Забава
Стручњаците предупредуваат на можен топлотен удар

Европските метеоролози страхуваат дека континентот може да биде погоден од топлотен бран, сличен на оној од 2003 г., кога како последица од големите горештини починаа повеќе од 25 илјади луѓе
Ваквите стравови се темелат на тоа што во Лисабон температурата деновиве достигна до 39 степени целзиусови, а во внатрешноста на Португалија и до 42 степена. Во другите региони на западнито дел од Европа, температурите се зе неколку раздела пониски, но сепак високи, имајќи предвид дека летото вистински се уште не започнало.Во Русија, пак, заради температурите невообичаено високи за минатиот јуни, во Москва на пример беа неколупати измерени дневни рекорди на температурите во јуни во последниве 70 години кои достигнаа меѓу 32 и 34 степени Целзиусови, при разладување во езерата и заради дејство на алкохол, почина во една седмица околу 300 лица. Метеоролозите прогнозираат дека горештините во западна Европа ќе траат уште неколку дена, по што температурите малку ќе опаднат. Слично е на истокот на Соединетите држави. На пример, во сојузната држава Тексас вечерите се постудени до 26 степени, а дневните тепмератури достигнуваат и до 32 степени Целзиусови.И Кина има проблеми со големите горештени , така што почетокот на јули беше најтоплиот во последните 50 години во Пекинг и околината, а живата во термометрите се искачува и до 40-от степен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Обожавателите на Евровизија не можат да поверуваат колку години има претставничката на Полска

Полска на овогодинешниот Евровизиски натпревар ја претставува Јустина Стечковска со песната „Гаја“.
Јустина успеа да се пласира во финалето на натпреварот, а нејзиниот полуфинален настап синоќа собра речиси половина милион прегледи.
Многу обожаватели на Евровизија беа изненадени кога дознаа колку години има претставничката на Полска. Имено, Јустина е родена во 1972 година, односно за неколку месеци ќе наполни 53 години.
„Таа жена од Полска има 52 години“, „Сè уште не можам да верувам дека Јустина Стечковска има 52 години“, „Извинете? Претставничката на Полска има 52 години?“, „Најжешката 52-годишна жена досега“, се некои од коментарите на Икс.
Забава
Таа не облече „гол фустан“, но не носеше ништо под него: Бела Хадид брутално возврати на новиот дрес-код во Кан

Организаторите на фестивалот јавно го окарактеризираа како лош пример. Правилникот беше ажуриран поради неа, со пораката – не се облекувајте како Бела Хадид. И таа им одговори на единствениот начин што го знае: со доминација.
Кралицата на црвениот тепих повторно напаѓа – овој пат со повеќе стил од кога било, и помалку облека отколку што сакаа организаторите.
Бела Хадид пристигна – и не тивко. На првиот ден од Канскиот филмски фестивал, моделот прошета по црвениот тепих во фустан како знак на став. Без потреба од голотија, а сепак — нема ништо под него. Црн фустан од модната куќа „Сен Лоран“, со прорези кои повеќе откриваат отколку што покриваат, беше нејзината софистицирана шлаканица во лицето на новиот, построг дрес-код на фестивалот.
Пред почетокот на фестивалот во 2025 година, организаторите јасно ставија до знаење: „Заради пристојност, голотијата е забранета“. Правилникот дури сугерира дека ѕвездите „не треба да се облекуваат како Бела Хадид“. И како таа одговори? Со појавување во фустан кој ги крши сите правила.
Асиметричен, длабоки резови, драматичен крој — фустан како протест и порака: стилот не познава забрани.
Забава
(Фото) Најубавата жена на светот помина во редовите на фатални русокоси

78-от Кански филмски фестивал, како и секоја година досега, ќе собере голем број познати ѕвезди од различни сфери на уметноста. Организаторите на овој престижен настан одлучија да воведат големи промени за црвениот тепих оваа година.
Јавните личности ќе мора внимателно да ги избираат своите облеки, бидејќи голотијата ќе биде строго забранета.
Сепак, ова правило не се чини дека важи за гостите кои полека се собираат. Најубавата жена на светот, Бела Хадид, неодамна беше фотографирана пред хотелот каде што ќе престојува до крајот на фестивалот. Моделот ја изненади јавноста со својот аутфит, но и со драстичната промена на имиџот.
Таа ги замени своите темни прамени со малку посветла боја – со други зборови, таа одлучи да се придружи на редовите на фаталните русокоси.
Иако организаторите на настанот јасно нагласија дека нема да има голотија, тоа не ја спречи Бела да ја покаже својата завидна фигура на друг, малку поскриен начин.
Папараците ја фотографираа во бела облека – од глава до пети. Таа носеше корсет и панталони, а едвај видливите златни додатоци го надополнуваа овој минималистички стил.
Таа ги поздрави љубопитните фотографи пред хотелот со блескава насмевка, заработувајќи ја нивната симпатија.