Економија
Македонија 2025 со грант за бизнис обука за македонски менаџери

Организацијата Македонија 2025 во вторникот соопшти дека во соработка со Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Бизнис школата Ричард Ајви од Канада, по седми пат по ред го организира Проектот Лидер.
Проектот Лидер е проект кој се одржува од 1991 во околу 30 различни земји во светот, и е наменет за претставници на мали и средни претпријатија, како и на претприемачи со развиена бизнис идеја или кои допрва сакаат да развијат. Програмата и обуките ќе се спроведуваат по начинот на работа на Бизнис школата Ричард Ајви, односно преку интерактивно тимско работење на 8 реални примери – Case Studies во чии рамки ќе се обработат теми како што се претприемништво, стратешко одлучување, маркетинг стратегија, услови и техники на финансиско работење, креирање на додадена вредност на бизнис плановите и други.„Проектот Лидер претставува обука за сет на технички вештини кои што учесниците може да ги процесираат и применат во нивните секојдневни предизвици или можности во претпријатијата.“ – објаснува Луси Ли, извршен директор на Проектот Лидер за 2013 година. Куртис Артур, фасилитатор на Проектот Лидер за 2013 беше воодушевен од македонските ученици и нивната желба да стекнат нови вештини и знаења. „Извонредна е можноста да дојдеме и да им помогнеме на луѓето да се фокусираат на својата страст и да им помогнеме да успеат. Македонија е прекрасна земја со огромни можности, пазар кој сеуште може да се развива и луѓе кои сакаат да успеат, но истовремено сакаат да придонесат и за успехот на својата земја,“ додава Артур. Дневните модули се состојат од студија на случај, работилница и презентација на резултатите. Секој ден, по завршувањето на модулите се предвидени индивидуални, еден-на-еден консултации за компаниите со обучувачите, во кои фокусот на работење би бил реален аспект од работењето на компанијата за кој е потребно подобрување: бизнис развоен план, разработка на стратегија, маркетинг план, развој на човечки ресурси и др. Минатогодишните учесници се презадоволни од тренинзите и успеале да најдат нивна практична примена во секојдневното работење. „Прв пат се случува да имаме предавачи и луѓе кои го споделуваат нивното искуство со нас директно и импресиониран сум што ни помогнаа како компанија да ја прошириме нашата визија за експанзија и реорганизација“, вели Игор Николоски, учесник на Проектот од компанијата IT Logistics. Отворениот повик за аплицирање за овогодинешниот проект завршува на 18 април. Интензивните десетдневни тренинзи ќе се одржат од 5 – 16 Мај, секој работен ден од 10:00 до 14:00. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.