Економија
Македонија станува сé поинтересна за германските компании како место за бизнис
Општата економска состојба во Република Македонија е значително попозитивна во споредба со претходните години, покажуваат резултатите од Анкета за деловната клима во Македонија 2013/2014, спроведена меѓу членките на Македонско-германското стопанско здружение.
Мнозинството на компаниите, кои се активни во Македонија ја оценува сегашната економска состојба во Македонија како добра (19%) или како задоволителна (57%), 24% ја класифицираат моменталната економска состојба како лоша, при што 43% од испитаниците дури сметаат и на подобрување во 2014 година.Во минатата година 42 отсто, кои ја оценија актуелната економска состојба како лоша и само 8 отсто како добра.Што се однесува на оценката на општата економска состојба, ова е најдобар резултат од почетокот на спроведувањето на анкетата во 2007 година, беше истакнато во четвртокот на презентацијата на резултатите од анкетата спроведена од страна на германската стопанска комора во Македонија .Сепак се критикуваа важни локални фактори како платежната дисциплина, правната сигурност, ефикасноста на јавната администрација и транспарентноста на јавните набавки. Моменталната деловна ситуација на својата компанија ја сметаат 36 отсто од испитаниците за добра, 52 отсто ја оценуваат како просечна и 12 отсто наведуваат, дека се наоѓаат во лоша економска ситуација. Во однос на очекувањата за развојот на деловната ситуација на својата компанија во 2014 година во споредба со претходната година, над 57% од испитаните компании сметаат на подобрување на својата состојба на компанијата. 39% прогнозираат постојани и непроменети услови за нивната компанија. Само 2% очекуваат потешка економска ситуација во 2014 година.Позитивна испадна и проценката за очекуваните промети на компаниите во оваа година. Сепак 62% од испитаните компании очекуваат покачување на нивните промети и само 7% поаѓаат од промети во опаѓање.Одново произлегоа попозитивни резултатите од овогодинешната анкета и при набљудување на инвестициите и вработувањето на нови работници, за компаниите – членки на Македонско- германското стопанско здружение пазарот на трудот и инвестиции во Македонија станува се поинтересен, дури 43% сакаат да ги зголемат своите инвестиции во 2014 година и 32% ќе вработат нови работници.При набљудување на локалните фактори како и во претходните години испитаните компании појаснуваат, дека гледаат дефицит при платежна дисциплина, правна сигурност, ефикасност на јавната администрација, транспарентност на јавните давачки и пристап до јавните субвенции. Во добро светло се оценија и работодавачот и пазарот на трудот: трошоци на трудот, квалификацијата, продуктивноста и посветеноста на работникот и академското образование се оценија како добри, исто така и даночното задолжување и даночниот систем и даночните институции како и квалитетот односно достапноста на локалните добавувачи. Мартин Кнап, директор на германската стопанска комора во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение ги сумираше резултатите при што констатираше дека во 2013 година Германија била најголемиот трговски партнер на Македонија и трговскиот промет изнесувал 1,6 милијарди евра. „Треба да се забележи, дека извозот на Македонија кон Германија во изминативе години континуирано расте. Во 2013 година извозот на Македонија кон Германија изнесувал 1,1 милијарди евра, а увозот од Германија изнесувал 503 милиони, со што Македонија е една од малкуте земји, кои со Германија имаат трговски суфицит. Со оглед на постоечките и најавените германски инвестиции во Македонија, очекуваме оваа тенденција да продолжи. Успех ветува и почетокот на изградбата на нови автопатишта и проширувањето на постоечката железничка мрежа, како и изградбата на нова железничка врска со Бугарија. Подобрената инфраструктура ќе придонесе за тоа да се зголеми атрактивноста на Македонија како место за инвестиции и со тоа ќе се поттикне ангажманот на германското стопанство во форма на нови инвестиции. Македонско- Германското стопанско здружение и Стопанска комора на Германија во Македонија и во иднина ќе бидат сигурен партнер за да ја промовираат Македонија во Германија како место за бизнис и да ги забрзаат германско-македонските стопански врски“, рече КнапМихаел Дикамп, претседател на Македонското-германско стопанско здружение оцени дека проценката на актуелната економска состојба во Македонија дава позитивни сигнали. „При оценувањето на изгледите на македонската економија за тековната година, повторно се покажа дека компаниите-членки на Македонско-германското стопанско здружение, веруваат во Македонија: тие и понатаму сакаат да инвестираат, да вработуваат нови работници и очекуваат висок промет и добивка. 85% од испитаните компании повторно би инвестирале во Македонија. Од анкетата произлегува дека инвестициите и градењето на деловните врски пред се зависат од понатамошното подобрување на рамковните услови: мора да постои правна сигурност, да се покачи платежната дисциплина, а административните постапки, како и постапките за јавни набавки да бидат потранспарентни и поефикасни. Овие фактори се основни предуслови за да се стекнат нови, особено мали и средни германски претпријатија како инвеститори во Македонија“, рече Дикамп. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

