Македонија
Нови престрелки во Куманово, можни нови настрадани меѓу полицајците

Во Куманово во неделата наутро продолжија спорадични престрелки со делови од поголемата терористичка група чии триесетина припадници во саботата доцна вечерта по 16 часа борба се предадоа, а има информации и за уште една жртва меѓу македонските полицајци.
Извори од Министерството за внатрешни работи во неделата наутро потврдија дека полициската акција во кумановската Дива населба сé уште се водат престрелки. Локалното население вели дека покрај постојаното надлетување на хеликоптерите, забележани се и беспилотни летала.
Според некои медиуми во утринските престрелки загинал уште еден македонски полицаец, но оваа информација официјално не е потврдена.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на прес-конференцијата потврди дека во саботната операција во справувањето со „терористичката група во најголем составена од лица влезени од друга држава“, „добро вооружена и обучена“ за ваков вид терористичка активност чијашто цел биле државни институции, загинале пет полицајци а 30-ина се ранети.
Јанкулоска не можеше да го прецизира бројот загинати меѓу напаѓачите, како и да ги потврди медиумските извештаи за цивилни жртви.
Според полициски извори, припадниците на групата којашто дејствуваше во Куманово, влегле во текот на изминатата седмица, имала логистика во земјата. Според првичните сознанија станува збор за лица познати по криминални активности, учесници во конфликтите на Косово од 1999 и Македонија од 2001 година, но можеби и на други боишта низ светот. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.