Регион
Грција одобри азил за 800 имирганти и покрај договорот ЕУ – Турција

Грчките власти одобриле азил за 800 бегалци на островот Лезбос, и покрај договорот меѓу Европската унија и Турција мигрантите кои доаѓаат во Грција да се враќаат на турска територија, јави во средата атинскиот дневен весник Kathimerini.
Договорот меѓу Брисел и Анкара наложува мигрантите кои пристигнале на грчките острови по 20-ти март да се враќаат назад во Турција, кој се смета за безбедна земја, и таму да можат да поднесат барање за азил во западноевропските земји.
Меѓутоа, како што пишува Kathimerini, многу грчки судови не ја сметаат Турција за безбедно трета земја во којашто мигрантите би можеле да се вратат.
Многумина од оние на кои им е дозволено да останат во Грција се или болни, или се помлади од 18 години, мајки со деца или имаат роднини во западните и северните земји на Европската унија, се додава во написот.
Засега не е познато кога тие 800 мигранти пристигнале во Грција, ниту кога точно им е одобрен азилот. Досега во Грција барање за азил поднеле 8.000 лица и повеќето од нив се сместени на Лезбос.
Од стапувањето на сила на договорот меѓу ЕУ и Турција приливот на беглаци во Грција е во постојано опаѓање. Во првата половина од јуни пристигнувале по помалку од 50 луѓе дневно, според официјалните грчки податоци./крај/мф/сн
Извор: Kathimerini
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин