Контакт

Култура

Оф-фест започнува вo четврток

Објавено пред

Десеттото издание на фестивалот Оф- фест ќе започне вo четврток на 2 јуни, со гостувањето на француската група „А Филета“ во МОБ, во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Десеттото издание на фестивалот Оф- фест ќе започне вo четврток на 2 јуни, со гостувањето на француската група „А Филета“ во МОБ, во 20 часот. Истата вечер ќе настапи и еден од најдобрите бразилски гитаристи Јаманду Коста кој се смета за еден од најголемите гении на бразилската музика на сите времиња.Втората вечер е резервирана за рок-бендот „Теракафт“ од Мали кој е автентичен пустински рок-бенд со Туарези гитаристи. На 3 јуни, в петок ќе настапат и Амаду и Маријам, „слепата двојка од Мали“ кои на македонската публика ќе и ги пренесат своите топли африкански ритами и заразните мелодии.„Горди сме на историјата на овој фестивал, бидејќи гостувале музичари и групи кои се импресивни и квалитетни имиња кои значат на светската музичка сцена. World music или музиката на светот е исклучително креативна во последните 20 години,“ истакна организаторот на овој фестивал Оливер Белопета.На 4 јуни ќе настапи Мерцедес Пеон која е позната како исклучително моќна и страсна пејачка која воедно е и експерт за свирење гајди и удиралки. Истата вечер „Баклава“ ќе го промовираат својот нов албум „Ме Манкас Мучо“.Ова, јубилејно издание на Оф-фест ќе го затворат корејската група Нореум Мачи и виртуозот на вибрафон и шишефон Зоран Маџиров и ќе настапат на 7 јуни во МОБ.Забава по повод десетгодишнината од фестивалот ќе се одржи во понеделник на 6 јуни во Менада, а два дена подоцна ќе биде промовиран и заеднички албум на Елена Христова и Горан Трајковски. крај/сж



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Жолдак гостин на МНТ

Објавено пред

По повод јубилејот „80 години Македонски народен театар“ наш драг гостин ќе биде големиот украински режисер, Андриј Жолдак, еден од најголемите режисери на денешницата во Европа, соопшти МНТ.

dobivaj vesti na viber

Откако се пресели во Германија во 2006 година, Жолдак соработувал со различни престижни институции, како што се Театар Оберхаузен, Берлинер Фестшпиле и Виенскиот фестивал. Во 2004 година, тој беше награден со УНЕСКО наградата за изведувачки уметности. Во 2010 година, Андриј Жолдак продолжи да дава значаен придонес во светот на театарот. Особено се истакна со режијата на „Ана Каренина“ во Градскиот театар во Турку, Финска. Оваа продукција му ја донесе наградата Талија, доделена за најдобра финска претстава во таа година. Една од најважните години за него беше 2023 година: тогаш, Жолдак ја режираше операта „Замокот на Синобрадиот“ од Бела Барток во Операта во Лион, Франција. Подоцна истата година, во јуни 2023, тој ја постави операта „Фиделио“ од Бетовен во Холандската национална опера во Амстердам.

Што се однесува до збирката на дела на Жолдак во Скопје, таа ја вклучува продукцијата на „Електра“, која премиерно беше изведена на сцената на Македонскиот народен театар на 5 септември 2014 година, а тоа и е неговата 41. професионална театарска режија. Претставата доживеа големи успеси во Македонија и надвор од границите, проследени со многу патувања на реномирани домашни и странски фестивали, како и голем број награди. Претставата „Електра“ беше избрана за најдобро уметничко остварување во целина на 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ја понесе наградата за најдобра режија, актерката Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра женска улога, актерката Звездана Ангеловска доби награда за епизодна улога, а наградата за млад актер му припадна на Александар Ѓорѓиески. Потоа претставата на 4 септември 2015 година го затвори и Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт. Македонскиот народен театар со претставата „Електра“ зема учество и на 30. Театарски фестивал ФИАТ во Подгорица, Р Црна Гора, каде освои три награди, „Електра“ е прогласена за најдобра претстава, Жолдак доби награда за најдобра режија, а Дарја Ризова за главна женска улога.

