Економија
Производството на тутун се намалува, ранливите категории не се засегнати

Македонија е принудена да го намали овогодинешното производство на тутун за 17 отсто поради екстерни фактори, но ќе се води грижа намалувањето да не ги засегне ранливите категории на тутонопроизводители.
На средбата што во четвртокот ја одржаа претставниците на тутонопроизводителите, на откупните компании и на владата, постигнат е договор намалувањето да биде пропорционално со количината на произведен тутун, при што ќе бидат заштитени оние лица кои тутунот го произведуваат од егзистенцијални причини.Како што појасни по средбата вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со денешниот договор предвидено е секој тутонопроизводител што во 2013 година имал склучено договор да не остане без склучен договор и за 2014 година.„На задоволство на владата, на тутунопроизводител, а и на откупувачите најдовме едно оптимално решение, со кое решаваме повеќе проблеми“,изјави Ставрески.Од вкупно 34.600 лица кој што склучиле договор во 2013 година, 24.500 произвеле тутун во помали количини, што значи дека поголем број од тутонопроизводителите само минимално ќе го намалат или воопшто нема да го намалат производството.Намалувањето воопшто нема да се однесува на оние лица кои во 2013 година произвеле до 500 килограми тутун, а според статистичките податоци станува збор за 10.726 земјоделци.Минимално намалување за пет отсто се предвидува за категоријата на производители од 501 до 1.000 килограми тутун, а во оваа група спаѓаат 13.803 лица.Следната категорија тутунари, кои произведуваат од 1001 до 2000 килограми тутун, односно 8.190 тутонопроизводители, ќе треба да го намалат производството за десет отсто.Оние што произвеле минатата година од 2001 до 3000 килограми тутун ќе го намалат производството за 30 отсто, оние кои произвеле до 4.000 килограми ќе го намалат за 40 отсто.Министерот за земјоделство Љупчо Димовски истакна дека оптималното количество на произведен тутун за оваа година изнесува помеѓу 25 и 26 милиони тони, што е за околу седум милиони помалку во споредба со 2013 година. Намалувањето на производството се должи на значителниот пад на побарувачката на светскиот пазар, но и на зголемената понуда во државите во регионот.Планираните субвенции за земјоделците од 60 денари по килограм ќе бидат навремено исплатени.Претставникот на Сојузот на здруженијата на тутонопроизводители, Данчо Милевски изјави дека ранливата категорија која исклучиво егсистира од тутунот ќе може да продолжи да произведува со минимално намалување и рече дека тутунопроизводители се солидарилизирале и сами прифатиле содветно намалување .„Им пренесувам на тутунопроизводителите дека секој кој имал договор ланската година и оваа година ќе има договор со мало намалување, и понатака од владата имаме по 60 денари субвенционирање од килограм откупен тутун“, рече Милевски. Вицепремерот Ставрески потврди дека за 2015 година се планирани субвенции за земјоделството во вкупна вредност од 150 милиони евра.Засегнатите страни сега треба да направат анализа за тоа кое би било оптимално одржливо долгорочно произвдоство на тутун, по што доколку има потреба би дошло до преориентација на одредени површини засадени со тутун во друга дејност. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.