Забава
Возел 50 години без дозвола

Германската полиција запрела 79 годишен маж и открила дека возачката дозвола му била одземена пред точно 50 години.
Германската полиција запрела 79 годишен маж и открила дека возачката дозвола му била одземена пред точно 50 години. Возачот бил забележан кога, обидувајќи се да го скуси патот до пекарата во градот Оберхаусен, преминал преку полна линија. Тој на полицајците им тврдел дека ја изгубил возачката дозвола. Меѓутоа, брзата проверка покажала дека возачката издадена во 1956 година, била одземена три пати привремено поради возење во пијана состојба, а потоа и трајно во 1959 година. Сега би можел да заврши во затвор. /крај/ хи/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт Мидлтон направи грешка со шминката, принцезата Шарлот ѝ помогна

Кејт Мидлтон присуствуваше на церемонијата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Нејзиното семејство ѝ се придружи на настанот, а принцезата Шарлот ѝ помогна на мајка си да избегне прилично честа козметичка несреќа.
Шарлот се навали кон Кејт и со прстот го допре аголот од нејзините усни, што многумина претпоставија дека карминот на Кејт се размачкал. Војвотката од Кембриџ потоа ѝ се насмевна на својата ќерка во знак на благодарност.
Да потсетиме, по повод 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, Кејт и Вилијам објавија нова фотографија од неа со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.
Забава
(Видео) Мајли Сајрус објави емотивно црно-бело видео, плаче додека ги пее стиховите

Мајли Сајрус објави емотивна песна и видео од нејзиниот албум „Something Beautiful“.
Денес, поп-ѕвездата го објави синглот „More to Lose“, втората песна од нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе на 30 мај.
„Во песна како „More to Lose“, се обидувам да отпеам сè од првиот обид. Toa е навистина приказна и не сакам ништо да ја прекинува, да ја преиспитува или да брка совршенство“, рече Сајрус во разговор за песната.
Забава
(Видео) Тони Цетински им ја посвети новата песна на децата на разведени родители: „Тие страдаат“

Тони Цетински објави нова песна. Се вика „Пиши пропало“. Композитор на песната е Анте Пекотиќ.
„Морам да признаам дека имав тешка задача во оваа нова песна, бидејќи не само што Анте напиша нешто многу искрено, интимно и силно, а таквите работи воопшто не се лесни за изразување во песна, туку и јас самиот поминав низ истото што Анте го подвлече во зборовите на авторот во оваа песна. Многу ми е чест и му благодарам многу за довербата, бидејќи не секој може да напише нешто вакво и да го изрази пред луѓе“, рече Цетински.
Тој ја посвети песната на децата на разведени родители.
„Многу луѓе, некаде таму, можат да се идентификуваат со она што го претставува ‘Пиши пропало’, па затоа се согласивме да им ја посветиме оваа песна ним, како и на сите деца на разведени родители. Да, за жал, денес има многу разводи меѓу родителите и го сметам тоа за пораз за двете страни, каде што децата многу често страдаат. Би сакале да не биде така и љубовта кон децата секогаш да биде на прво место“, додава тој.