Забава
Руските агенти кои сееја паника во САД
Во контекстот на големата шпионска афера во Америка во која се уапсени десет лица кои шпионирале за Русија, САД се потсетуваат на агентите на КГБ кои им овозможија на советите да дојдат до атомската бомба
Олдрих Ејмс бил поранешен контраразузнавачки агент на CIA кој во 1994 г. беше осуден за шпионажа во полза на Советскиот сојуз. За СССР почнал да работи кога западнал во финансиски тешкотии влегол во советската амбасада во Вашингтон и ги понудил тајните во замена за пари. Информациите кои ги предал компромитирале повеќе од стотина агенти на CIA што резултирало со ликвидации на најмалку десет од нив. Американската Централна разузнавачка агенција забележала претходно дека и’ истекуваат информации, но нејзиното раководство одбивало да поверува дека има „крт“ и упорно сметало дека е прислушувано.Ејмс бил уапсен и осуден на доживотен затвор. Џулиус и Етел Розенберг биле американски комунисти кој на Советскиот сојуз му проследувале информации за американските нуклеарни тајни програми. Се запознале во 1936 г. и имале два сина. КГБ го регрутирала Џулиус во 1942 г. и набрзо станал еден од нивните најважни агенти кој пренел илјадници вредни документи. Двајцата биле прогласени виновни за шпионажа и погубени на електрична столица во сојузниот затвор Синг Синг во 1953 г. Џорџ Ковал бил агент на КГБ кој успеал да се инфилтрира во важниот таен проект на САД „Мехнетен“, кој го водела владата за развој и производство на атомска бомба. Дејствувал под коднотот име „Делмар“ а умрел 2006 г. во Москва. Се смета дека неговите информации до кои дошол работејќи во американските атомски истражувачки лаборатории помогнале СССР да направи нуклеарна бомба. Поранешниот руски претседател и актуелен премиер Владимир Путин и самиот поранешен припадник на КГБ, постхумно го одликувал со медалот „Херој на Русија“.Роберт Хасен бил поранешен агент на FBI кој цели 22 години, од 1979 до 2001 г. работел како шпион за советските и за руските тајни служби. Осуден е бидјеќи во текот на тој период на Русите им продавал американските врвни тајни за дијаманти и пари, од што заработил милион ипол долари. Неговиот случај во САД се смета за можеби најлошиот разузнавачки пораз во американската историја а осуден е на доживотен затвор без право на помилување. Денес во Русија наследник на советскиот КГБ е СВР (Служба внешнеј разведки) или разузнавачка служба за работа во странство која наводно има 13 илјади луѓе и годинава прославува 90-годишниот јубилеј, од Советскиот сојуз како НКВД.Како наследник на КГБ за која работел и премиерот Владимир Путин во времето пред распадот на СССР во Источна Германија, во Дрезден., е задолжена за прибирање информации во странство. Вториот наследник на КГБ е ФСБ, односно Федералната разузнавачка служба руски пандан на американското FBI која се занимава со контраразузнавачка дејност и внатрешната безбедност. СВР смета дека наместо како во ерата на Студената војан кога се заговарал ткн. глобализам и се стремело да се постави агент во секоја земја каде имало присуство ан западните разузнавачки служби, сега работите се многу променети. СВР наводно сега работи во оние региони во кои Русија има вистински интереси.
Хемингвеј бил советски шпион!?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

