Македонија
Отфрлени жалбите на СЈО за притвор на Јанкулоска и Божиновски
Кривичниот совет во петокот ја потврди одлуката со којашто се одбиваат жалбите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за одредување притвор на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, секретарот на Владата, Кирил Божиновски, претставникот во општинската изборна комисија во скопската општина Чаир, Исмет Гури, и уште две лица.
Кривичниот суд во петокот ги потврди и другите опет решенија на судиите на претходна постапка со кои се отфрлаат барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор.
„Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, доставени против решение на судијата на претходна постапка од 15.02.2016 година, со кое се одбива предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В., денеска одржа седница во присуство на странките, кое беше одобрено по нивно барање, по што: Кривичниот совет составен од тројца судии, по секој поединечен предмет по жалба на Обвинителството во кој како членови на совет учествуваа сите судии од Одделението за организиран криминал и корупција, донесе решенија со кое жалбите на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува.
Постапувајќи по жалбата на Е.Т. за лишување од слобода, Кривичниот совет донесе решение со кое жалбата на Е.Т., поднесена преку неговите бранители, се уважува.
Кривичниот совет од Одделот Кривично полнолетни, постапувајќи по жалбата на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите на решението на судија на претходна постапка од Одделот Кривично полнолетни со кое се одбива предлогот за определување мерка притвор за лицето И.Г. и се определуваат мерки за претпазливост, советот донесе решение со кое ја одбива жалбата на Обвинителството , а решението на судијата на претходна постапка се преиначува така што гласи дека предлогот за определување мерка притвор се одбива како неоснован.
Постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството советот почитувајќи го законски предвидениот рок донесе решенија кои во текот на денешниот ден беа писмено изработени и се експедирани односно испратени до странките“, се наведува во соопштението.
Решенијата се веќе изработени и доставени до странките во случајот, кои против нив немаат право на жалба.
Така отстранета е мерката за претпазливсот, која судијата на претохдна постпака му ја одреди на секретарот на општинскатаи изборна комисија во Чаир, Исмет Гури, кому во понеделникот му беше одредена мерка со којашто му се забрнуваше пристап до одредени лица.
Кривичниот совет, исто така, одлучил да ја прифати и жалбата на одбранта на градончалник на општината Пустец во соседна Албанија, Едмонд Темелко за неговото лишување од слобода. Судиите во претходна постапка му изрекоа мерка за претпазливост единствено на Темелко, кој треба еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен.
Специјалното јавно обвинителство претходно побара од судот притвор за споменатите лица, ценејќи дека постои „основан страв дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело“ или, пак, „ќе влијаат врз сведоците и вештаците“. Кривичниот совет, во четвртокот постапи по жалбата и одби притвор и за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и за уште две лица.
Специјалното обвинителство уште вчера најави дека продолжуваат со истрагата и не ја отфрлија можноста во натамошниот тек на случајот повторно да се бара притвор, доколку се обезбедат нови докази за овие лица./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

