Забава
Егзотична танчерка смени закон во Јужна Африка
Егзотична танчерка од Молдавија, која беше уапсена во Јужна Африка поради невраќање на долгови, придонесе кон менувањето на законот за долгови на земјата, пренесува Асошиејтед прес
Егзотична танчерка од Молдавија, која беше уапсена во Јужна Африка поради невраќање на долгови, придонесе кон менувањето на законот за долгови на земјата, пренесува Асошиејтед пресСпоред досегашниот закон, што бил донесен во 1944 година, доверителот имал право да го држи должникот затворен, додека не му бидат вратени долговите. Така и Татјана Малачи, која во Јужна Африка била донесена во 2008 година од компанијата „Дом на имотот на Распутин“, сопственик на студио за танцување во Кејп Таун, била држена од сопствениците поради наводни долгови. Тие тврдат дека Татјана им должела за трошоци за сместување, визи и други патни трошоци и го задржале нејзиниот пасош како обезбедување дека ќе плати. Кога во јули 2009 година дознале дека побарала помош од руски дипломати и дека има намера да ја напушти земјата, ја пријавиле во полиција и Татјана била уапсена. По две недели минати во затвор, Татјана била вратена во Молдавија.Но, процесот против неа доведе до тоа оваа недела Уставниот суд на Јужна Африка да донесе одлука со која се утврдува дека деловите од спорниот закон за долгови кои се однесуваат на затворањето се неуставни. Уставниот судија Могоенг ва Могоенг наредил сите кои се во затвор поради неплатени долгови веднаш да бидат ослободени. Судијата истакнал дека, иако Малачи извојувала голема победа на суд, ништо не може да надомести за понижувачките ефекти на затворањето. /карј/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три хороскопски знаци ќе пливаат во пари во мај
Maj носи исклучителни финансиски можности за три хороскопски знаци. Благодарение на поволните планетарни соѕвездија, тие особено ќе ги почувствуваат придобивките од зголемувањето на нивните банкарски сметки. Еве кои се среќниците во месецот и што се крие зад нивната финансиска среќа.
Бик
Биковите ќе доживеат значителен финансиски успех во мај 2024 година благодарение на нивната упорност и практичен пристап. Со влегувањето на Венера, планетата на љубовта и парите во нивниот знак, Бикот може да очекува зголемување на приходите преку покачувања, бонуси или профитабилни инвестиции.
Овој земјен знак е познат по својата способност да работи напорно и трпеливо да чека резултати, кои сега конечно ќе се исплатат. Биковите треба да го искористат овој месец за долгорочни финансиски планови и инвестиции кои ќе обезбедат нивна стабилност.
Девица
Девиците ќе видат значително подобрување на нивната финансиска состојба во мај 2024 година, благодарение на Меркур, нивниот владетел и планета на трговијата, кој ќе влезе во поволен аспект со Јупитер, планетата на среќата и просперитетот. Оваа планетарна усогласеност поттикнува успех во преговорите, договорите и деловните потфати, особено оние кои вклучуваат детална анализа и прецизност.
Девиците треба да ги користат своите аналитички вештини за да ги идентификуваат најдобрите можности за заработка и паметно да ги инвестираат своите ресурси.
Стрелец
За Стрелците, мај 2024 година носи извонредни финансиски можности благодарение на Јупитер, нивната владејачка планета, која ќе се најде во хармоничен аспект со Плутон, кој поттикнува трансформација и обновување. Ова е идеално време за Стрелците да преземат ризици или да започнат нов деловен потфат кој може да биде исклучително профитабилен.
Нивната природна наклонетост кон оптимизам и авантуризам ќе ги доведе до можности што може да резултираат со значителна финансиска добивка.
Забава
Како изгледа денес Роуз од „Два и пол мажи“ која го демнеше Чарли
Хит серијата „Два и пол мажи“ се емитуваше од 2003 до 2015 година, а во главните улоги беа Чарли Шин, Џон Крајер и Ангус Т. Џонс.
Улогата на композиторот и женкар Чарли ја толкуваше Чарли Шин, се до кавгата со продуцентите кога беше заменет со Ештон Качер, а многумина се сеќаваат и на Роуз која со сите сили се трудеше да го освои неговото срце.
Улогата на Роуз ја толкуваше актерката Мелани Лински, која се прослави по оваа улога. Актерката минатата година постигна голем успех во кариерата со улогата во серијата “Yellowjackets”, но и покрај тоа се бореше со „стандардите за убавина“.
Таа изјави за „Њујорк Тајмс“ дека нејзината кариера првично се засновала на сценарија за „дебела пријателка“ или „смешна дебела жена“.
„Луѓето кои ја оценуваат мојата тежина и здравје се приказна за мојот живот уште од премиерата на “Yellowjackets”, напиша таа на мрежата „Х“ и додаде дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.
Нејзиниот сопруг ја поддржал, пишувајќи на мрежата „Икс“: „Ако некој има несакани коментари за нечиј изглед, слободно нека ги напише со трајно мастило на челото и нека излезе директно на сонце“.
Забава
Луѓето родени во овие два хороскопски знаци не сакаат да готват
Готвењето е уметност – барем за некои луѓе. Меѓутоа, други секогаш ја избегнуваат кујната и често може да ги фатите како нарачуваат храна од ресторани. Тие луѓе можеби се родени во овие хороскопски знаци.
Водолија
Водолиите се современи визионери, а нивната имагинација често ги надминува секојдневните задачи како што е готвењето. Наместо да поминуваат време на сечкање зеленчук, тие веројатно се зафатени со создавање револуционерни идеи кои ќе го променат светот. Кујната е едноставно преполна и премногу рестриктивна за нив; тие попрво би откриле нови светови отколку да мешаат сосови.
Стрелец
За Стрелците светот е нивна авантура, а кујната е како темнина која едноставно не сакаат да ја истражуваат. Тие се премногу зафатени со мечтаење за нивната следна дестинација или планирање авантури, па кујната често ја нема на нивната мапа. Стрелците ја сакаат слободата и слободата на движење, а готвењето често ги спречува да истражат се што може да понуди светот.