Македонија
Пoлицајците згрижиле онесвестен мигрант, бремена жена со болки и дете од Сирија кое ги изгубило родителите
Полицијаците во вторникот згрижиле и им помогнале на онесвестен маж и бремена жена со болки од Камерун и му помогнале на дете од Сирија коешто се изгубило со своите родители.
Онесвестениот маж и бремена жена која имала болки биле пронајдени во вторникот попладне околу 14 часот на граничната линија кај Гевгелија. Полициските службеници ги транспортирале Камерунците во Здравствениот дом во Гевгелија каде им била укажана прва помош, а по лекарската нега двајцата ја напуштиле болницата.Девојчето родено 2010 година било најдено истo така попладнeто околу 15 часот на истата гранична кота. Во соработка со УНХЦР бил пребаран теренот и вечерта биле најдени родителите на девојчето, по што сите биле споени во просториите на полициската станица на граничниот премин Богородица. Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работи издало 657 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во Република Македонија.Вклучувајќи ги нив, во периодот од 19.06.2015, од кога беше донесен Законот за азил и привремена заштита, до среда, вкупно се издадени потврди на 5.915 странски државјани, од кои, 4.670 се од машки пол, 728 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.765, потоа Авганистан- 548, Ирак- 350, Пакистан- 275, Сомалија- 246, Конго-237, Палестина-162 додека останатите се во помал број. Во периодот од 07.00 часот на 30.06.2015 до 07.00часот на 01.07.2015 година нема вакцинирани лица. Извршена е дезинфекција во Куманово на 800 м2 вагони и 200 м2 чекална и перон. Потоа дезинфекција на вагони Табановце од 400 м2 и дезинфекција Скопје на 800 м2 вагони./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Пеце Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС. Тој е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС, криминал, аздисаност и личен профит. Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДС, Филипче и нивните партиски функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија посочуваат дека Државниот завод за ревизија извршил ревизија каде што утврдил дека се направени низа пропусти и злоупотреби за време на СДС и нивниот ексдиректор на СОЗР Пеце Мирчевски.
„Низа системски слабости од нефункционални финансиски контроли во бифеата, преку проблематични вработувања, до несоодветно управување со државниот имот, откриле државните ревизори во работењето на Службата за општи и заеднички работи за време на владеењето на СДС и Пеце Мирчевски.
Ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, ја пренатрупал службата со партиски кадри без соодветно образование и сертификати“.
Според соопштеното од ВМРО-ДПМНЕ, во 2024 година биле исплатени 3.274 илјади денари за 21 привремено ангажирано лице, од кои дел извршувале редовни работни задачи, вклучително и раководни функции.
Ревизорите, потсетуваат од оваа партија, укажуваат дека овие позиции законски бараат високи стручни квалификации и сертификати, а предупредуваат и дека големиот број привремени ангажмани, честата кадровска флуктуација и недоволното вложување во обука претставуваат ризик за континуитетот и квалитетот на услугите.
„Мирчевски е синоним за недомаќинско работење, аздисаност и празнење на државните сметки.
Миречевски има низа пропусти и скандали позади себе. ЈО исто така имаше отворено предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски, кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.
СДС е партија каде нејзините функционери додека биле на власт, наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДС“.
Македонија
(Видео) Филипче: Протестите за возачките дозволи не се начин, власта треба да понуди решенија за сите граѓани
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека протестите на дел од граѓаните поврзани со возачките дозволи и системот „Сејф сити“ не се начин за решавање на проблемите, но дека Владата има обврска да понуди институционални и законски решенија за сите категории граѓани.
„Сметам дека протестите не се начинот да се бара решението. Ние кажавме на почетокот за законот што сметаме дека е добро, а што сметаме дека е лошо, и тоа е начинот за да се најдат решенијата“, изјави Филипче.
Тој истакна дека власта не треба да ги игнорира општествените проблеми, туку напротив, да се отворат како теми за сериозна дебата и одговорна политика, при што владата мора да реагира секогаш кога постои немир кај граѓаните.
„Улогата на владата е да излезе во пресрет на сите. Значи прекршување на закон не смее да се толерира, меѓутоа мора да се разговара со луѓето, да види кои се проблемите и да им се понуди решенија за да може да функционираат понатаму.
Воедно, во одговор на новинарското прашање, Филипче ги демантираше информациите дека СДСМ стои зад протестите на дел од граѓаните Роми.
„Не. апсолутно демантирам“, рече Филипче.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, кажа дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја.
Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари.
Во само два месеци, како што информираше, намалени се повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, нормализирана е исплатата на платите во Дрисла, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Лајка, Флораком и Луна, каде што претходно, како што кажа, се доцнело по две плати.
Градоначалникот кажа дека Буџетот за 2026 година изнесува 5,2 милијарди денари – зголемен за 12 проценти. Пренесен е вишок од 482,9 милиони денари, со што за првпат по долги години Град Скопје има повеќе пари отколку обврски.
„Тоа ни овозможи да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива досега. Капиталните инвестиции се зголемени за 33,4 проценти, а веќе се реализирани 389,7 милиони денари, при што јануари 2026 година е најуспешен јануари по приходи и реализација“, кажа Ѓорѓиевски.
Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните кои го платиле данокот на имот и информираше дека се блокирани 17.694 сметки за долг од 1,3 милиони евра за 2021 година, како и дека во наредните 15 дена се очекува подмирување на обврските од 2022 до 2025 година од вкупно 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти во износ од 19,5 милиони евра.
„Ред мора да има. Секој денар во буџетот значи повеќе проекти и подобар живот за сите“, порача тој.
На крајот, Ѓорѓиевски нагласи дека ова е само почеток на финансиската консолидација и целосната трансформација на градот.
„Наследивме долгови, но градиме иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта. Ќе го направиме Скопје модерен, чист, функционален и достоинствен град. Нема враќање назад. Нема изговори. Само резултати. Заедно ќе успееме. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане цврсто на нозе и да оди напред“, кажа тој.

