Контакт

Филм

Филмот ’Nobody Wants the Night’ ќе го отвори Берлинскиот филмски фестивал

Објавено пред

Светската премиер на филмот „Nobody Wants the Night’ на шпанската режисерка Изабел Којшет во кој настапува Жулиет Бинош, ќе го отвори на 5-ти февруари 65-го издание на Берлинскиот филмски фестивал, еден од најпрестижните филмски фестивали на кој ќе бидат прикажани околу 400 проекции, а целосната програма на 27-ми јануари ќе ја објави претседателот на годинешното жири, американскиот режисер Дарен Аронофски.

dobivaj vesti na viber

Филмот „Nobody Wants the Night“ е историска драма за храбрите жени и амбициозните мажи чиешто дејствие се одвива на Гренланд на почетокот од XX век. Во филмот кој ќе биде еден од 23-те кои ќе се натпреваруваат за главната награда Златна мечка, покрај Жулиет Бинош, играат и Ринко Кукучи и Габриел Бирн.

„Одушевен сум што овогодишното Берлинале ќе го отвори ’Nobody Wants the Night’. Којшет направи импресивен портрет на две жени кои се соочуваат со екстремни услови“, се вели во изјавата на директорот на Берлинскиот филмски фестивал, Дитер Кослик, објавена на интернет страницата на манифестацијата.

Станува збор за седми филм на режисерката Којшет кој ќе се прикажува на Берлинскиот филмски фестивал, на кој пред шест години беше во жирито, и трето нејзино остварување кое е ставено во официјалната конкуренција за Златните и Сребрените мечки, по филмовите „Опсесија“ и „Мојот живот без мене“.

И Бинош е редовна на Берлиналето со филмовите „Чоколада“ и „Љубовниците од Понт-Неф“, додека во 1997 година ја освои Сребрената мечка за улогата во „Англискиот пациент“.

Светска премиера во Берлин ќе има и новиот филм „Taxi“ на иранскиот режисер Џафар Панахи, кој е добитник на повеќе престижни меѓународни признанија, вклучително и на Златниот лав од Венеција за филмот „Круг“ од 2000 година и Сребрена мечка на Берлиналето за „Офсајд“ од 2006 година. Панахи во 2010 година беше осуден во татковината за антивладини активности, откако започна да снима филм за немирите кои го зафатија Иран по реизборот на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Панахи беше ставен тогаш во домашен притвор, и му беше забрането да снима филмови, да пишува сценарија и да ја напушта земјата во следните 20 години, но сепак тој продолжи да снима.

Во конкуренција за наградите, исто така, ќе биде и филмот на познатиот германски режисер Вернер Херцог „Queen of the Desert“ во кој се обработува темата на односот меѓу славниот Лоренс од Арабија и Гертруда Бел. Главните ролји во ова остварување ги толкуваат Никол Кидман, Роберт Патисон, Џејмс Франко и Демиен Луис.

Францускиот режисер Беноа Жако во Берлин ќе го претстави својот нов филм „Journal d`une femme de chamber“ со атрактивната Леа Сејду во главната ролја. Во натпреварувачката конкуренција ќе бидат прикажани и полскиот филм „Body“ на Малгожата Шумовска, филмот на виетнамскиот режисер Фенг Данг Ди „Big Father, Small Father and Other Stories“, „Victoria“ на германскиот режисер и актер Себастијан Шипер и „Gone with the Bullets“ на кинескиот режисер Џијанг Вен.

Претходно беше објавено дека на годинешното Берлинале коешто ќе се одржува од 5-ти до 15-ти февруари и со кој традиционално се отвора филмската сезона, овојпат во 2015 година, во конкуренција ќе бидат и филмовите „45 years” на Ендрју Хејг, „Dreaming“ на Андреас Дресен, „Knight of Cups’ на Теренс Малик, „Под електричните облаци“ на Алексеј Герман помладиот и „Ејзенштајн во Гуанахуато“ Питер Гринавеј.

Очекуваната драма „Педесет нијанси на сивата“, во кој настапуваат Џејми Дорнан и Дакота Џонсон, ќе биде прикажан надвор од конкуренција.

Берлинскиот е еден од најстарите филмски фестивали на светот и се гордее со својата традиција да прикажува политички релевантни филмови, меѓутоа последните години неговите организатори се критикувани дека го свртуваат кон Холивуд и гламурот на црвените теписи. Додека изминатите години некои од филмовите избрани за отворање на фестивалот беа комерцијални и уметнички фијаска, со комедијата „Hotel Grand Budapest’ минатата 2014 година тоа не беше случај. Филмот, имено, ја освои големата награда на жирото на Берлиналето и потоа беше номиниран во 11 категории за престижните британски награди BAFTA.

Мината година фестивалот го следеа околу 3.700 новинари од 81 земја, околу 8.400 филмски професионалци учествуваа на Европскиот филмски саем, додека филмските проекции ги проследија околу 490.000 гледачи./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Ана Василевска во Битола ќе ја промовира книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“

Објавено пред

„Дискретниот шарм на македонскиот филм“ – книгата на македонската филмска критичарка, Ана Василевска, со капучино и пладневна дружба пристигнува во Битола.

dobivaj vesti na viber

Промоцијата на нејзиното дело ќе се одржи денеска во 12 часот во кафулето „Порта џез“, а промотор е критичарот Влатко Галевски.

Книгата којашто е во издание на „Македоника“ е сублимиран приказ на состојбите во нашата кинематографија од осамостојувањето на Македонија до 2021 година, односно опфаќа три децении македонска продукција.

Ана Василевска, родена во Скопје во 1975 година е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје.

Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година. Автор е на стотици објави на рецензии, осврти, интервјуа, анализи и критики поврзани со филмот, пласирани во бројни печатени и електронски медиуми. Била уредник на ревијата за филм на првото електронско списание во Македонија, „Блесок“. Селектор и модератор на ревијалната програма „Мак поинт“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во периодот од 2016 до 2019 година. Работела и како лице задолжено за односи со јавноста на бројни филмски проекти во македонска продукција.

Иницирала, организирала и модерирала низа тематски трибини за македонскиот филм. Уметнички координатор е на првата манифестација за преглед на годишната филмска продукција, „Златна рамка“, денови на македонски филм 2019- 2023 година. Медиуми во кои работела: Македонска телевизија, Дневник, Форум, Макфакс, Радио Равел, А1 он, Нова ТВ веб и други. „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга.

Прикажи повеќе...

Култура

„Браќа Манаки“: „Состојба на умот“ од кинематограферот Душан Кардалевски и во режија на Александра Кардалевска денеска во киното „Манаки“

Објавено пред

„Состојба на умот“, штотуку го почна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.

dobivaj vesti na viber

Краткометражниот филм „Состојба на умот“ (Frame of Mind) ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Манаки“ како дел официјалната краткометражна програма во компетиција за наградата „Златна камера 300“.

„Состојба на умот“ штотуку го почна своето фестивалско патување, досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Душан Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.

„Чест е да се има ова дело на токму ваков фестивал што ги вреднува кинематографските квалитети, кои веќе беа забележани во други земји. Филмот зборува за едноставна, но универзална приказна, за љубовта, загубата…“, велат авторите.

На денешната краткометражна програма ќе бидат прикажани и „Вистинската вистина за борбата“ на Алана Мехија Гонзалес, „Овца“ на Адиб Собхани. „Оддалечување“ Петер Колањи и „Добро момче“ на Кинан Масарани.

По проекциите, публиката ќе има можност за дискусија (Q&A).

Прикажи повеќе...

Култура

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Објавено пред

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич филм фестивал“ на плажата Славија во Охрид, кој ќе трае до недела.

dobivaj vesti na viber

Филмот кој на комичен и сатиричен начин ја раскажа приказната за една традиционална црногорска свадба која целосно излегува од контрола, успеа да ги изнасмее од срце присутните на плажата, но истовремено и да отвори бројни теми како што се бракот, патријархот, личните дилеми, бегството и прифаќањето на себе си, а најпосле и на реалноста.

На проекцијата присуствуваше дел од екипата, како и режисерот Мариновиќ, со кои потоа публиката имаше можност да ги сподели впечатоците од филмското дело и да се запознае подобро.

Филмот е мнозински црногорски филм снимен во копродукција со уште пет држави, меѓу кои и Македонија. Партнери во филмската копродукција се „Адриатик вестерн“ од Црна Гора, „Сенс продукција“ од Србија, „Аналог вижн“ од Чешка, „Кинорама“ од Хрватска, „Круг филм“ од Македонија“ и „Спок филм“ од Словенија, а како копродуцент се појавува и Радиотелевизија Црна Гора. Музиката во филмот е на Тони Китановски, а дел од актерската екипа е македонскиот актер, Никола Ристановски кој беше беспрекорен во својата улога.

Дел од екипата на долгометражниот филм „Живи и здрави“

Фестивалското отворање го донесе и краткиот филм „Шарац“ по сценарио и режија на Димитар Банов кој присуствуваше на настанот.

Во центарот на приказната е Шарац, кој по откривањето на неговата срцева состојба ја губи волјата за социјален живот. Сепак се’ се менува кога ќе се соочи со пријателите од средношколските денови… Во дискусијата по проекцијата беше истакнато и дека Шарац истовремено претставува и почеток на кампањата на Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди Човек“ за благосостојба низ целиот животен век.

Интересна беше и проекцијата на краткометражниот „Гнев“ – изработен од млади филмски ентузијасти на работилница за филм во рамките на фестивалот. Фокусирајќи се на присуството на казината и обложувалниците на секој чекор во градот, филмот направи интересна паралела помеѓу звуците на слот машините и блескавите излози со забавниот адреналински парк, создавајќи гнев кај младиот човек кој чувствува потреба да побегне.

Фестивалската вечер ја збогати настапот на македонска поп-рок-инди-џез група Sioto Jazz (Сиот тој џез) кои останаа на сцената подолго од предиденото на барање на публиката.

„Бич филм фестивал“ до недела ќе се одржува на четири локации во Охрид: Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид. Важно е да се напомене и дека за бродот „Армада“ билетите може да се купат само онлајн.

Програмата за 7. издание на фестивалот

Во главната програма ќе се прикажат уште шест долгометражни европски филмови: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

Покрај главната програма, на фестивалот дополително ќе бидат претставени и 13 краткометражни филмови, вклучувајќи и на Ана Јакимска, Елеонора Венинова и Јане Спасиќ.

Оваа година четиричленото жири, кое се состои од Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете институт), ќе ги додели наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски-Сидо“ за најдобро актерско остварување. Тричленото жири, пак, во состав Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски, ќе ја додели наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела

По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична...

Македонија7 часа

Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ. „Новиот Централен одбор...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат...

Македонија9 часа

На 53-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Крива Паланка, Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. Тој имаше 53 години и беше градоначалник од 2017 до 2021...

Македонија11 часа

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те...

Регион14 часа

Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска

Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени...

Свет17 часа

Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина

Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за...

Топ1 ден

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ1 ден

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија1 ден

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија1 ден

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија2 дена

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет2 дена

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет2 дена

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет2 дена

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет2 дена

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија2 дена

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија2 дена

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...