Култура
Љубилејна турнеа на Мал драмски театар Битола

Двегодишнината од своето формирање (февруари 2009-та), и како месец во кој Мал драмски театар – Битола ги изведе своите три први премиери („Граница“, „Валкани приказни“ и „Друга страна“) ја одбележа со по две претстави во Охрид, Прилеп и Битола
Јубилејот на битолските театарски уметници минатиот месец беше заокружен со настапот во Сараево, на фестивалот „Сараевска зима“ со претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет во режија на Градимир Гојер, работена во копродукција со Градски театар Охрид.Во март, Мал драмски театар – Битола ја продолжува прославта на засега скромниот јубилеј со гостувања во соседни Бугаруија и Србија, каде што ќе се претстави со претставата „Столови“ од Ежен Јонеско во режија на Љупчо Ѓоргиевски во која настапуваат доајенот Јоана Поповска, бугарскиот великан Анастас Попдимитров и Александар Лозановски (со која МДТ-Битола настапуваше во Лондон, Истанбул, Санкт Петербург, Киев, Софија, Подгорица…).Ботолскиот драмски колектив покрај вчерашниот успешен настап во бугарска Враца, имаше уште еден настап и денска (15-ти) март во Драматично куклен театарВо четврток (17-ти март), МДТ-Битола ќе настапи во спрската престолнина Белград во рамките на фестиваот Славија 2011. Своевидната мини балканска турнеа битолчани, пак, ќе ја имаат в недела (20-ти март) кога ќе настапт во Крагуевац, во театарот „Јоаким Вујиќ“.Завршната прослава на двегодишното постоење на Мал драмски театар – Битола ќе се случи во скопскиот Драмски театар во понеделник (21-ти март) со почеток во 22 часот со претставата „Столови“.Инаку, во своите две години постоење Мал драмски театар – Битола реализираше вкупно 12 премиери – „Граница“, „Валкани приказни“, „Друга страна“, „Виктор“, „Љубов моја“ (премиерно одиграни во во 2009г., и „Црвено“, „Спиноза“, „Среќни денови“, „Госпоѓа А“, „Дневникот на лудиот“, „Сребрена свадба“ и „Столови“ одиграни миантата 2010-та. Неизоставно при претставувањето на една од „најмладите“ театарски институции во Македонија е да се забележи дека во овој кус период на постоење Мал драмски театар – Битола се стекна со осум интернационални награди – на MESS во Сараево, ExPonto – Љубљана, Јоакин Фест – Крагујевац, Фестивал на камерна драма – Враца, МоноАкт – Приштина…, со што според оваа категорија на итнернационални награди е најуспешниот театар Мекедонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.