Македонија
Груевски: Мора да биде контролиран влезот на мигранти за да имаат хуман третман
Привремените регулациски мерки на Владата кон мигрантите се во насока на обезбедување поефикасен транзит низ државата, изјавипремиерот Никола Груевски со врска со владината одлука за прогласување кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти.
„Ние имавме една дискусија по прашањето за мигрантите кое е прашање за Европа, не само за Република Македонија. Македонија е транзитен коридор и исклучително важно е како ние ќе се справиме со овој предизвик. Кога го донесовме законот со којшто на мигрантите им дадовме одредени можности, тогаш имаше дневно 500 до 600 мигранти, а по оваа бројка порасна на 800900, па на илјада, па на 2.000 просечно дневно и сега веќее над 2.500, а се очекува во наредниот период да расте и на три, на четири илјади итн“, рече Груевски.Според него, нивното поминување и транзитирање низ Македонија создава проблеми за самите нив, безбедносни и други проблеми од хуман карактер, рече Груевски.„Оценивме дека е потребно Владата да преземе одредени привремени регулациони инструменти со кои прво ќе им излезе во пресрет на мигрантите за тие да имаат хуман транспорт низ Република Македонија, што значи мора да биде повеќе контролиран нивниот влез и бројот на луѓе кои влегуваат за да може да им се пружи потребната помош кога ќе влезат во Република Македонија. Во таков голем број државата нема капацитет да им пружи помош“, рече Груевски.Посочи на примерот дека еден воз којшто ќе се испрати собира 350 луѓе, а влегуваат 650 мигранти и тоа, како што рече, е непријатно и за самите нив, така што мора да се направи поконкретна регулација.„Оттука, донесовме одлука да се вклучи војската само во тој дел, значи се прогласи т.н. кризна состојба само во пограничниот дел каде што поминуваат мигрантите и каде што војската треба да и помогне на полицијата во делот на регулирањето на влезот, да нема неконтролирано влегување. Пред се, заради езбедноста и хуманиот пристап кон самите мигранти, но и безбедноста и проблемите што се создаваат кај локалното население и трето, капацитетите на државата да ги прифати и да им помогне на тие луѓе кои ги снашла голема несреќа во животот да мораат на ваков начин да се снаоѓаат“, истакна премиерот Груевски.Владата прогласи кризна состојба на јужната и северната граница и ги затвори границите за влез на мигранти./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

