Компании
Резиденцијален станбен комплекс Ветрило за квалитетен живот во чиста еколошка средина и место за духовен мир
На само 6,5 км оддалеченост од строгиот центар на Скопје во близина на општинската зграда во населбата Сопиште, надвор од градскиот метеж и далеку од скопскиот смог започна изградбата на резиденцијалниот станбен комплекс Ветрило.
Репрезентативен објект интересен за сите семејства кои сакаат да започнат фамилијарна приказна во опуштена и незагадена средина, и да го најдат духовниот мир и хармонија. Целиот комплекс зрачи со позитивна енергија, становите ги карактеризира многу светлина и одличен внатрешен распоред. При проектирањето е обрнато внимание на многу мали детали, се со цел да се обезбеди хармонија и задоволство за идните станари.
Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење на нивниот нов дом. Цената по квадрат е значително поволна, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.
Комплекс се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е 120 м2 , распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 200-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација. Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои, пак, овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и и да се овозможи и поубав поглед.
Загаденоста, секојдневниот стрес влијаат луѓето се повеќе да сакаат да живеат подалеку од градската гужва, во чиста еколошка средина, и со тоа да го заштитат сопственото здравје, кое е најголемиот луксуз денес.
Сопствен двор, базен, природа, чиста еколошка средина, мир и хармонија и многу сонце, се работите кои немаат цена. Инвестирајте паметно и на долг рок. За дополнителни информации испратете прашања на следниов меил [email protected]
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

