Политика
Заев: Ова е државен удар, заедно со граѓаните ќе го вратиме уставниот поредок
Лицето Ѓорѓе Иванов, човекот кој на криминални избори Никола Груевски го постави за претседател на државата, денеска го заокружи државниот удар врз Македонија, изјави челникот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, и бара оставка од Иванов или да биде свикан парламентот за да отповикување на претседателот.
Претходно во вторникот Претседателот Ѓорге Иванов на прес-конференција во обраќање до јавноста соопшти дека донел општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза.
„Ова е државен удар. Криминалната банда на Никола Груевски, уништувајќи ја судбината и загрозувајќи ја иднината на Македонија, се обидува да се спаси од злосторството и криминалот што и го направија на сопствената земја, на сопствените граѓани“, се вели во изјавата на Заев кој го обвини шефот на државата дека станал „директен соучесник во злостроничкото здружување против Македонија“.
„Тој сака парите украдени од граѓаните од криминалната банда да не бидат вратени кај граѓаните. Од денеска нема правна држава. Го погазија Уставот, законите, достоинството на граѓаните. Денеска го погребаа Договорот од Пржино. Македонија тоа нема да го дозволи. Нема да дозволиме целосно рушење на државата. Заедно со граѓаните застануваме на страната на Македонија. Од денеска, со граѓаните ќе го вратиме правото и правната држава. Бараме, заштитникот на криминалците, лицето Ѓорѓе Иванов, веднаш да поднесе оставка“, наведува уште во реакцијата на лидерот на најголемата опозициска партија која не го прознава изборот на Иванов за претседател на државата.
Заев предупреди дека доколку Иванов не си поднесе оставка „државата ја доведул во вонредна состојба, на граница на експлозија“ и дека поради тоа Собранието мора веднаш да биде свикано и да покрене постапка за отповикување на Ѓорѓе Иванов.
„Во името на целата демократска и правдољувива јавност судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница. Криминалците да одговараат за криминалот. Невините да имаат можнст да ја докажат својата невиност. Јас, Зоран Заев, на чело на демократска Македонија, ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија, на улици, на протести, во градовите и селата низ цела Македонија“, порача Заев.
На новинарско прашање кога ќе заполнат најавенит претести, првиот човек на опозицијата рече дека тоа ќе се случи „веднаш откако ќе ги донесат одлуките“, а „денеска повикот е испратен“.
„Веднаш штом ќе ги донесеме одлуките започнуваат сите алатки коишто ни стојат на располагање. Правдата и правната држава во Македонија мора да ја вратиме. Ова денеска е државен удар, не е само удар врз правната држава. Сите алатки коишто ни стојат на располагање ќе ги користиме. Повикот за протест денеска е испратен. Со добра организација сите родољубци на оваа наша земја, сите слободоумни граѓани, почитувачи на правната држава, на слободата, и демократијата, ги повикуваме да ни се приклучат“, одговори Заев.
На новинарската констатација дека со споемантата одлука на Иванов, „веќе се укина“ и Специјалното јавно обвинителство, поради тоашто осомничените се амнестираат Заев рече дека „Штом ќе бидат слободни и независни институциите повторно во државата, актите за помилување на Ѓорге Иванов ќе бидат ставени вон сила. Затоа што законот за помилување е нефункционален, сите одредби се укинати од Уставниот Суд. Старите одредби од законот не се оживеани, затоа нема законска можност Ѓорги Иванов да аболицира, помилува или слично. Ги повикувам правниците да го дадат конкретното јасно толкување на оваа теза, оваа е на прва од нашите тимови. Оттука, секако СЈО стапува на сила мора да се одговара за криминалот на криминалците во оваа држава, и од тоа бегање, нема“.
„За да нема дилема, ќе појаснам. Ниту барав, ниту прифаќам амнестија. Не сме сите исти, и не сме сите криминалци. Јас сум невин и својата невиност ќе ја докажам на Суд, низ соодветна процедура. Не сакам воопшто да бидам аболициран, ниту помилуван, не ја прифаќам оваа одлука. Не дозволувам да бидам ставен во ист кош со вистинските криминалци во власта. Ги повикувам сите коишто се невини, а политички обвинети, да побараат повлекување на оваа срамна одлука од Иванов. Истовремено апелирам и потенцирам, луѓето по затвори, се помалку луѓе од политичарите? Човекот што украл 100 кебапчиња е во затвор, а криминалците сакаат да бидат ослободени? Тоа нема да го дозволиме. Ве повикувам, граѓани, тоа да не го дозволиме, не смееме тоа да го дозволиме. И на крајот, процесот „Титаник“ е отворен доказ за нелегитимноста на Ѓорге Иванов. Тој има судир на интереси, тој не може да помилува, затоа што директно и неговиот избор е доведен во прашање, од каде ја црпе можноста да помилува од непостоечки закон со уништени одредби. Отварам комплетно секаква можност оваа одлука да не биде функционална. Доколку некој се обидува да биде финкционална, секако дека ќе ги искористиме сите елементи тоа да го спречиме. Прво да даде оставка, ако не даде оставка да побараме импичмент, да побараме да биде разрешен од Парламентот. Оваа карикатура соопштение од ВМРО ДПМНЕ, што го пуштија е навистина карикатура соопштение. Ако навистина стојат зад тоа соопштение ги повикувам да дојдат на Собранието и да ја поддржат нашата иницијатива, за разрешување на Ѓорге Иванов, ако се искрени во својата намера. Да ја сочуваме правдата и правната држава во Република Македонија“, реке Заев./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.