Контакт

Култура

„Добриот великан” во Прилеп

Објавено пред

Во недела ( 27-ми март‘, на светскиот ден на театарот, во прилепскиот театар, точно напладне премиерно ќе биде прикажана претставата за деца „Добриот великан” од Красимира Методиева, во режија на Милан Секулоски

dobivaj vesti na viber

Покрај режијата, Милан Секулоски се јавува и како автор  на музиката за претставата, додека костимите и сценографијата се на Даниела Настоска. Во претставата ќе настапат Ангела Кочоска, Бобан Алексоски, Илија Волчески, Теа Ѓорѓиоска, Александар Тодески и Милан Секулоски. Текстот на Красимира Методиева првпат ќе се игра во Македонија, а предизвикот на режисерот да направи претстава за деца бил голем.„ Претставата е за најмилите и најискрените. Главните ликови ги играат средношколци, кои влегоа со огромна желба и љубов. Ме радува фактот што музиката е мое авторско дело, што за мене беше голем предизвик. Музиката беше и најтешкиот дел од работата, затоа што знаеме со каква музика се ’затрупани’” децата. Најважни се децата, оние од пет – шест години до 12- 13, па и на 18 години. Претставата да допре до нив и да ги прими нашите најискрени пораки, оти ’Добриот великан’ е детска претстава со еколошки пораки кои се проследени со секојдневните: да бидеме добри и умни, да го цениме тоа што го имаме и да им помагаме на послабите. Текстот е преубава надреална приказна за две дечиња кои бегаат од домот за сираци и се кријат во шума, која не е обична, затоа што е шума на великаните. Останатото треба да се види“, вели режисерот Секулоски.Претставата прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“, ја работи со сопствени средства.Инаку, во недела на светскиот ден на театарот, во 19.30 часот, по 60 пат ќе биде прикажана урнебесната комедија ,Од кол на кол“, во режија на Коле Ангеловски, кога ќе биде прочитана и светската и македонската порака за театарот, кој е слободна територија, ослободена од законите на гравитација и законите на општеството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почнува 24. „Синедејс“ со репертоар од над 50 европски остварувања

Објавено пред

Под слоганот „Се гледаме од другата страна“ под 3 до 10 декември се случува 24 CINEDAYS – Фестивал на европски филм.

dobivaj vesti na viber

Осумте селекции, повеќе од 60 филмови, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвна работилница „Маркетинг на филм“, се фактографски белег на годинешниот CINEDAYS.

„Оваа година публика не ја водиме на филмско патување туку ја водиме низ премин. Типично за Дејвид Линч, на кого му го посветуваме ова издание, надреално, сонувачки, убаво и контрастно. Тој премин и покрај сé, е богат со најновите и најнаградуваните филмови. Свесни сме дека земја како Македонија, со мал продукциски импакт, филмот се докажа како најголем амбасадор и за да можат да виреат такви креативци, но и на така префинета публика должни сме да и го дадеме најдоброто што знаеме да го правиме, а тоа е фестивал пред сé“ вели Маргарита Арсова – програмски координатор на CINEDAYS.

Два филма се на почетокот на фестивалот, “Тоа беше само несреќа” во режија на Џафар Панахи, добитник на наградата Златна Палма на Канскиот фестивал и „Човек лавина“ на Слободанка Рудин, филм за еден од најдобрите музичари и тапанари во поранешна Југославија, Драгољуб Ѓуриќиќ.

„Ова издание на CINEDAYS ги носи и “Тајниот агент” на Мендонса Фило, “Домот на младата мајка” на браќата Дарден, и двата номинирани за Златна Палма, “Татко Мајка Сестра Брат” на Џим Џармуш кој е добитник на наградата Златен лав во Венеција и досега не е прикажан во кината во Европа, потоа филмови во кои македонските филмски екипи се копродуценти, како „Оче наш“ на Горан Станковиќ, „Ера“ на Парта Келменди,

„Павиљон“ на Дино Мустафиќ…. А ќе гледаме и филмови на Сорентино, Парк Чан-Вок. Особено сме благодарни што годинава и Македокс ни се придружува со своја селекција, победници од нивниот фестивал. Многу гости, музика и филмски завршеток на годинава за МКЦ.“ – дополнува Арсова.

Селектор на програмата на 24-от CINEDAYS е Бернд Будер и годинава ќе ги гледаме филмовите структурирани во повеќе селекции: Официјална селекција, Гала програма, МК во ЕУ, МК премиери на кратки филмови, музички документарци, SEE програма, селекција на Дејвид Линч и Македокс.

Жири комисијата во состав Сара Климовска – актерка, Северна Македонија, Арсен Оремовиќ – режисер, Хрватска и Алеш Павлин – режисер. Словенија ќе одлучува за филмовите во Официјална конкуренција, а Ана Опачиќ – режисерка, Хрватска, Фатос Бериша – режисер, Албанија и Јасмина Карајловиќ – продуцентка, Црна Гора за филмовите во СЕЕ програма.