Македонската публика имаше можност да ја види претставата „Електра“ на 19 септември 2015 година, во рамките на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“ и таму следеше награда за најдобра актерка, повторно за Дарја Ризова. Во рамките на јубилејниот 40. Меѓународен театарски фестивал МОТ, „Електра“ се одигра на сцената на МНТ на 28 септември 2015 година.

Во 2017 година, „Електра“ учествуваше на 57. МЕСС, еден од водечките фестивали во овој дел од Европа, на истиот претставата брилираше, а актерката Ризова ја добива наградата за најдобар млад актер „Рејџан Демирџиќ“.

Жолдак, кој режира во повеќе европски центри, еднаш изјави дека е задоволен од соработката со ансамблот на МНТ и за нашиот театар рече дека станува можеби најдобар на Балканот, а за Македонија дека веќе е негов втор дом.

Андриј Жолдак во 2016 година ја продолжува соработката со МНТ и во копродукција со „Винер Фествохен“, еден од најголемите европски театарски фестивали, ја прикажа светската премиера на претставата „Соларис“ во комплексот MuseumsQuartiers (MQ) во австриската престолнина, а пред скопската публика се одигра есента.

Жолдак не признава бариери, комбинира комедија дел арте со сајберпанк и научна фантастика, се истура со енергија и имагинација. Неговиот театар е чист бес, ја слави ирационалноста и достигнува до самите ѕвезди кои ја инспирираат неговата космогониска визуелна екстраваганција. Затоа и не изненадуваат неговите најнови продукции.

Дипломирал студии по режија на московскиот Институт за филм и театар, под менторство на прочуениот руски режисер Анатолиј Васиљев. Авторската поетика на Жолдак, како и неговиот режисерски ракопис, несомнено се резултати на неговите перманентни интереси за филмот (Фелини, Бергман, Параџанов, Тарковски) и на истражувањата во областа на ликовните уметности. Повеќе години Жолдак го управувал Државниот академски драмски театар „Тарас Шевченко“ во Харков, на чија сцена режирал пет големи проекти кои, освен изведбите во Украина, биле изведени на престижни фестивали во повеќе од триесет европски земји. Во 2005 г. Жолдак ја режира Шекспировата пиеса „Ромео и Џулиета“, реализирана како копродукција помеѓу Берлинскиот фестивал (Berliner Festspiele), Европската агенција за култура (Agency Culture-Europe) и Аладемскиот драмски театар во Харков. По премиерната изведба на Берлинскиот фестивал и последователна изведба во Варшава, украинските власти го забраниле изведувањето на „Ромео и Џулиета“ во самaта Украина, принудувајќи го Жолдак да го напушти театарот во Харков. Оттогаш, тој постојано живее во Берлин, работејќи во водечките театри во Германија, Русија, Финска, Шведска и Швајцарија. Благодарение на својот долгогодишен опит на театарски практичар, како и на постојаниот ангажман во областа на театарската теорија, во текот на последниве години Жолдак е ангажиран како водител на низа теориски и оперативни театарски работилници во Велика Британија, Холандија, Шпанија, Германија, Финска, Франција, Јапонија.

Добитник е на голем број на награди.

Прикажи повеќе...

Култура

(Фото) Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Објавено пред

Пласидо Доминго вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и Балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.

Со голем ентузијазам и воодушевување успшено заврши првата проба. Во исклучително инспиративна атмосфера маестро Доминго ја покажа својата врвна уметност, но и посветеност, а оркестарот, инспириран од неговото присуство, одговори со извонредна прецизност и емоција создавајќи атмосфера што го најавува она што ќе биде, дефинитивно, еден од најспектакуларните концерти во историјата на македонската музичка сцена.

