Економија
За едните развоен, за другите непродуктивен – продолжува расправата за Предлог буџетот
Продолжува жестоката расправа меѓу пратениците во Собранието на Република Македонија за Дополнителниот предлог буџет за 2014 година. За едните тој е развоен со висок износ на капитални инвестиции, пари за плати, пензии, исплати на субвенции…, додека, пак, за другите е расфлање со народните пари и манипулирање со граѓаните.
Во 2013 година се евидентирани позитивните ефекти од економските политики и мерки што ги спроведува актуелната владеачка гарнитура со оглед на тоа што минатата година е постигнат просечен раст на економијата од 3,4 проценти оцени пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО – ДПМНЕ. Според неа, со тоа се покажале неоснованите минатогодишни несогласувања на опозицијата за проекциите за овогодинешниот буџет.
Кузмановска потенцираше дека многу значајни од буџетот за 2014 година се инвестициите од околу 900 милиони евра кои се планираат за изградба на нови патишта. Таа додаде дека со новиот буџет се предвидува капитални инвестиции кои се за 20 проценти повеќе во однос на минатата година, вложувања во технолошко индустриски развојни зони, привлекување на странски инвестиции, со што ќе се придонесе во отворање на нови работни места.
Наспроти тврдењата на Кузмановска, пратеникот Горан Мисовски истакна дека во Македонија се живее во сиромаштија за што доказ било зголемувањето на голем број на граѓани надвор од земјава.
„Само во 2012 година 6.500 Македонски граѓани побарале бугарско државјанство, а 59.000 веќе имаат бугарски патни исправи. Луѓето бегаат од сиромаштијата и не можат да поднесат веќе и покрај силната кампања на Владата“, наведе Мисовски.
„Буџетот има сè повеќе развојна компонента, насочен кон инфраструктурни и енергетски проекти, и е со поинаква структура од другите буџети до сега“, истакна Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија која додаде дека во исклучително тешка економска состојба Македонија остварува економски раст и успева да се одржи на стабилно ниво.
Ваквото излагање во реплика го оспори Цветанка Иванова од СДСМ. Повикувајќи се на извештајот на „Економист“ таа потенцираше дека Авировиќ ги запоставила податоците според кои 75 проценти од граѓаните во Македонија со потешкотии обезбедуваат храна и домување, 30 проценти се на работ на сиромаштијата, а 50 проценти сметаат дека Владата го троши буџетот за непродуктивни цели./крај/мф/ап.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

