со февруари. Зошто е тоа направено претпоставувам поради мерките кои ги усвои владата и кои на 30 април ќе завршат. Очекувам јасна и детална анализа и мониторинг, на пазарот да нема одредени девијации кога некои од трговците ќе се обидат да заработат надвор од она што е пристојно однесување, бидејќи се тешки времиња“, рече Мицкоски.
Потенцираше дека новата потрошувачка кошничка се прави во консултација со низа институции, за што е задолжено министерството за економија и труд со сезонски продукти и каде што репер цена ќе биде онаа која е просечна од неколку маркети, а тоа им е кажано и на синдикатите.
„Сите знаеме има ланци кои се со пониски цени и такви со повисоки цени. Не е готова, ќе биде дадена на јавноста, на синдикатите на мислење и ќе ги опфати оние производи кои се потребни, а не со кои се вулгаризира сето ова. Ние не велиме дека таа кошница ќе ја натсинхронизира таа на синдикатот, но добро е да имаме 2-3 мислења, а граѓаните нека судат“, посочи Мицкоски.
Во врска со дијалогот со синдикатите, тој рече дека има чувство дека голем дел од пораките кои доаѓаат од една од синдикалните организации се повеќе политички отколку синдикални.
„Но во ред и тоа е легитимно. Ова го кажав и на состанокот директно. Ако некој решил сето ова да го сведе на политика нема проблем, ќе водиме политика, но по пат да не се загубиме. Затоа што тешко се живее, за жал како да државата претставува депонија на производи, а не суштински производи со вистински квалитет, и имам чувство дека дел од маркетите и трговците како да изгубиле чувство во која држава стопанисуваат и имаат маржи надвор од нормалните. Не ретко се случуваат и индиции за картелско здружување на одредени субјекти кои диктираат цени и маржи и имајќи го сето ова во предвид анализираме и правиме акција. Покажуваме добра волја за да направиме добро за граѓаните. Донесовме две мерки, ограничување на дистрибутивните и трговски маржи и да ги објават цените“, нагласи Мицкоски.
Зборувајќи за тоа како маркетите ги објавија цените премиерот посочи дека шокирачко е однесувањето на некои трговци и следен пат владата ќе изготви софтвер за нема злоупотреби и на таа мерка.
„Она што го видов се шокирав и следно ќе направиме софтвер, ние ќе го финансираме и такви измени да мора да го користат, затоа што има еден ланец кој објавил 17.000 артикли и само закачил на веб страна листата. Мислевме дека можеме културно да се разбереме, очигледно дека некои мислат дека се над сето ова. Ќе одиме и чекор понапред и апликација за граѓаните да лоцираат маркет и направат споредби на цени. Минималната потрошувачка кошничка се намалува дури и по методологијата на еден од синдикатите, а тој тренд ќе продолжи или да се стабилизира, но доколку има девијантно однесување повторно ќе донесеме мерка“, изјави Мицкоски.