Скопје
Атлетска трка „23-ти Октомври“
По повод 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба, и во пресрет на 3 -ти ноември Денот на општина Гази Баба, општината заедно со град Скопје и атлетското здружение „23-ти Октомври“, во парк шумата Гази Баба организираше атлетска трка.
Трката беше во поделена на два дела, рекреативна трка на 5 км и полумаратонска трка на 21км.
Овој спортски настан е со цел да се промовира парк шумата Гази Баба како идеална локација за разни спортски активности и рекреација , како и граѓаните повеќе да се запознаат со нејзините предности и убавини.
Во рекреативната трка на 5 км медали и подароци од спонзорите добија: во машка категорија: прво место, Пепи Анакиев, второ место, Дарко Поп Ацев, трето место, Игор Стојановски, додека пак победници во женска категорија се: прво место Минов Сузана, второ место Еми Мек Колдерк, трето место Моника Самарџиоска.
Во полумаратонската трка на 21км , медали,подароци од спонзорите и парични награди во машка категорија добија : прво место, Кокан Ајановски- 4000 денари, второ место, Дарио Ивановски-3000 денари, трето место, Игор Јакимовски- 2000 денари, додека пак победници во женска категорија се: прво место Росица Костова- 4000 денари, второ место Благица Јованова- 3000 денари, трето место Андријана Поп Арсова- 2000 денари.
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски присуствуваа на настанот и на победниците им ги врачија наградите и им честитаа за успехот ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

