Забава
Хитлер од затвор барал кредит за да купи Мерцедес
Писмото во кое Адолф Хитлер 1924 година, бара кредит за да купи лимузина на „Мерцедес“, ќе се најде на аукција во Германија идниот месец, пишува „Дејли меил“.
Писмото во кое Адолф Хитлер 1924 година, бара кредит за да купи лимузина на „Мерцедес“, ќе се најде на аукција во Германија идниот месец, пишува „Дејли меил“.
Идниот германски диктатор Хитлер, писмото го пишувал во затворот во тврдината Ландсберг каде што бил затворен откако неговиот обид со нацистичката партија да ја превземе власта во Минхен, останал безуспешен.
Во писмото кое било адресирано до Јакоб Ферлин, сопственикот на претставништвото на „ Мерцедес – Бенз “ во Минхен, Хитлер во септември 1924 година напишал :
„ Најтешка работа за мене во овој момент е фактот дека најголемиот дел од парите заработени за својот труд можам да ги очекувам дури во декември. Затоа сум принуден да барам заем или кредит.Неколку илјади марки би биле голема помош. “
На Хитлер кој подоцна имал цела колекција на Мерцедеси, во тој период му се допаднал модел кој чинел тогашни 180.000 рајхсмарки.
Писмото е најдено на див пазар, а го заверил Државниот архив на Баварија во Минхен.
Станува збор за копија која била задржана во затворот додека оригиналот пратен во Берлин е загубен.
Се очекува писмото на аукцијата да биде продадено за неколку илјади евра.
Останатите документи кои ќе се најдат во продажба, ги вклучуваат и делата на Хитлер од затворот, врз чија основа не би можело да се заклучи дека подоцна ќе стане диктатор./крај/дм/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најнесреќните хороскопски знаци во јуни: дали сте меѓу нив?
Јуни може да биде тежок месец за некои знаци. Астрологијата може да биде многу моќна алатка за предвидување потенцијални проблеми. Три знаци овој месец ќе имаат посебни потешкотии да се справат со претстојните ситуации и на љубовен и на финансиски план.
Кои се најнесреќните хороскопски знаци во јуни?
Рак
Овој месец ќе ви биде тежок, бидејќи повторно ќе потонете во носталгија, Рак. Ќе се чувствувате како да не сте доволно ценети, и покрај тоа што се чувствувате како да ја носите тежината на светот на грб. Јасната и мирна комуникација без поплаки и обвинувања ќе ви овозможи решение за личните проблеми, а во време кога ќе ви бидат погодени финансиите. Држете се настрана од ризични инвестиции и бидете многу внимателни во вашите трансакции. Се предвидуваат професионални промени кои на прв поглед ќе имаат негативен ефект. Но, не заборавајте дека промените носат и добри работи.
Лав
Романтичните врски ќе поминат низ криза и ќе почувствувате дека ви треба одмор од партнерот. Притисоците од секојдневието ве трошат, но трпението ќе ви биде добар сојузник во овој случај. Посветете посебно внимание на вашето здравје и не оставајте ги ни најмалите неиспитани. Ставете ги вашите потреби на прво место и обидете се да се насмеете пред тешкотиите бидејќи само така ќе ги надминете.
Вага
Тајните и прикривањата ги тресат вашите врски, Ваги. Лагите од другата страна ќе ве вознемират, но не паѓајте во истата замка постојано и одново. Запомнете дека искреноста е на прво место. Мирната комуникација е најдоброто решение. Изразете го она што го чувствувате и внимателно слушајте што другите имаат да кажат. Познати сте по љубовта кон рамнотежа и смиреност и знаете како да ги заработите.
Забава
Џеј Ло и Афлек фотографирани заедно на натпревар, се бакнаа во образ пред папараците
Џенифер Лопез и Бен Афлек беа на кошаркарскиот натпревар на Семјуел, 12-годишниот син кој актерот го доби во бракот со Џенифер Гарнер.
Џеј Ло и Бен се сретнаа на влезот од салата во Санта Моника, Калифорнија. Актерот се смешкал, а кога се сретнале се бакнале во образ. На многу обожаватели ова им е чудно бидејќи претходно папараците често го снимаа парот како јавно разменува нежности.
Исто така, тие не се држеа за раце како обично. И покрај очигледните заладени односи меѓу нив, Бен сепак беше кавалер, па по натпреварот Џеј Ло ја отвори вратата од автомобилот, а потоа заедно тргнаа.
На спортскиот настан беше присутна и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер.
Забава
(Видео) Доаѓа серија базирана на една од најпопуларните игри на денешницата
Не само што доаѓа филм за Minecraft следната година, туку сега е објавено дека се планира и анимирана серија базирана на видео играта.
Minecraft беше објавен пред 15 години, а стриминг сервисот реши да направи анимирана серија која ќе биде адаптација на оваа ултра популарна игра.
„Ова ќе биде оригинална приказна со нови ликови и ќе го прикаже светот на Minecraft во ново светло“, соопшти Нетфликс.
Не се објавени повеќе детали, а познато е и дека за продукцијата е задолжено студиото WildBrain кое стои зад адаптациите како Sonic Prima и Ninjago.
Нема ни точен датум кога анимираната серија на Minecraft би можела да ја види светлината на денот, но Нетфликс напиша дека „доаѓа наскоро“.