Свет
Руски ‘Газпром’ почна со испорака на гас за Украина

Газпром“ до крајот на октомври во максимален режим може на украинската компанија „Нафтогаз“ да ѝ испорача 2,166 милиони кубни метри природен гас, соопшти во понеделникот челникот на рускиот енергетски гигант Алексеј Милер.
Газпром“ до крајот на октомври во максимален режим може на украинската компанија „Нафтогаз“ да ѝ испорача 2,166 милиони кубни метри природен гас, соопшти во понеделникот челникот на рускиот енергетски гигант Алексеј Милер.
Според соопштението, Украина побарала испораки на гас од 114 милиони кубни метри на дневно ниво, што одговара на годишната побарувачка на гас за Украина од 52 милијарди кубни метри. Така, преку максималната испорака на 114 милиони кубни метри гас, во следните 19 дена од октомври „Газпром“ може да ги испорача бараните 2,166 милијарди.
„Денеска ‘Газпром’ започна со испораката на гас за Украина. Од ‘Нафтогаз Украина’ е извршено авансирано плаќање од 234 милини долари од ветените 500 милиони за октомври“, изјави Милер за медиумите.
Операторот на украинските гасоводен систем „Укратрансгаз“ сепак немаат информации за обновувањето на испораките, изјавил за агенцијата ТАСС, портпаролот Максим Билавски.
Условите од ткн „зимски пакет“ за испорака на рускиот гас за Украина и неговиот транзит во Европа, за периодот од 1-ви октомври од 31-ви март беше договорен на 25-ти септември во Брисел за време на трипартитниот состанок, пред кој Русија и Европската комисија изјавија дека ќе потпишан финален договор. Но тогаш украинскиот министер за енергетика и јаглена индустрија Владимир Демчишин изјави дека за официјално потпишување на договорот „мора да биде спроведена правна процедура“, чија суштина не е објасни.
Подоцна рускиот министер за енергетика, Александар Новак, изјави дека Украина барала подигнување на статусот на трипартитниот договор за гасот на ниво на меѓувладин договор, што би било првпат во текот откако се одржуваат преговори меѓу Москва и Киев со посредство на Брисел.
Сепак, проблемот е во тоа што Европската комисија нема надлежност да потпишува договори со таков статус, а форматот на трипартитниот договор има статус на советодавно тело. Покрај тоа Москва, смета дека нема потреба овој договор да биде подигнат на меѓудржавно ниво.
На 25-ти септември Русија и Украина постигнаа договор за испораките на рускиот природен гас по намалена цена од 230 американски долари за илјада кубни метри гас во последниот квартал. Русија ја прекина испораката на гас за Украина во јули кога истече постојниот договор, по што Киев одби да продолжи да ја плаќа цената од 247 американски долари за илјада кубни метри гас.
Марош Шефчович, комесар на Европската комисија за енергија, изјави на прес-конференцијата дека прелиминарниот договор е „клучниот чекор“ за да се обезбеди дека Украина ќе има испораки на гас од октомври до март.
Русија и Украина со години се во спор околу испораките на гасот, што се влоши уште повеќе откако во февруари 2014 година беше соборен претседателот Виктор Јанукович. Во претходните спорови во 2000 и 2009 година, Москва ги прекина испораките за Украина обвинувајќи дека ги поткраднува испораките кои преку нејзината мрежа одат за Европа, предизвикувајќи недостиг од гасот, поради што и се реши на градењето на гасоводите коишто до 2019 година целосно ќе ја заобиколуваат Украина. Русија покрива повеќе од третина од европските потреби за гас, а половината од тоа оди преку украинскиот гасовод.
Во aприл 2014 година Русија објави дека го повлекува намалувањето на цената на својот гас за Украина постигнат во договор со сега соборениот украински претседател Виктор Јанукович, од декември 2013 година. Според тој договор, цената беше намалена за повеќе од третина и се симна на 268 долари за 1.000 кубни метри гас. Така веднаш по укинувањето на сите договори и попусти, цената на рускиот гас за украинските потрошувачи се зголеми на 485 долари за илјада кубни метри.
Намалувањето на цената на рускиот природен гас од дополнителни 100 долари за Украина беше предвидено со договорот од 2010 година, како дополнителен бонус што Москва покрај 100-те милиони долари годишно ги исплатуваше на својот сосед за користењето на воената поморска база на својата Црноморска флота кај Севастопол на полуостровот Крим до крајот на 2017 година, по што ќе следуваше друг анекс на договорот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.