Ова доаѓање не е обичен концерт – ова е историски момент за македонската културна сцена. Гласот што одекнувал во најпрестижните театри во светот, на 14 март ќе ја исполни сцената во арената „Борис Трајковски“, а енергијата на неговото присуство веќе се чувствува меѓу музичарите и љубителите на операта.

Македонија го дочекува Доминго со восхит, а легендата почнува да ја испишува својата најнова музичка приказна.

 

Фото – Стефан Самандов

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков го посети манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ во Лешок

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во работна посета на Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во тетовско каде се сретна со митрополито тетовско-гостивараски г. Јосиф.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата министерот Љутков заедно со в.д. директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџипецова ги најавија завршните активности за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на Стариот конак како и активностите за конзервација и раслојувањето на живописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век.

„Сакам да најавам дека оваа година конечно ќе заврши конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак кој претставува интегрален дел од манастирскиот комплекс. За реализација на овој проект кој е од исклучително значење не само за МКТ туку и за Република Македонија обезбедивме 6 милиони денари и очекувам негово завршување до крајот на годината“, информираше Љутков.

Тој додаде дека оваа година, како капитален проект, се обезбедија и финансиски средства за реализација на конзервацијата и раслојувањето на живописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век.

„Според информациите од конзерваторите од НКЦ откриениот, трет, најстар слој фрески во црквата „Св. Богородица“ сведочи за повеќевековниот континуитет на опстојување на ова споменично добро во манстирскиот комплекс во Лешок. До крајот на годината очекувам да бидат пошироко дефинирани површините со најстариот живопис и да се предложат натамошни мерки за конзерваторските зафати“, рече Љутков.

Благодарност до надлежните институции за преземените активности упати надлежниот митрополит на тетовско гостиварската епархија на МПЦ – ОА, г. Јосиф, кој информираше дека завршувањето на манастирскиот конак со капацитет од 50 легла, кој заедно со спомен собата на Кирил Пејчиновиќ и сите оние пропратни содржини што се внатре во самиот конак, ќе биде од особено значење за развој на манастирскиот туризам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Специјалисти за изгореници и интензивна нега од Израел, Србија и Чешка доаѓаат утре на помош на македонските лекари

Од вкупно 115 пациенти кои денес беа примени на лекување во болниците во Кочани, Штип и Скопје по смртоносниот пожар...

Македонија9 минути

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...

Македонија1 час

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани...

Македонија2 часа

„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“

Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во...

Македонија3 часа

Владата на вонредна седница донесе неколку одлуки: седумдневна жалост во цела држава, строги контроли во угостителските објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица...

Македонија4 часа

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени...

Македонија4 часа

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани....

Македонија4 часа

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве...

Македонија4 часа

Почина Андреј од ДНК

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. „Голем човек, големо срце,...

Македонија4 часа

Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари

Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на...

Македонија6 часа

Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на...

Македонија6 часа

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, Струмица загуби талентиран музичар“, напиша Костадинов

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си...

Македонија6 часа

Двајца пациенти се на респиратор, а уште двајца може да завршат на респиратор во „Св. Наум Охридски“, некои се со 60 отсто изгореници

Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се...

Македонија7 часа

Тошковски: 59 загинати, 155 повредени во пожарот во дискотека во Кочани

59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред...

Македонија7 часа

(Видео) Благојчо Георгиев од Кочани: Кој даде дозвола таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува

Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во видео-снимка објавена на социјалните мрежи кажа дека изолацијата во дискотеката во Кочани била направена...

Македонија8 часа

(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во...

Македонија8 часа

Во моментот 118 лица се згрижени низ болниците во државата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври кажа дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и...

Македонија8 часа

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека е почната од 5 обвинители

Државниот обвинител Љупчо Коцевски утринава по состанокот со колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и со министерот за внатрешни...

Македонија8 часа

Министерството за здравство објави телефонски броеви за информации за состојба на пациентите, 152 лица се хоспитализирани

Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти. Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а...

Македонија8 часа

Црвениот крст отвори сметки за донации

Црвениот крст со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за...