Забава
“Дивино“ на “Гурман-фест“ со готвачки рекорд до храна за сиромашните
Скопскиот ресторан “Дивино“ денеска и в сабота (18 и 19 мај 2012 година) ќе организира специјална акција со која ќе постави своевиден рекорд на Интернационалниот фестивал на храна и пијалок “Гурман-фест“ .
Готвачката екипа на ова популарно и пријатно собиралиште од скопската населба “Аеродром“, ќе испече 1.000 плескавици, а задутре ќе подготви 1.000 колбаси на штандот на “Дивино“ на “Гурман-фест“ кои потоа ќе ги донира на Црвениот крст на Република Македонија, со цел тие да стигнат до гладните и сиромашни сограѓани. „Нашето учество годинава на манифестацијата “Гурман-фест“ одлучивме да биде во знакот на корпоративната општествена одговорност и хуманиот пристап. Идејата е да поставиме еден своевиден национален кулинарски рекорд, но и да ја подигнеме свеста на јавноста дека меѓу нас има гладни и сиромашни сограѓани, вели Радомир Пандиловски, менаџер на ресторанот “Дивино”.„Свесни сме дека со оваа помош нема да ги решиме сите проблеми со кои што се соочуваат штитениците на “Црвениот крст”, но се надеваме дека со овој гест делумно ќе им го олесниме животот. Сакаме да им овозможиме барем овие денови, кога целиот град е во знакот на добрата храна, и најзагрозените да добијат вкусен и топол оброк како сите нас“, појаснува Пандиловски. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како изгледа денес Роуз од „Два и пол мажи“ која го демнеше Чарли
Хит серијата „Два и пол мажи“ се емитуваше од 2003 до 2015 година, а во главните улоги беа Чарли Шин, Џон Крајер и Ангус Т. Џонс.
Улогата на композиторот и женкар Чарли ја толкуваше Чарли Шин, се до кавгата со продуцентите кога беше заменет со Ештон Качер, а многумина се сеќаваат и на Роуз која со сите сили се трудеше да го освои неговото срце.
Улогата на Роуз ја толкуваше актерката Мелани Лински, која се прослави по оваа улога. Актерката минатата година постигна голем успех во кариерата со улогата во серијата “Yellowjackets”, но и покрај тоа се бореше со „стандардите за убавина“.
Таа изјави за „Њујорк Тајмс“ дека нејзината кариера првично се засновала на сценарија за „дебела пријателка“ или „смешна дебела жена“.
„Луѓето кои ја оценуваат мојата тежина и здравје се приказна за мојот живот уште од премиерата на “Yellowjackets”, напиша таа на мрежата „Х“ и додаде дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.
Нејзиниот сопруг ја поддржал, пишувајќи на мрежата „Икс“: „Ако некој има несакани коментари за нечиј изглед, слободно нека ги напише со трајно мастило на челото и нека излезе директно на сонце“.
Забава
Луѓето родени во овие два хороскопски знаци не сакаат да готват
Готвењето е уметност – барем за некои луѓе. Меѓутоа, други секогаш ја избегнуваат кујната и често може да ги фатите како нарачуваат храна од ресторани. Тие луѓе можеби се родени во овие хороскопски знаци.
Водолија
Водолиите се современи визионери, а нивната имагинација често ги надминува секојдневните задачи како што е готвењето. Наместо да поминуваат време на сечкање зеленчук, тие веројатно се зафатени со создавање револуционерни идеи кои ќе го променат светот. Кујната е едноставно преполна и премногу рестриктивна за нив; тие попрво би откриле нови светови отколку да мешаат сосови.
Стрелец
За Стрелците светот е нивна авантура, а кујната е како темнина која едноставно не сакаат да ја истражуваат. Тие се премногу зафатени со мечтаење за нивната следна дестинација или планирање авантури, па кујната често ја нема на нивната мапа. Стрелците ја сакаат слободата и слободата на движење, а готвењето често ги спречува да истражат се што може да понуди светот.
Забава
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го чекаат своето второ дете.
Ова го потврди пејачката во емисијата Ин Магазин. Парот ќе станат родители по втор пат, откако пред година и девет месеци ја добија малата Алба.
View this post on Instagram
Хана неодамна проговори за мајчинството.
„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. Таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави Хана. Вели дека многу и помагаат двете баби.
Хана е среќна што Алба расте во вљубено семејство.
„Горда сум што детето расте во љубов, што за жал не е толку често во денешно време и секогаш ми е жал за децата кои ја немаат и ми е тешка тема“, додаде таа.
Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во Сплит.