Европа
Светот ѝ нуди помош на Германија, Австрија испрати специјалци
САД, Франција и Велика Британија ѝ понудија на Германија своја помош, а Австрија веќе испрати свои специјалци во Минхен, по пукањето во тамошниот трговски центар во кое се убиени најмалку осум лица, а се верува дека станува збор за терористички напад поради што е прогласена вонредна состојба во престолнината на јужната германска федерална земја Баварија.
Австриските власти испратија во Минхен група припадници на специјалните сили „Кобра“ за поддршка на минхенските специјалци по вооружениот напад во овој град, изјави челникот на управата за јавна безбедност при австриското министерство за внатрешни работи, Конрад Коглер.
„Поддршка на полицијата во Минхен ќе ѝ дадат 42 припадници на ‘Кобра’ од Австрија“, изјави Коглер за телевизијата ORF и додаде дека и во самата Австрија се засилени безбедносните мерки.
Засилени се контролите на граничните премини кон Германија од австриска страна, и при влез и при излез, а привремено во прекин е и железничкиот сообраќај од Австрија кон Минхен. Претходно од вечерта главната железничка станица во Минхен беше евакуирана поради нападот, а запрен е целиот јавен транспорт во градот.
Германските власти во петокот вечерта прогласија вонредна состојба во Минхен, по вооружениот напад во трговскиот центар „Олимпија“, бидејќи најмалку две лица осомничени за нападот се во бегство.
Американскиот претседател Барак Обама им вети на германските власти „целосна поддршка која им е потребна“ поради „терористичката ситуација“ во Минхен. „Некои од вас знаат дека имаше пукање во Минхен и во овој момент не се знае што точно се случува, но нашите мисли се со оние кои можеби се повредени“, изјави Обама додавајќи дека „Германија е една од нашите најдобри сојузнички и ќе ја пружиме сета помош која би можела да затреба во овој момент“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд упати во петокот вечерта „лична порака со поддршка“ до германската канцеларка Ангела Меркел која во сабота ќе одржи специјален состанок со безбедносните структури за настаните во Минхен.
Велика Британија е подготвена да ѝ помогне на Германија, изјави министерот за надворешни работи Борис Џонсон. „Шокиран сум и запрепастен од овој ужасен напад во Минхен и загубените животи. Моите мисли се со повредените и семејствата на убиените“, рече Џонсон.
„Ние сме подготвени да им помогнеме на нашите пријатели во Германија. Нашиот совет до британските граѓани во таа област е да останат во домовите и да ги следат препораките на локалните власти“, додаде./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Бурата Клаудија ја пустоши Европа, неколку земји најтешко погодени: маж загина додека спасуваше сосед
Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откога бурата Клаудија погоди делови од Европа. Во Франција десетици пожарникари бараат човек што беше однесен од ненадејни поплави. Во Италија екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата, а властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата.
Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од зголемувањето на нивото на реката пензионер слегол долу за да го премести својот автомобил. Сепак, возилото било однесено од ненадејните поплави, а сопственикот исто така паднал во водата. Веднаш била почната голема операција, во која учествувале 60 пожарникари, дрон и десет нуркачи. Сепак, телото на жртвата не е пронајдено, а спасувачите веруваат дека шансите тој сè уште да е жив се исклучително мали.
Un septuagénaire a été emporté par une rivière en crue en Ardèche alors placé en vigilance orange pluie inondation. Seule la carcasse de sa voiture a été retrouvée. Plus de 110 sapeurs-pompiers et gendarmes sont mobilisés pour le retrouver.
🎥 @AlexMuffon 🎙️@TPallordet pic.twitter.com/IcZ4ykNrfj
— M6 Info (@m6info) November 17, 2025
Проблеми се појавија и во департманот Дром, каде што огромен бран кал го зафати градот со 2.000 жители. Во тоа место за два дена паднала двомесечна количина дожд.
Во регионот Фриули во Италија еден рид се урна и уништи три згради. Тони земја проголтаа 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците рекоа дека мажот починал додека се обидувал да ја спаси.
17.11.2025#Italy
A state of emergency has been declared in the Friuli-Venezia Giulia region due to flooding and landslides.A landslide washed away three houses in Brazzano di Cormons. 150 mm of rain fell. Homes and infrastructure were flooded.There are fatalities.@vigilidelfuoco pic.twitter.com/AdMH2C0lse— Climate Review (@ClimateRe50366) November 17, 2025
Во целиот регион неколку градови беа поплавени од надојдените реки. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите каде што се засолниле.
фотo: принтскрин
Европа
Русите го нападнаа Харков преку ноќ: убиена 17-годишна тинејџерка, 16-годишно момче меѓу ранетите
Седумнаесетгодишна тинејџерка беше убиена, а девет други беа повредени во руски ракетен напад извршен ноќеска врз регионот Харков во источна Украина, изјави шефот на државната администрација на Харков, Олег Синегубов.
Девојката беше тешко повредена во нападот, а подоцна им подлегна на повредите во болница, додаде Синегубов.
Тој рече дека меѓу повредените е и 16-годишно момче, објави Укринформ.
1/
⚡️Russian missile strikes Kharkiv Oblast, killing teenage girl, injuring 9.A seventeen-year-old girl was killed and nine others were injured in an overnight Russian missile attack on the city of Berestyn in Kharkiv Oblast on Nov. 18, regional authorities said.… pic.twitter.com/m4GzjQEFsj
— Lew Anno Support#Israel #Ukraine 24/2-22 (@anno1540) November 18, 2025
Синегубов објави на Телеграм дека седум лица се хоспитализирани со повреди од рускиот напад врз градот Берестин во регионот Харков.
Нападот се случи еден ден по рускиот ракетен напад врз градот Балаклија, при што загинаа три лица, а ранети се уште 15, меѓу кои три деца.
Руските сили ја интензивираа својата офанзива во регионот Харков оваа година, што доведе до зголемување на нападите врз градови и села подалеку од линијата на фронтот.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски во Турција в среда, пристигнува и човекот на Трамп: се очекуваат разговори со Виткоф
Специјалниот американски претставник Стив Виткоф утре ќе ја посети Турција и ќе им се придружи на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денес „Ројтерс“ повикувајќи се на турски извор.
Зеленски претходно изјави дека планира да замине за Турција в среда по денешната посета на Шпанија.
Зборувајќи за претстојните состаноци со шпански и турски претставници, Зеленски во објава на „Фејсбук“ рече дека приоритет на Украина е да ги обнови мировните преговори и да ја заврши војната што е можно побргу.
Зеленски рече дека Украина исто така работи на продолжување на размената на затвореници со Русија.
Тој нагласи дека средбата со шпанските претставници долго се подготвувала и дека Киев очекува уште една силна земја да помогне во приближувањето на крајот на војната.
Зеленски в понеделник ја посети Франција, која ја нарече една од најпродуктивните оваа година, а Елисејската палата објави дека Украина ќе купи до 100 авиони „рафал“, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.
фото: принтскрин