На 4 и 5 декември во клубот МКЦ, во рамките на СинеМјузик вечерите имаме специјална селекција од десетина млади европски бендови, поддржани од Лајвјуроп програмата. Влезот за концертите е бесплатен.

Фестивалот ќе се случува во просториите на МКЦ, во кино Фросина и Дансинг салата 25 мај.

Билетите за овогодишното издание на CINEDAYS ќе бидат по цена од 200 денари, за сите филмови, а може да купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (препорачуваме онлајн-продажба), како и на самиот влез на МКЦ.

Фестивалот во најголем дел е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ. Останати финансиски покровители се Градот Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата за поддршка на европски филмски фестивали како и мрежата Лајвјуроп.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера во Африка и во Португалија на „Јон Вардар“

Објавено пред

Од

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ неделава ќе ја има својата афричка и португалска премиера на два значајни меѓународни фестивали.

dobivaj vesti na viber

Првата проекција ќе се одржи на Zuma International Film Festival во Абуџа, главниот град на Нигерија, што ќе биде воедно и афричка премиера на филмот. Фестивалот е организиран од Нигериската филмска корпорација, а ова 15. издание се одржува под мотото: „Раскажувањето приказни и глобалното влијание: Филмот како моќно средство за економски развој“. Тематскиот фокус ја нагласува стратешката улога на кинематографијата во обликување на перцепциите, влијание врз глобалните општествени разговори и поттикнување културна размена.

„Јон Вардар против галаксијата“ пристигнува и на Азорските острови — филмот ќе се најде во изборот на 9. AnimaPIX во Португалија, каде што официјално ќе ја одбележи својата португалска премиера.

Анимапикс има репутација на фестивал кој го слави „детето во секој од нас“, со фокус на креативност, визуелна уметност и експериментални форми. Освен проекции, на фестивалот се одржуваат изложби и промоции на илустрирани книги, стрипови и други форми на визуелната уметност.

„Јон Вардар против галаксијата“ е прв долгометражен македонски анимиран филм. Досега беше прикажан на над 40 меѓународни фестивали и освои 5 награди. Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.

Прикажи повеќе...

Култура

Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн

Објавено пред

Вечерва, во легендарниот IFC Center во Њујорк, ќе се одржи американската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan) на Тамара Котевска. Публиката на Менхетн ќе има можност да го доживее ова ремек-дело од филм што веќе почна глобално да освојува, буди љубопитност кај критичарите, а раскажува една оригинална македонска приказна за штркот Силјан.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по проекцијата, ќе следува разговор со публиката, на кој ќе учествуваат Тамара Котевска (режисер и продуцент) и Jean Dakar (кинематографер и продуцент). Ова е можност американските гледачи одблиску да ја чујат приказната директно од авторите за создавањето на филмот и за неверојатниот однос меѓу човекот и штркот, кој го инспирира целиот проект.

Филмот ја почна својата светска авантура во Венеција, каде што ја освои престижната награда Cinema & Arts Award на Venice Film Festival. Тоа беше првиот силен сигнал дека „Силјан“ ќе го освои вниманието на документарниот свет. Следувааа значајни награди и номинации од релевантни филмски фестивали: NY Doc, IDA (International Documentary Awards), Bergen, Cinema Eye Honors, Coronado Island Film Festival Калифорнија и ред други.

Но најголемиот доказ за вредноста на овој филм воопшто е откупувањето на правата од страна на „Нешнал џеографик“ (National Geographic Documentary Films).

Овој филм е наш кандидат за „Оскар“ за категоријата најдобар странски филм, а токму „Нешнал џеографик“ го пријавува овој филм за трката за „Оскар“ во категоријата најдобар документарен филм. Со самото пласирање во двојна оскаровска трка повторно имаме шанса за двојна номинација за „Оскар“ поради Тамара Котевска.

Вечерашната американска премиера во IFC Center е моментот кога филмот се среќава со американската публика, критичарите и фестивалските селектори. Се очекува голем интерес и од македонската заедница во Њујорк, која го следи успешниот лет на „Силјан“.

Приказната за Силјан, човекот и штркот што создадоа нешто многу поголемо од случајна средба, вечерва го почнува својот најзначаен лет во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците низ Скопје од денеска ќе снимаат, а возачите кои ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а...

Македонија1 час

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија2 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија2 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет3 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет3 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет3 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет4 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија22 часа

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија24 часа

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...

Европа3 дена

Главниот советник на Зеленски поднесе оставка

Андриј Јермак, моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Оставката дојде откако агенти од Националното биро...