Економија
САД ги обвини Кина и Индија за попустливост во врска со интелектуалната сопственост

САД ги обвинија Кин аи Индија како земји коишто не вложуваат доволно напори во борбата против кражбата на интелектуална сопственост, предупредувајќи на кражбите на трговските тајни во Кина и ширењето на генеречки лекови фалсификувани во Индија.
Бирото на Американското стопанско претставништво (USTR) не попуштил пред инсистирањата на Американската стопанска комора и фармацевтската индустрија во годишниот извештај за тоа во која мерка земјите ги штитат американските патенти, авторските права и другата интелектуална сопственост, на Индија да и’ го додели статусот „најлош прекршувач”. Наместо тоа, САД Индија, каде што траат маратонските парламентарни избори, ја задржал на ткн приоритетна надзорна листа заедно со Кина и уште други осум земји, пишува Reuters.
Есенва САД специјално ќе го разгледуваат „досието” Индија и ќе ги „дуплираат” напорите своите стравувања да ги споделат со новата влада во Њу Делхи, пишува уште агенцијата повикувајќи се на соопштението на USTR.
Меѓутоа, некои американски компании изразиле разочараност од тоа што USTR ја пропуштил можноста да ја спомене Индија и да ја стави на споменатата „црна” листа поради што може да биде подложена на трговски санкции или да ги загуби трговските повластици.
„Потребен е силен одговор за другите земји да бидат обесхрабрени слично да се однесуваат”, изјавил Орин Хач, републиканец во финансискиот комитет на американскиот Сенат и еден од четворицата водечки законодавци кои во 2013 година наредија истрага за трговските практики на Индија. Тогаш Хач Индија ја нарече „вистински пример” на лошо постапување во врска со интелектуалната сопственост.
САД, исто така, се загрижени и поради пиратските производи во Индија. Се проценува дека поради фалсификати и шверцувања сопствениците на авторските права во 2012 година биле оштетени за речиси 12 милијарди долари. Притоа, на пример, се наведува дека ЦД со пиратска верзија на Windows 7 чини 10 индиски рупии, или 1,66 американски долари, додека оригиналната верзија чини 100 долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.