Контакт

Култура

Перформансот „Марионет“ на Ели Чочова во ЦК Креаактив

Објавено пред

Во Центарот за култура „Креактив“ во Скопшје во 20.30 часот ќе биде изведен перформансот на Ели Чочова на насловен како „Марионет“, во кој покрај самата уметница учествуваат и Наташа Гелева, Марија Смилевска, Билјана Секуловска, Ана Пандевска, Марија Стојческа и Ели Василевска.

dobivaj vesti na viber

Во Центарот за култура „Креактив“ во Скопшје во 20.30 часот ќе биде изведен перформансот на Ели Чочова на насловен како „Марионет“, во кој покрај самата уметница учествуваат и Наташа Гелева, Марија Смилевска, Билјана Секуловска, Ана Пандевска, Марија Стојческа и Ели Василевска. Со перформансот „Марионети“ на македонската уметница Ели Чочова, публиката всушност се сретнува со една несекојдневна визуелна и аудитивна инсталација на „живи објекти“ во просторот: седум девојки – кукли, кои не само што се облечени во несекојдневни модели, туку и се однесуваат според принципите кои тие парчиња текстил им ги налагаат.Во рамките на овој перформанс, време-просторот е условен од замислени трендови, кои уметницата ги поставува во сооднос со својата проекција на реалноста во еден конечен тек на иднината. Ваквиот специфичен дискурс, кој реалноста ја заменува со иреалност, рационалноста со ирацоналност, а возможното и општествено подобното се заменети со невозможно, говори истовремено за две значења. Првото ја подражава неупотребливоста на уметничкото дело, наменето само за публиката и нејзиното надворешно-сетилно уживање во него, а втората ја конотира безидејноста на новите генерации, подложни да имитираат и прифаќаат секакви трендови (дури и баналните и неудобните!) само за да бидат дел истите.Овие шест модели на интересни и забавни, но истовремено и неудобни и нефункционални парчиња гардероба, составени од двобојни материјали со геометриски принтови, во замислата на авторката функционираат во некоја паралелна димензија на општо-прифатеното. Тие тежнеат да воспостават сопствени трендови и тоа не само трендови за носење, туку и онакви кои го условуваат движењето на личноста, а оттаму и движењето на мислата, креацијата и идејата на таа личност. Тие движења се лесни за имитација и погодни за интерпретација од страна на секој, што визуелно е прикажано преку видео-проекција на уметницата, која пред публиката ги прикажува таквите имитирања и занесеноста во нив. Со други зборови, трендовите и насоките за нивно употребување во овој перформанс доаѓаат со визуелно „упатство за употреба“, демонстрирано од самата нивна креаторка. На едно подлабоко ниво, сепак, таа замислена псевдо-реалност бескомпромисно претставена пред публиката, зборува за навидум „слободниот избор“ на личноста, а кој всушност е општествено наметнат, без разлика дали се работи за обична мода на облекување, или пак размислување, а секако и многу посериозните општествени видови на (тоа што современата култура сака да го нарекува) сопствен избор на личноста.Ели Чочова со прикажаните видеа (поточно, видео-туторијал, како најсовремена форма на само-обучување и стекнување на нови знаења, најчесто преку интернет), модели и нивната шминка, ја разоткрива структурата на својата идеја која влече длабок корен од сопствената футуристичка замисла за она што би било видено на улиците во еден сосема поинаков, а сепак толку сличен на сегашноста, универзум. Неподвижноста е „новата“ подвижност, кратките и отсечни движења сведочат како симбол воедно и предупредување, за она во кое што би можело да се престори општествената послушност и подобност на имитација. Со овој перформанс, авторката не само што ги демонстрира своите размислувања за сосем возможната иднина на следењето на ирационалните трендови (кои се присутни и во сегашноста, а биле овде и во минатото), туку ги илустрира и ограниченостите кои истите тие ирационални и слепи следења на трендовите во иднината би ги проектирале врз свеста на секој што ќе тргне по нив. Така, со едноставниот метод на „претерување“ во перформативната уметност, уметницата истовремено приложува и визуелно уживање за публиката, но и своевидно предупредување за тоа каде би можело да води едно „слепо“ и пасивно следење на секој општествено наложен тренд/крај/ев/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија

Објавено пред

Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.

dobivaj vesti na viber

Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.

Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.

Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.

Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.

Целосна ПРОГРАМА

Прикажи повеќе...

Култура

Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо

Објавено пред

Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.

Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Георги Сталев Поповски

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија информира дека на 30 декември 2025 година, во 95. година од животот, почина Георги Сталев Поповски, поет, прозаист, преведувач, драмски писател, научен работник и поранешен универзитетски професор, доктор по филолошки науки и најстар член на писателската асоцијација.

dobivaj vesti na viber

Георги Сталев Поповски е роден на 22 април 1930 година во Витолиште, а почина во Скопје. Високото образование го завршил на Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на својата богата професионална кариера, меѓу другото, бил и долгогодишен уредник на списанието „Современост“.

Член на Друштво на писателите на Македонија бил од 1956 година, како прв член примен во Друштвото по заслуга на своите достигнувања во областа на книжевниот превод.

Поповски е добитник на бројни признанија и награди, меѓу кои двапати наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за книжевна критика и есеистика, наградата „Златен лавров венец“ за најдобар драмски текст на фестивалот „Мали и експериментални сцени“ во Сараево (1972), наградите „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за книжевен превод, медалот од Фондот „Лермонтов“ во Москва, како и македонските државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и наградата на Град Скопје „13 Ноември“.

Тој останува актуелен и во 2025 година како еден од авторите на збирката раскази Она што се памети живее („Никогаш докрај раскажани приказни“) во издание на ДПМ, во која е застапен со расказот „Доста ми е власт играње“ – сеќавање на неговиот татко, Стале Попов, корифејот на македонскиот роман.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа23 минути

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет29 минути

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет2 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет2 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа2 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија3 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија3 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија14 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија17 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија18 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија20 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија20 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ21 час

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија21 час

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија21 час

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет1 ден

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа1 ден

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет1 ден

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа1 ден

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...