Македонија
Уставниот суд ги запре сите изборни активности

Уставниот суд ги отвори сите можности за свикување на собраниска седница на која би се одложиле закажаните предвремени парламентарни избори на 5 јуни, откако поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на собранието.
Уставните судии едногласно донесоа Решение за времена мерка за запирање од извршување на поединечни акти и дејствија што се преземаат врз основа на одлуката, јави репортерот на „Макфакс“.Со оваа времена мерка која стапува на сила од среда, се запираат сите изборни дејствија што значи претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, може да свика седница на парламентот на која пратениците би одлучувале дали да се одложат закажаните избори.Уставните судии, идната среда, треба да го донесат конечното решение, односно ќе одлучуваат дали Собранието се распуштило во согласност со Уставот. Тоа ќе биде конечното решение, но сепак претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, може да се повика и на оваа денешна времена мерка и да свика седница за одложување на изборите.Претседателката на уставниот суд, Елена Гошева иако претходно беше против судот воопшто да расправа за уставноста на одлуката за рапуштање на Собранието, денеска се повика на одлука што ја донел Уставниот суд во 2001 година со која, иако судот прво се прогласил за ненадлежен, сепак потоа одлучувал поради државни интереси./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Ѓорче Петров со јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти за 2025 година

Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година.
Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје.
Краен рок за аплицирање е 29 мај 2025 година, а пријавите се доставуваат по пошта или лично во архивата на oпштина, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Пликот треба да биде без идентификациски ознаки и со назнака „не отворај – за Комисијата за распределба на буџетски средства за спорт“.
Кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи пријава, програма за работа, потврди, финансиски извештај и докази за регистрирана дејност, согласно со типот на апликантот (клуб, спортист, манифестација).
Одлуката за избор ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров (www.opstinagpetrov.gov.mk) најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
Избраните корисници, според соопштението, потпишуваат договор со општината, по што следи исплата на 50% од средствата. Останатите средства се исплаќаат по доставување на финансиски извештај.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Филипче моментно е во Дубаи влезен со златната виза заедно со Заев за приватен бизнис

Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи? Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон за настраданите од Кочани, за кои што морам да потенцирам дека Владата презема дури двојно од мерките кои СДС ги нуди со законот, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, Венко Филипче по информација добиена од свиркачи, на 10.05.2025 е излезен од Македонија на граничниот премин Богородица, одејќи во Грција. Оттука, го прашуваме Филипче, дали е точна информацијата дека од Солунскиот аеродром се упатува кон Дубаи со златната виза? Дали Филипче е во Дубаи на увид со Заев на изградба на 50катница или можеби некој друг бизнис?
Македонската јавност заслужува одговор, за тоа каде е Венко Филипче? Затоа ли имавме молк од 5 дена?
Додека тој ужива во украдените пари, лицемерно поднесува Закон за настраданите од Кочани, на којшто не ни присуствува“, вели Манасиевски.
Филипче, како што додава, е само обичен лицемер, лажго и манипулатор.
Според него, Филипче и СДС се синоним за криминал, корупција и предавства.
Македонија
(Видео) Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокатот Панче Тошковски

Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со Миле Јанакиевски беше дел од тимот што го изготвуваа законот за легализација, изјави денеска градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на прес конференција на која презентираше нови докази кои, како што рече тој, ја потврдуваат неговата невиност во осудителната пресуда.
„Овие докази се однесуваат на постапката водена за легализација на четирите објекти кои се наоѓаат покрај „Илинденска“. Што е интересно? Интересно е што легализацијата на еден од овие објекти ја водел како полномошник адвокат Панче Тошковски. Урбанистичката согласност ја подигнал адвокат Панче Тошковски, а на пресметката на комуналиите потпишан е Александар Јанакиевски. Тој е сега раководител на сектор за урбанизам во Гази Баба. Претходно бил раководител на сектор за урбанизам во Град Скопје, а претходно раководител за урбанизам во општина Центар“, рече Јакимовски.
„Господинот адвокат, сега министер Панче Тошковски, не го потенцирам за да го инкриминирам, напротив. Сакам да кажам дека господинот Тошковски ја познава оваа материја одлично“, нагласи градоначалникот и додаде:
„Тој не би поднел барање за легализација како полномошник на сопственикот на ДОТ Мебел, ако не е сигурен дека објектот има право на тоа, од причини што господинот Панче Тошковски заедно со Миле Јанакиевски учествуваше во тимот што го изготвуваше законот за легализација. И она што е уште најинтересно, полномошникот Панче Тошковски до нас има доставено изјава заверена на нотар од страна на сопственикот на објектот дека објектот го поседува повеќе од 20 години и дека потенцирам објектот е дивоградба. Значи сега имаме мртва трка меѓу оној што го чита законот и оној што го правел законот. И сега треба да погодиме од прилика кој подобро ја познава оваа материја“, рече Јакимовски.
Според него, ова е уште еден доказ дека во моментов оваа пресуда е само политичка и ништо повеќе и ова, како што рече, само покажува дека кога е во прашање струка тогаш адвокат Панче Тошковски совесно си ја завршил својата работа бидејќи објектот имал право на легализација.
Тој е осуден за бесправна изградба и злоупотреба на службената положба кои според пресудата се сторени за време на изградбата на новата општинска зграда на Карпош.